Баша: Албанците не заслужуваат премиер поврзан со организираниот криминал
Лидерот на албанските опозициски демократи Љуљзим Баша, реагирајќи на последниот извештај на американската разузнавачка агенција ЦИА во кој се наведува дека Албанија останува клучна земја за перење пари, трговија со оружје, наркотици и мигранти, изјави дека „Албанците не заслужуваат премиер поврзан со организираниот криминал“.
Реакцијата на Баша е преку видео снимка на социјалните мрежи во која тој посочува дека Албанија...
Опра Винфри со пријателите летува во Дубровник
Една од најпопуларните телевизиски водителки, Опра Винфри, со неколку пријатели се одмора на луксузна јахта во Дубровник.
Таа во Хрватска допатува со нејзината најдобра пријателка Гејл Кинг, дизајнерката Дајана фон Фурстенберг и почесниот претседател на модната куќа „Валентино“, Опра Винфри и Џанкарло Џамети.
Токму Џамети откри каде се наоѓаат со тоа што на Инстаграм објави фотографија од крстарењето.
- Во Дубровник со прекрасна жена,...
Комесарот за човекови парава на ОН: Трамп има голема одговорност
Американскиот претседател Доналд Трамп сноси голема одговорност за тоа како се претставуваат медиумите и неговите ставови би можеле да ги повредат новинарите и во другите држави, изјави денеска високиот комесар на Обединети нации за човекови права Зеид Рад ал-Хусеин.
- Претседателот би требало да знае дека на своите раменици носи голема одговорност за начинот на кој ги претставува медиумите. Имајќи...
Италија прими брод со 177 мигранти, бара да бидат преземени од други членки на ЕУ
Италијанските власти денеска му дозволија на бродот на крајбрежната стража Дичиоти, на кој се наоѓаат 177 мигранти, да се вкотви во Сицилија. Мигрантите, кои беа примени на бродот во малтешки територијални води, четири дена беа во неизвесност околу тоа дали ќе можат да се истоварат во Италија.
Италија инсистираше овие мигранти да бидат распоредени низ повеќе држави - членки на...
ОЈО-Гостивар трага по напаѓачот што повреди едно лице во Долна Бањица
Основното јавно обвинителство – Гостивар трага по напаѓачот што денеска повреди едно лице во својот дом во гостиварското село Долна Бањица.
Од ОЈО соопштија дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото, каде било рането лице и издадени се наредби за собирање траги од местото на настанот, за скицирање и фотографирање на местото и наредба за трагање по осомничениот.
Според првичните информации осомничениот кој...
Авион удри во автомобили во Феникс, еден загинат
Мал патнички авион денеска се урна во Феникс, во американската сојузна држава Аризона, при што удри во два автомобили.
Еден човек што бил во авионот загинал во несреќата, а уште еден 40-годишен маж бил повреден. Нема повредени во автомобилите кои биле удрени од леталото, јавуваат локалните медиуми.
Несреќата се случила во близината на аеродромот Дир Вели, во северните предградија на Феникс.
Косовското МНР: Белград продолжува со лажни вести
Министерството за надворешни работи на Косово соопшти попладнево дека со Гана има мошне добри односи, кои бележат само напредок од самиот почеток на признавањето на косовската независност, јави дописникот на МИА од Приштина.
Соопштението доаѓа по посетата на министерката за надворешни работи на Гана на Белград, каде наводно се разговарало за можноста оваа земја да го повлече признавањето на Косово.
Министерството...
Турција се жали на американските царини пред СТО
Турција поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО) откако САД воведоа двојно повисоки царини за увозот на турски челик и алуминиум.
САД воведоа царини од 25 проценти за увозот на челик и 10 проценти за алуминиум за повеќето држави во светот, но по спорот околу апсењето на американскиот свештеник Ендрју Брансон во Турција, ги удвоија давачките за турските компании на...
Уапсен напаѓачот на Амбасадата на САД во Анкара
Турските безбедносни сили денеска приведоа маж под сомнение дека пукал врз Амбасадата на САД во Анкара. Засега не се познати детали за приведеното лице.
Шест истрели утрово беа испукани врз Амбасадата на САД од возило во движење. Три куршуми ја погодиле капијата и прозор од Амбасадата. Во инцидентот никој не е повреден.
Полицијата ги засили безбедносните мерки за амбасадите во Анкара...
Сообраќајот во прекин на патот Македонски Брод-Самоков
Поради свлечиште на патниот правец Македонски Брод - село Самоков, кај автобуската постојка за село Девич, сообраќајот е во прекин, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта, посочуваат од АМСМ, се одвива по суви коловози.







































