Роналдо: Одлуката да се напушти Реал беше лесна

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека го оставил зад себе периодот што го поминал во Реал. 33-годишниот се пресели од шпанскиот во италијанскиот клуб ова лето за 117 милиони евра. - Тоа беше лесна одлука. Она што беше во Мадрид беше неверојатно. Добив сė, моето семејство живееше таму, но овој дел од животот е во моето минато. Сега...

Политичките лидери од Прешевската Долина на консултации во Тирана

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Рагми Мустафа и негови колеги од другите политички партии на Албанците од јужниот дел на Србија (Прешевската Долина) денеска престојуваат во Тирана. Тие ќе разговараат со премиерот Еди Рама и со министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати, за актуелната резолуција за прашањето за Косово. Најавено е дека лидерите на политичките партии на Албанците во...

Лекарите и сестрите од септември добиваат пет отсто повисока плата

Од септември годинава платите на здравствените работници ќе бидат зголемени за пет отсто, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој информираше дека основицата за пресметка на платата ќе се зголеми од 12.654 на 13.286 денари. За оваа мерка со која ќе бидат опфатени 19.123 здравствени работници во јавните установи, се обезбедени 469 милиони денари годишно или 39,1 милиони месечно. - Со...

Либерализација на струјата стартува од 1 јануари – останува евтината струја

Нема одложување на либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Од 1 јануари следната година и домаќинствата слободно ќе може да избираат од кого ќе се снабдуваат со електрична енергија. Ќе имаат избор да останат кај универзалниот снабдувач, за што постапката за избор треба да почне во септември, или да изберат кај трговците кои имаат лиценца за тоа, а во...

Книга од Кадер Абдолах на македонски јазик

Издавачката куќа „Антолог“ го најавува објавувањето на романот „Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија, Кадер Абдолах. Станува збор за историски роман што преку религиско-љубовни алузии ни ја доловува Персија од бајките. Преводот на македонски е на Елизабета Божиноска. Книгата е објавена со поддршка на Холандскиот литературен фонд. Кадер Абдолах (1954) е ирански писател што пишува и на холандски...

Микрокосмос

За творештвото на унгарскиот композитор Бела Барток (1881 - 1945) може да се пишува до бескрај. Тој со својот плоден творечки опус обезбедил место меѓу великаните на дваесеттиот век. Но ова е приказна за Барток етномузикологот и педагог. Барток често патувал низ Унгарија и ги запишувал народните песни. Во 1906 година заедно со школскиот другар и истомисленик Золтан Кодај ја...

По еден век се вратија венчавките во црквата „Света Петка“ во селото Осој

По пауза од еден век се случи првата венчавка во возобновениот црковен храм „Света Петка“ во селото Осој, Кичевско. Судбоносното „да“ пред бога го кажаа младоженецот Горан Грозданоски и неговата сакана Елена Ангелеска. Пред голем број роднини и пријатели венчавањето го изврши свештеникот од Кичевскиот храм, Ристо Камбуроски. Младенците беа пресреќни што имаа можност први да се венчаат во овој...

Клаудиja Кардинале на Манаки во Битола

На годинашното издание на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола како специјална гостинка ќе гостува легендарната италијанската и светска актерка, филмската дива Клаудија Кардинале, која е прогласена за лауреат на специјалната награда „Златна камера 300”. Ова високо признание кое и е доделено за особен придонес во светската филмска уметност, беше соопштено денеска на прес-коференцијата во Битола. -Лично се ангажирав...

Семејството Вујисиќ изложува во „Вангел Коџоман“

Во галеријата „Коџоман“ во Струга е отворена изложбата „Мултиплицирани реалности“ на уметниците Мирко, Лидија и Марко Вујисиќ во организација на музејот „Доктор Никола Незлобински“. Изложени се слики и графики, кои ќе можат да се видат до 30 август. Во овој формат тие изложуваат првпат. Лидија Вујисиќ е професорка во државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ во...

„Поезија на пат“ денеска ќе се одржи во Прилеп

Во Центарот за култура вечерва ќе биде претставена и поезијата на Адам Загајевски Под наслов „Поезија на пат“ вечерва, со почеток во 20.30 часот, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи поетска вечер на која своја поезија ќе читаат дел од годинашните учесници на 57-те „Струшки вечери на поезија“ Владимир Левчев од Бугарија, Мартин Глаз Серуп...