Русија ќе се соочи со санкции од САД кон крајот на месецот

Новите еднострани санкции на САД против Русија во врска со случајот Скрипал, ќе влезат во сила околу 27 август, изјави претставник на Стејт департментот. -На 6 август САД укажаа дека владата на Русија користела хемиско или биолошко оружје и со тоа нарушила меѓународно право или користеле врз свои граѓани смртоносно хемиско или биолошко оружје. На 8 август го известивме Конгресот за...

Швеѓаните и Данците повеќе се за „нордиска унија“ отколку за ЕУ

Значителен дел од граѓаните на Шведска и Данска повеќе би сакале да бидат дел од „нордиската унија" отколку во Европската унија, покажа новото истражување. Членките на „нордиска унија" би биле Шведска, Данска, Норвешка, Финска и Исланд.   Истражуваето Сентио за норвешкиот весник Калсекампен опфати околу илјада луѓе од Шведска, Данска и Норвешка. На граѓаните им било поставено прашањето за кој вид на партнерство...

Сообраќајка во Дебар Маало, има повредени (фото)

На крстосница на улиците „Аминта Трети“ и „Орце Николов“ во скопско Дебар Маало утрово се случи сообраќајка несреќа во која има повредени лица.  Се судрија автомобили „Фиат линеа“ и „Цитроен Ц3“. Повредените лица со возило на брза помош се пренесени на некоја од скопските болници. На местото на несреќата е присутно возило и на Противпожарната служба. Сообраќајот привремено е во прекин. Фото:...

Продолжува судењето за „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска со сведочење на загрозен сведок продолжува судењето за предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година. Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, претходното рочиште го прекина поради замореност на загрозениот сведок, по неговото сослушување од страна на СЈО и еден од адвокатите од одбраната. Загрозениот...

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и чекање до 30 минути. На останатите гранични премини премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија.  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува...

Пратениците до понеделник треба да кажат дали ќе водат кампања

Ноќеска на полноќ истече рокот за пријавување за гласање на дијаспосрата за престојниот референдум и за увид во Избирачкиот список. До Државната изборна комисија до вчера напладне биле доставени 2.437 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Најголем број пријави се за гласање во Берн - 256, Љубљана - 213, во Лондон - 127, во Торонто - 136, Виена - 108, Канбера...

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 26 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16,...

Дел од Автокоманда утре без водоснабдување

Поради дефект на булеварот „Александар Македонски б.б“, утре во дел од населбата Автокоманда ќе биде прекинато водоснабдувањето.  Од 9.00 часот па се до завршување на работите, без вода ќе остане хотелот „Континентал“ како и корисниците од околните објекти во негова близина.

Мексико и САД близу до договор за нова НАФТА

Мексико и САД се блиску до склучување прелиминарен договор за новиот Договор за Северноамериканската зона за слободна трговија  (НАФТА), кој потоа треба да го потпише и третиот партнер - Канада, изјави мексиканскиот министер за економија Илдефонсо Гуајардо. Тој денеска изрази надеж дека во „наредните часови или денови“ ќе бидат завршени билатералните разговори со американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер. Двете страни веќе пет...

Ибрахимовиќ одби да игра за Галакси и отиде на концерт на Ед Ширан

Лос Анџелес Галакси минатиот викенд доживеа тежок пораз против Сиетл Саундерс (0:5), но посилно од поразот одекна веста дека на средбата не зема учество легендарниот Златан Ибрахимовиќ.   Не се работи за повреда на поранешниот репрезентативец на Шведска, туку Ибрахимовиќ одби да игра на вештачка трева, на теренот на кој Саундерс ги игра своите домашни натпревари.   - Не може да се игра...