Гореше градската депонија на Велес, бел канцероген чад се ширеше кон градот
Градската депонија на Велес денеска цел ден гореше, а бел опасен чад се ширеше кон градот. Пожарот со вода го гаснеа екипи на Противпожарната единица и ЈКП „Дервен“ кое стопанисува со депонијата кои со булдужери затрупуваа со земја.
Како што информираат од ЈКП „Дервен“ пожарот попладнево е веќе локализиран, но самото гаснење е отежнато поради составот на запалената маса.
Според соопштението...
Привремен сообраќаен режим на булевар „Македонија“
Привремен сообраќаен режим на булеварот „Македонија“ (зад Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“) ќе биде воведен од 22 август поради изведување градежни активности за изградба на подземна сообраќајница од страна на компанијата „Лимак“, информираат од Град Скопје.
Поради градежни работи ќе се извршат и промени во трасите на автобусите на јавниот превоз кои се движат по оваа сообраќајница.
Трасата на...
Иванов: Школата за млади лидери стана препознатлив бренд
Четириесет млади од Македонија, Кина, Азербејџан, Швајцарија, Канада, Шпанија учествуваат на годинашната Школа на млади лидери во Струга, која според претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во изминатите девет години стана препознатлив бренд. На младите им порача да гледаат далеку, бистро и фокусирано.
- Во овие девет години станавме препознатлив бренд. Сите овие години создаваме иднина за младите, но и...
Федерер: Надал и Ѓоковиќ се фаворити на Ју-Ес опен
Швајцарскиот тенисер Роже Федерер смета дека не е меѓу фаворитите за трофејот од Ју-Ес опен, а како најсериозни претенденти за освојување на последниот Гренд слем во сезоната ги посочи Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
- Ќе биде интересно на Ју-Ес опен, но не се гледам себеси како фаворит. Во овој момент фаворити се Надал и Ѓоковиќ. Ќе работам напорно и...
Поради пожар евакуирано село на полуостровот Пелопонез
Село во западниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез беше евакуирано откако во близина избувна шумски пожар, кој почна да се приближува до семејните куќи, објави „Катимерини“.
Деведесет пожарникари, со 30 противпожарни возила се борат со пожарот во Дафниотиса, во близина на градот Амалијада, потпомогнати од три противпожарни авиони и еден хеликоптер.
Косовската полиција ги брани убијците на жени
Невладината Мрежа на жените на Косово по вчерашното, последно во низа, убиство на жена во Ѓаковица, ја обвини косовската полиција дека ги брани убијците на жени, јави дописникот на МИА од Приштина.
Повод за оваа реакција на Мрежата беше полициското соопштение, во кое се наведува дека сега покојната 61-годишна жена, мајка на осум деца, доцна синоќа се самуобила во несреќен...
Слушнати 122 „бомби“ на денешното рочиште за „Титаник“, продолжува на 12 септември
Преслушани 122 „бомби“ на денешното рочиште за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети повеќе поранешни функционери за изборите во 2013 година. Судењето продолжува на 12 септември.
За предметот „Титаник“ досега преслушани се вкупно 243 „бомби“, додека за случајот СЈО има предложено 1.063 „бомби“, 191 сведок и 5.910 материјални докази.
На денешните „бомби“ се слушаше како поранешниот министер...
Манчевски: Во јавниот сектор има 2.543 нови вработувања
Во јавниот сектор според последните бројки обезбедени од институциите има 2.543 нови вработувања, соопшти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека се вработени нови 6.000 лица.
Тој појасни дека 2.359 лица се вработени на определено време, додека 184 на неопределено и додаде дека истовремено јавниот сектор го напуштиле 12.000 лица по разни...
Дачиќ: Невозможна е еднострана демаркација на границата
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, коментирајќи ги денешните изјави дека во Приштина се разгледува можноста за демаркација на границата со Србија, изјави дека тоа не може да се стори еднострано и дека за демаркација е неопходен договор на двете страни.
- Каква демаркација, добро знаете дека постои административна линија кој речиси 20 години ја користи КФОР. Нема дилема дека...
Годинава се очекуваат повисоки цени и откуп на целото грозје
Повисоки цени и откуп на целото грозје се очекува годинава поради зголемената глобална побарувачка, но и поради тоа што винарските визби немаат залихи, беше речено на денешниот состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
На редовниот состанок што го одржа министерот Љупчо Николовски со винарските визби и лозарите, беа презентирани откупните цени и моменталната состојба со бербата на дел...







































