УЕФА може да го присили ПСЖ да ги продаде Нејмар или Мбапе
УЕФА може да го натера Пари Сен Жермен да ги продаде Нејмар или Килијан Мбапе, јави шпанското радио „Онда Черо“.
Францускиот шампион е под истрага за прекршување на правилата за финансиски ферплеј и меѓу варијантите е Европската фудбалска централа да го натера клубот да се раздели со еден од двајцата најскапи играчи.
Ако парижаните не прифатат, им се заканува многу сериозна...
Трамп: Ако бидам сменет, пазарите би доживеале крах
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека пазарите ќе доживеат крах, ако тој биде отстранет од функцијата.
- Не знам како можете да смените некој кој добро работи. Дури и ако би бил сменет ќе се урнат пазарите. Сметам дека потоа сите ќе бидат многу сиромашни, изјави Трамп во интервју за Фокс њуз.
Тој ги спомна и своите економски достигнувања и...
Поповски-Тимоние: Македонија оди во правилна насока и ја има поддршката на Франција во интеграциите
Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски денеска оствари средба со францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние, на која станало збор и за деталите на одлуката на Владата за обезбедување 80 милиони денари од тековната буџетска резерва за спроведување кампања за референдум, врз основа на одобрен план, на Собранието на Република Македонија.
Како што соопшти владината прес-служба, двајцата соговорници се...
Џафери побара пратениците да се изјаснат дали ќе учествуваат во кампањата за референдумот
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска достави известување до пратеничките групи во кое бара во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието, како и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање.
Известувањето е упатено до координаторите на пратеничките групи на СДСМ,...
Два тона кокаин запленети во Белгија
Белгиската полиција денеска соопшти дека во пристаништето Гент заплени два тона кокаин.
Дрогата е откриена во вторникот на брод кој пристигнал од Бразил. Тоа е рекордно количество откриен кокаин во Гент.
Според властите на Европска унија во 2016 година запленти се 71 тон наркотици на територијата на Унијата, од кои во Белгија конфискувани се 30 тони.
Долг период наркотиците во Европа...
Необичен феномен забележан на работ на Сончевиот систем
Со помош на вселенскиот брод „Нови хоризонти", НАСА забележа мистериозна појава на крајот на Сончевиот систем, каде што сончевите честици допираат до границата на самиот систем, објави „Сајенс Њуз“.
На растојание 100 пати поголемо од она меѓу Земјата и Сонцето, незаситените водородни атоми во Вселената, реагираат во допир со сончевите честички кои служат да го чуваат Сонцето „во балон“, наречен...
Почина Екрем Хусеин – доајенот на македонскиот балет
Екрем Хусеин доајенот на македонскиот балет по долго боледување почина денеска на 75-годишна возраст.
Ќе остане запаметен по бројни услоги во балетските претстави во неговата над 50-годишна кариера.
Во 2008 година ја доби наградата „Менада“ на „Танц Фест“ - Скопје за врвни достигнувања во танцот.
Погребот на Хусеин ќе се одржи денеска на турските гробишта во Бутел. Поради колективниот годишен одмор комеморација...
Османи-Пломп: Како Влада остануваме посветени на ефикасно спроведување на реформите
Прашања поврзани со активностите на Владата во насока на подготовка за почеток на пристапните преговори, биле тема на денешната заедничка средба на вицепремиерот за европски прашања и главен политички преговарач Бујар Османи и заменик на главниот политички преговарач, Бојан Маричиќ, во Секретаријатот за европски прашања со Амбасадорот на Кралството Холандија Вилем Ваутер Пломп.
Како што соопшти СЕП, на состанокот вицепремиерот...
Со новите измени на законот за стечајци уште 1.600 лица ќе можат да добијат надомест
Нови измени на т.н. закон за стечајци разгледуваше денеска собраниската Комисија за труд и социјална политика, кои треба да овозможат правото на надомест да го остварат уште околу 1.600 стечајни работници.
Како што појасни Државниот секретар во МТСП, Јована Тренчевска, измените и дополнувањата на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата...
Филмот „Ругање со Христос“ со светска премиера на фестивал во Монтреал
Македонскиот игран филм „Ругање со Христос“, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и работен во соработка со продукции од Грција, Албанија и Словенија, светска премиера ќе има на Филмскиот фестивал во Монтреал кој се одржува од 23 август до 3 септември годинава.
Филмот е селектиран во официјалната „World Selection“ и ќе биде прикажан на 30 август во 21:30...






































