Мајкрософт откри нови обиди за кибер-напади од Руси

Компанијата Мајкрософт соопшти денеска дека открила нови обиди за руски кибер-напади врз американски политички организации пред изборите за американскиот Конгрес во ноември. Според софтверскиот гигант, група хакери поврзани со руската влада се обиделе да извршат кибер-напади врз Институтот Хадсон и Меѓународниот републикански институт. Нападите, сепак, не успеале. И двете американски организации за аналитика соопштија дека тие станале цели за кибер-напади поради...

Рафални истрели врз американската амбасада во Анкара

Инцидентот се случува во период на значајно влошување на односите помеѓу сојузниците од НАТО, Вашингтон и Анкара, поради притворањето на американскиот свештеник Ендру Бренсон во Турција, обвинет за вмешаност во обидот за државен удар во 2016 година. Како одговор на тоа, Вашингтон воведе санкции врз турските министри за правда и внатрешни работи, а американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми...

Попладнево краток пороен дожд во северозападниот дел на земјата

Температура до 37 степени и локална појава на краткотраен пороен дожд се очекува поладнево во западните и северните делови во државава. Синоптичарите за следните денови прогнозираат дека ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а во сабота услови за нестабилност ќе има на...

Реконструирани паркингот и пешачките патеки кај ООУ „11 Октомври“

Целосно се реконструирани патеките и паркингот во општинското основно училиште „11 Октомври“ во општината Центар. Во вкупна површина од 600 квадратни метри, надлежните од оваа локална самоуправа информираа дека градежните работи се одвиваат забрзано поради почетокот на новата учебна година и тие ќе им овозможат на учениците да се движат безбедно и сигурно, а на родителите и вработените да...

Македонските граѓани на мобилен месечно зборуваат над три часа

Претплатниците во мобилната телефонија во Македонија месечно во просек зборуваат 197,83 минути, а иницираат по 104 повици, покажуваат последните податоци на Агенцијата за електронски комуникации. Најголем дел од повиците се остварува во сопствена мобилна мрежа и изнесува 143,61 минути (72,59 проценти). Сообраќајот кон други мобилни мрежи во државава е значително помал и изнесува 49,03 минути (24,79 проценти). Во сопствена фиксна...

Градежен шут и отпад на брегот на Треска

Градежен шут, стари ќерамиди и големи бетонски блокови се само дел од отпадот што граѓаните го исфрлаат на брегот на реката Треска, во близината на местото каде што таа се влева во Вардар. Ова е проблем што опстојува веќе со години, а граѓаните што редовно се рекреираат од другата страна на Треска, во паркот во Сарај, потврдуваат дека исфрлањето отпад...

Скопјани останаа без возачки дозволи

Откога на АМСМ пред извесно време му истече лиценцата за спроведување на возачките испити, а надлежните одолжуваат со доделување нова, упатените прогнозираат дека нема да има разврска дури до почетокот на септември, што е сериозен проблем за град со над 700 илјади жители Испитниот центар на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во Скопје од 13 август воопшто не спроведува теоретски...

Државниот врв со честитки за Курбан Бајрам

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев испрати писмо со честитки по повод празникот Курбан Бајрам до сите верници со исламска вероисповед во Република Македонија. Во писмото упатено преку претседателот на Исламската верска заедница, господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, и до членовите на Ријасетот на ИВЗ, премиерот Заев, соопшти владината служба за информирање, на сите припадници...

Предреферендумската пропаганда се обликува како предизборна

Според голем дел од анкетираните, интензитетот и содржините на ветувањата во врска со претстојниот референдум стануваат токму како предизборните, а се обликувани како чиста партиско-политичка кампања за агитација и маркетинг-пропаганда. Политичките аналитичари во врска со ова сметаат дека граѓаните веќе препознаваат оти драстично е истенчена линијата меѓу двата различни облици на јавен настап за кампањи, (предизборни и предреферендумски), кои...