Сугарески: Автопатот Миладиновци-Штип готов до крај на септември или почеток на октомрви
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува до крај на септември или почеток на октомври да биде завршен автопатот Миладиновци-Штип, со евентуално мало пролонгирање за помали работи, а до крајот на месецов во Собранието да биде доставен и законот за анекс договорот за автопатот Кичево-Охрид.
- Очекувам градежните активности согласно рокот за изградба на автопатот Миладиновци Штип да бидат...
ЦИА: Албанија клучна земја за перење пари, трговија со оружје, наркотици и имигранти
Американската разузнавачка агенција ЦИА, во последниот објавен извештај за Балканот, го опишува како „експлозив подготвен да експлодира“.
Фокусирајќи се на сите земји, ЦИА во својот извештај наведува дека Албанија останува клучна земја за перење пари, трговија со оружје, наркотици и имигранти.
- Според американската Агенција за разузнавање, нашата земја и понатаму има проблеми со перење пари, како и канали за шверц...
И здруженијата и партиите од „Бојкотирам“ бараат пари од Владата за кампања за референдумот
Здруженијата кои се противат на референдумот денеска побараа пари од државата за кампањата „Македонија бојкотира“. Но, и доколку Владата не обезбеди средства за овие 28 здруженија, тие ќе одвојат свои пари за пропаганда против референдумот.
- Решени сме да бојкотираме, ако Владата не даде средства ние ќе се снајдеме, но, секако очекуваме да се следи примерот на развиените демократии каде...
Флекенштајн и Фајон го осудуваат негирањето на геноцидот во Сребреница
Европратениците од редовите на Социјалдемократската група во Европскиот Парламент, Тања Фајон и Кнут Флекенштајн, преку писмени соопштенија ги осудија изјавите на претседателот на Република Српска Милорад Додик со кои го негира геноцидот во Сребреница.
Пратеничката Фајон порача дека геноцидот во Сребреница е етаблиран факт од страна на Меѓународниот Суд за правда и дека за тоа не може да има негирања...
Дерковски: Сум зборел на телефон со многу луѓе, од мене барале нешто, но сум постапувал по закон
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски, чие име денеска се слушна во судницата во Кривичниот суд во еден од разговорите што беа презентирани поврзани со предметот „Титаник“, изјави дека секогаш работел во согласност со позитивните законски прописи и дека не знае точно за кој и за каков разговор станува збор бидејќи се уште ги нема материјалите.
- Да, слушнав и јас...
ОЈО Тетово гони три лица за изнуда и противправно лишување од слобода
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово нареди да се спроведе истражна постапка против две лица за сторено кривично дело „изнуда“, а судија на претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ), вечерта на 16 август годинава во период од 21:23 до 00:01 часот по...
Два денара поддршка за стабилизирање на откупот на сливи
По два денара поддршка за килограм сливи ќе добијат регистрираните откупувачи и трговци со цел стабилизирање на откупот на сливи, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
МЗШВ воедно потсетува дека производителите, согласно годинашната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, ќе добијат три денари субвенција.
- Финансиската поддршка за откупувачите ќе важи за индустриски сливи откупени до 15 септември...
ДИК ги формира избирачките одбори за гласање на иселениците
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница избира членови за избирачките одбори во дипломатските конзуларни претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство. Во одлуката се наведува дека членовите на избирачките одбори во ДКП-та ќе бидат со мандат само за гласањето на референдумот што надвор од Македонија ќе се спроведе на 29 септември.
Избирачките одбори во ДКП-та ќе имаат...
ЕК: Вакцинацијата е акт на солидарност
Европската Комисија порача дека е „многу загрижена“ што три од седумте земји со највисока стапка на мали сипаници се земји членки на ЕУ.
-Ниската имунизација во една земја ги става во опасност безбедноста и здравјето на граѓаните во цела Европа. Вакцинацијата е акт на солидарност, изјави Анка Падурару, портпаролка на ЕК.
Изјавата се однесува на Италија, Франција и Грција, јави дописникочката...
Папата бара казни за сексуалните злостатувачи на деца во црквата
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско го осуди сексуалното злоставување деца од страна на свештеници, како и прикривањето на овој криминал и побара одговорните да бидат казнети.
Папата Франциско побара прошка за болката на жртвите и оцени дека католиците треба да бидат вклучени во напорите за искоренување на сексуалното злоставување во Црквата..
Папата ја осуди свештеничката култура свртена кон себе, што...







































