Обновена суспензијата на Паоло Гереро поради употреба на кокаин
Капитенот на перуанската репрезентација, Паоло Гереро, кој играше на Светското првенство по привремениот прекин на казната од швајцарскиот Врховен суд, повторно доби забрана за настап на фудбалските терени.
Ова се случи откако му беше обновена 14-месечната казна поради допинг.
Обновувањето на санкцијата значи дека Гереро нема да игра за бразилскиот клуб Интернационал.
Швајцарски суд се очекува наскоро да донесе конечна пресуда по...
Претседателот на Ница: Балотели самиот одлучи да остане со нас
Пред неколку дена, Марио Балотели повторно потпиша договор со Ница, а претседателот на клубот, Жан-Пјер Ривиер го пофали играчот за покажаната лојалноста.
- Тој го направи својот избор и покрај тоа што не учествуваме во европски турнири и пониската плата, која му ја понудивме од другите места. Ја покажа желбата да остане и да се посвети на клубот. Сега се...
Младите кошаркари до 14 години со прв триумф на „Словенија Бол“
Македонската кошаркарска репрезентација до 14 години оствари прва победа на турнирот „Словенија Бол“, кој се одржува во Словењ Градец, Словенија. Младите кошаркари славеа победа со 82-55 над своите врсници од Хрватска.
Нашите надежи во првото коло загубија од Словенија, но денеска одиграа многу подобро и доминираа против Хрватите.
Најдобар во нашиот состав беше Марко Трипуноски со 18 поени, а кај Хрватите...
Бушати: Албанија против корекции на граници и размена на територии
Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, на попладневната средба со претставниците на политичките партии на Албанците од Прешевската Долина, ставил до знаење дека Албанија не ја поддржува идејата за промена на границите или размена на територии меѓу Косово и Србија.
Во соопштението од средбата јасно се покажува дека официјална Тирана, ја гледа Долината и во иднина како дел од територијата...
Бритиш ервејз и Ер Франс ги запираат летовите за Иран
Авиокомпаниите Бритиш ервејз и Ер Франс денеска најавија дека следниот месец ќе ги запрат летовите кон Иран, со образложение дека тој лет не е „комерцијално одржлив".
Повторното воведување санкции на САД кон Иран предизвика пад на вредноста на иранската валута, риал, што на граѓаните на Иран им го отежна патувањето во странство, пренесува Би-Би-Си.
Британската компанија повторно воведе летови за Техеран...
„Ксиаоми“ објави добивка од 2,1 милијарда долари со продажба на 32 милиони паметни телефони
Ксиаоми објави профит од 2,1 милијарда долари за својот прв квартал како јавна компанија. Во соопштението за инвеститорите, компанијата соопшти дека приходите во вториот квартал се зголемиле за 68 отсто и изнесувале 45,2 милијарди јуани или 6,6 милијарди долари. Нето добивката изнесува 14,6 милијарди јуани или 2,1 милијарди долари.
Сепак, кварталот заврши со нето загуба од 7,6 милијарди јуани или...
Во Албанија се наоѓаат 4 илјади муџахедини
И покрај фактот што албанските институции го чуваат во тајност број на муџахедини кои се сместени во Албанија, податоците на државниот институт за статистика, ИНСТАТ покажуваат дека 4.000 муџахедини од Иран се пристигнати во земјата.
Во извештајот на ИНСТАТ се наведува дека во рок две години дозвола за престој во Албанија добиле 4.158 лица од Иран. Од вкупниот број 4.000...
Инцидент во Старата скопска чаршија, интервенирала полицијата
Сопственик на објект во изградба спроти хотелот Арка во Старата скопска чаршија го демонтирал скелето кое било поставено на хотелот, пријавила попладнево во полиција вработена во „Арка“.
Како што информираа од МВР за МИА, полицијата веднаш излегла на лица место по добиената пријава и констатирале дека се работи за имотно правен проблем и дека не бил нарушен јавниот ред и...
Американскиот државен секретар назначи специјален пратеник за Северна Кореја
Државниот секретар на САД Мајк Помпео го назначи Стивен Биган, потпретседател на автомобилската компанија Форд, за свој специјален претставник за Северна Кореја. Следната недела, двајцата ќе отпатуваат во Пјонгјанг.
- Стив ќе ја раководи американската политика кон Северна Кореја и ќе ги координира напорите за исполнување на зацртаната од претседателот (Доналд) Трамп цел за конечно и целосно потврдено нуклеарно разоружување...
Телефонски разговор Лавров-Помпео за судбината на затворениците во американски и руски затвори
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во денешниот телефонски разговор со државниот секретар на САД Мајк Помпео оценил дека „деструктивниот" пристап на Вашингтон кон Москва им штети на обете земји, соопшти прес-службата на руското Министерство за надворешни работи.
Лавров повикал да запре „прогонот" против руската државјанка Марија Бутина, која е задржана во САД под сомнение дека дејствувала како руски...






































