АХВ дошла до список од 30 производители на генетички модифициран ориз

По добиен список од 30 можни производители на генетички модифициран ориз, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера ги продолжи контролите на терен. Како што соопшти директорот на АХВ, Зоран Атанасов, позната е и сортата ориз добиена од генетички модифицираното семе. Со контролите ќе се утврди кои се тие производители, по што ќе бидат преземени и мерки соодветно на законот. - Имаме...

Четиринаесетгодишник запалил банкомат во Тетово

Четиринаесетгодишник од тетовското село Отушиште е осомничен дека во два наврата запалил банкомат во Тетово. Против малолетникот СВР Тетово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „предизвикување општа опасност“. Според пријавата, четиринаесетгодишникот на 12 и на 27 јуни годинава во Тетово со употреба на запалка предизвикал пожар на банкомат, кој бил поставен од надворешната страна...

Автомобил прегазил 4-годишно девојче

Сообраќајна несреќа во која дете се здобило со тешки повреди се случила вчера околи 22.15 часот на улицата „Благоја Паровиќ“ во Скопје. Од МВР информираат дека  патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (41) од Скопје, удрило во четиригодишно девојче од Скопје. -Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Ургентен...

Силувал жена заканувајќи се дека ќе објави компромитирачки фотографии

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.Л. (46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. -Во периодот од ноември 2017 до 9 јули годинава година во неговиот дом во Кочани пријавениот, со закана дека ќе објави слики со компромитирачка содржина, во неколку наврати извршил обљуба врз женско лице од Кочани, информираат...

Неисправна вода за пиење во повеќе населени места во Прилепско

Водата во населените места Волково, Прилепец, Чумово, Мало Рувци, Старо Лагово, од локалниот водовод на селата Алинци, Веселчани, Загорани, Ѓумушица, Тројкрсти, Чепигово, село Ерековци и Кнатларци, не е здравствено исправна за пиење информираа од Центарот за јавно здравје – Прилеп. Водата од овие чешми, потенцираат од Центарот за јавно здравје, не смее да се користи за пиење, без да се...

Просечната плата во јуни 24.203 денари, забележала раст од 6,1 отсто

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јуни 2018, изнесува 24.203 денари и бележи раст во однос на јуни лани од 6,1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен  за 20,4 отсто, информации и комуникации за 16,7...

Обвинетите за априлските насилства во Собранието утре пред суд

Во Кривичниот суд во Скопје утре почнува нова постапка за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година. Предметот ќе го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска. Јавното обвинителство на Република Македонија, во март годинава објави дека е поднесен обвинителен акт против 30 лица, од кои 28 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од...

Настава во само една смена во тетовските училишта

Новата учебна година на подрачјето на општината Тетово ќе почне со три целосно реконструирани училишта и со интензивирање на напорите сите училишни објекти да работат само во една смена, информираат од тетовската локална самоуправа. Ахмед Ќазими, раководител на Секторот за јавни дејности, вели дека во текот на летниот распуст се изведувале повеќе градежни потфати во училишните објекти. - Новата учебна година...

Опадна побарувачката за добиток за Курбан-бајрам

Сопствениците на стада овци што нудат дел од својот добиток за овој празник, велат дека оваа година интересот за купување е нешто помал Деновиве живоста на кичевскиот добиточен пазар беше незначително зголемена, а причина е денешниот верски празник Курбан-бајрам, кога традицијата наложува да се заколе жив добиток, овца или овен, и во поредок случај оние поимашливите да заколат покрупен добиток,...

НАТО ги достави условите за прием на Македонија

Реформите во судството, спроведување на внатрешните процедури во однос на договорот за решавање на прашањето за името, обезбедување поголема отчетност и соодветен надзор над разузнавачките и безбедносните служби, проверка на внатрешните процедури за испраќање на вооружени сили во странство... се дел од упатствата што Владата на Република Македонија ги прими од НАТО, а кои треба да се исполнат во...