Во Пекинг основано здружението на издавачи „16+1“
Со посебна церемонија, додека истовремено се одржува Меѓународниот саем на книгата во Пекинг, вчера во овој град беше основано здружението на издавачи „16+1“, како составен дел од рамката за соработка меѓу Кина и 16 земји од Централна и од Источна Европа.
На церемонијата присуствуваше Нове Цветановски, основач и управител на друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“, кое е претставник на...
Џенифер Лопез: Алекс е мојата „сродна душа“
Џенифер Лопез е годинашната добитничка на видеонаградата „Мајкл Џексон“ за особен придонес во областа на музичките спотови и филмовите, со кои добитниците се претставуваат пред публиката. Лопез, освен што е пејачка, е и глумица.
Таа единаесетминутниот музички микс-настап по тој повод го заврши со емотивен говор, заблагодарувајќи им се пред сѐ на своите деца, близнаците Ем и Макс од бракот...
Замина незаборавниот Екрем Хусеин
Вчера во родното Скопје по кратко боледување почина Екрем Хусеин, познатиот македонски балетски играч и кореограф, кој беше роден во 1943 година. Балетско училиште заврши во 1961 година во класата на Александар Доброхотов. Хусеин, пред сѐ, беше соло-танчар со многубројни креации во различни стилови меѓу кои најзапаметени остануваат Меркуцио, Петрушка и Петар Пан. Тој живееше за балетот, а тоа...
Дунав со ниско ниво на вода
Нивото на водата на реката Дунав е на критично ниско ниво во Бугарија, а најмал протек е регистриран во германскиот и во унгарскиот дел на реката. Поради намаленото ниво на водата неколку речни бродови се заглавени и не можат да продолжат со патувањето. Во бугарскиот дел два товарни брода се заглавени во регионот на Русе.
Водите од поплавите во Централна...
Границата со Србија предмет на дневна политика
Извори од кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи тврдат дека на наредната средба со српската страна во Брисел, што треба да се одржи во септември, ќе се разговара за барањето на Албанците од Прешевската Долина за обединување со Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Истите извори за весникот „Зери“ изјавија дека Тачи нема намера да се откаже од барањето...
Марија Спасовска ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2018
Марија Спасовска, ученичка во осмо одделение од Основното училиште „Александар Македонски“ од Скопје ќе ја претставува Македонија на 16-то издание на Јуниорскиот Евросонг кој се оддржува на 25 ноември во Минск, Белорусија.
Како што информира Македонската радио телевизија, на 18 август се одржала аудицијата за избор на вокален интерпретатор кој ќе ја претставува Македонија на изборот за песна на Јуниорски Евросонг...
Се бара минимална плата од 250 евра
Работната група составена од претставници на Владата на Црна Гора, синдикатот и работодавците ги води завршните разговори и анализи за зголемување на минималната плата што треба да се применува од први јануари следната година.
Од синдикатот бараат минималната плата во Црна Гора, која е и најмала во регионот, да се зголеми од 193 на 250 евра. Работодавците не се изјаснуваат...
Одбраната на обвинетите во „27 април“ тврди дека предметот е политички мотивиран
Со воведните зборови на останатите адвокати на обвинетите во предметот „27 април“, за крвавите насилства во македонското Собрание од 2017 година, денеска во Кривичниот суд во Скопје се оддржува третото продолжение на овој судски процес, еден од најголемите во поновата македонска истрорија. На обвинителната клупа се седнати 33 лица, пратеници, поранешни функционери, јавни личности, полицајци, од кои 31 одговараат...
Секоја фирма да вработи лице со инвалидност
Сите компании со над 20 вработени ќе бидат обврзани да вработат одреден број луѓе со инвалидитет, во спротивно ќе бидат задолжени да плаќаат месечна компензација во износ од 30 отсто од износот на месечната минималната плата (или 153 лева). Парите ќе се собираат во фонд за вработување на лицата со попреченост, кој ќе се управува од неколку државни институции,...
Силувано девојче од Домот за деца со социјални проблеми
Четиринаесетгодишно девојче од Скопје од Домот за деца со социјални проблеми кое престојувало во одморалиштето „25-ти Мај“, синоќа во Полициската станица во Струга пријавило дека истиот ден околу 16 часот непознато лице извршило други полови дејствија врз неа, информира МВР.
Според пријавата, девојчето било на плажа и потоа заминало кон излезот од Струга. Таму била пресретната од непознато лице со...







































