Тевдовски: Капиталните инвестиции се ниски поради наталожените проблеми од минатата власт

Капиталните инвестиции се ниски, но сите останати макроекономски фундаменти се со одлични движења, истакна вечерва министерот за финансии Драган Тевдосвски во интервју за телевизија Канал 5 коментирајќи го проектираниот раст на Бруто домашниот производ за 2018 година од 3,2 проценти. - Индустриското производство расте со пет проценти, имаме многу силен раст на извозот од 13 отсто, трговијата е 10 проценти...

Полицијата ја објави видеоснимката, Ханикат пукал во полицијата (видео)

Полицијата во Лос Анџелес објави видео од инцидентот во кој беше убиен поранешниот кошаркар на Химки - Тајлер Ханикат. На почетокот на јули, Ханикат беше убиен во размена на оган со полицијата, а во деновите по настанот деталите останаа нејасни. Мајката на кошаркарот повикала полиција со намера да му помогне на нејзиниот син, кој се однесувал неконтролирано и дома држел оружје . Видеото...

Бен Афлек повторно на рехабилитација (фото)

Поранешна сопруга на Бен Афлик, Џенифер Гарнер, вчера го одвела познатиот актер во луксузна клиника за лекување зависности. Двојниот добитник на „Оскар“ со години се бори со тешка зависност од алкохол. По „дивата недела“, помината со 22-годишниот Плејбој модел, Шона Секстон, Бен Афлек се согласил да оди на терапија, а периодот на неговиот престој не се прецизира. Проблемите на актерот...

Поделено курбанско месо за 2,3 милиони сиромашни луѓе

Одбележувајќи го муслиманскиот празник Курбан Бајрам, турската Фондација за хуманитарна помош (ИХХ) сподели курбанско месо за околу 2,3 милиони сиромашни луѓе во 103 земји низ целиот свет. Во соопштението на организацијата со седиште во Истанбул, се наведува дека курбанско месо е доставено до луѓето во бегалските кампови, во сиромашните и регионите разорени од војна, како и во областите погодени од...

Вучиќ: Далеку сме од тоа некој да ни го нуди северот на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека официјален Белград е далеку од решение за Косово и дека е далеку од тоа некој на Србија да и го нуди северот на Косово. - Далеку сме од тоа ... Далеку сме од што и да е, изјави Вучиќ пред новинарите во Зрењанин, по потпишувањето на договорот со кинеската компанија Шангдонг Линглонг за изградба...

Најмалку петмина загинати при потонување на брод со мигранти во близина на Тунис

Од морето извлечени се пет тела на мигранти, чиј брод потона додека се обидувале да го поминат Средоземно Море за да стигнат до италијанскиот остров Лампедуза, соопшти Крајбрежната стражана Тунис. Крајбрежната стража се уште трага по пет Тунижани, за кои роднините тврдат дека биле на бродот кој во текот на неделата отплови од Зарзис. Трговците со луѓе се повеќе го користат...

Заев: Во тек се фер, транспарентни и едукативни подготовки за гласањето на референдумот

Поддршка за успешна реализација на референдумот денеска изразија двајцата пратеници од германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ и Мартин Росеман кои остварија средба со премиерот Зоран Заев. Тие, со претставници од фондацијата Фридрих Еберт, придружувани од амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Томас Герберих, на Заев му порачаа дека со успешната реализација на претстојниот рефередум, се отвора европската и атлантската иднина...

Со воведни зборови на одбраната и денеска продолжи рочиштето за „27 април“

Одбраната на обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година, денеска во воведните говори пред судот го негираа обвинението против нивните клиенти, тврдејќи дека обвинетите не сториле никакво кривично дело, а најмалку тероризам, уривање на уставниот поредок или акт на насилство. Бранителот на обвинетиот Душко Лазаров адвоктот Звонко Давидовиќ посочи дека обвинетите се товарат за сторен терористички акт...

ОН: Еквадор и Перу да го олеснат влезот за бегалците од Венецуела

Канцеларијата на Обединети нации за бегалци и мигранти апелира до јужноамериканските држави да го олеснат влезот за луѓето од Венецуела, која се соочува со економска и политичка криза. ОН изразија загриженост поради барањето на Еквадор и на Перу преку граница да можат да поминат само тие лица кои имаат нови пасоши, а ги пофалија земјите кои прифатија над 1,5 милиони...

Опожарена дабова шума кај месноста Брежје во Делчево

Околу 15 декари дабова шума, смрека и висока трева, гореше попладнево во месноста Брежје во близина на Делчево.  Како што информираат од ТППЕ Делчево, пожарот бил пријавен во 13:15 минути по што веднаш било пристапено кон негово гаснење.  - По дојавата од совесни граѓани, во 13:25 екипите од противпожарната еднициа излегоа на терен и за краток временски период го локализираа пожарот....