Трамп се закани дека САД ќе ја напуштат СТО
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од Светската трговска организација доколку не види подобрување во начинот на работа на СТО.
Во интервју за агенцијата Блумберг, Трамп ја обвини организацијата дека придонесува кон неправичната трговска положба на САД во светот, и „со години има негативен став кон САД“.
Трансформирање на трговските односи на САД е висок приоритет...
Како станав заостанат
Иако потплатените пропагандни перјаници најавуваат апокалиптични сценарија доколку мнозинството не гласа „за“, повеќе од јасно е дека по недела, 30 септември, ќе дојде понеделник, 1 октомври, ќе изгрее истото сонце, или ќе врне некој раноесенски дожд. За наша среќа, што и да се случи, не е тоа денот на библискиот потоп за Македонија, како што сака да се претстави...
Војните во Африка однеле пет милиони детски животи во изминатите 20 години
Војните низ африканскиот континент, како и гладта и болестите што тие ги предизвикуваат, ги однеле животите на пет милиони деца под петгодишна возраст во изминатите 20-ина години, се оценува во репортажа на списанието „Лансет“.
Ова британско медицинско списание ги анализирало податоците од 35 африкански држави во периодот од 1995 до 2015 година, каде биле регистрирани вкупно 15.441 воени судири во...
Ново будење на Европа?
Зборувајќи пред повеќе од 250 француски дипломати и пратеници во Париз, Макрон предупреди дека ЕУ не смее повеќе да зависи од Америка, кога станува збор за гарантирањето на безбедноста
Дали Европа конечно се буди? Оние што будно ја следат европската политика, сигурно често си го поставуваат ова прашање во изминатите денови. Чешкајќи се по главите, експертите и познавачите на состојбите...
Во Кривичен продолжува „Таргет-Тврдина“ на СЈО
Во Кривичниот суд Скопје, денеска ќе продолжи судското рочиште за предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“.
Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.
Судечкиот...
Манчевски, Ременски и Богоевски ќе сведочат за „27 април“
Судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година продолжува денеска со сослушување на сведоци предложени од обвинителството.
Како сведоци повикани се Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.
Обвинетите во овој случај се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие на претходното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не...
Почна поставувањето на бројчаникот на Порта Македонија
Доцна синоќа на Порта Македонија во центарот на Скопје почна поставувањето на бројчаникот на кој, според најавите, ќе се покажува како украдените пари од државата се враќаат во Буџетот.
Премиерот Зоран Заев вчера најави дека наскоро ќе биде поставен бројчаникот на Порта Македонија во Скопје, но не прецизираше кога точно тоа ќе се случи.
- Бројчаникот ќе врти како што ќе...
Продолжува сослушувањето на загрозениот сведок во „Монструм“
Судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство на Смилковско езеро од 12 април 2012 година ќе продолжи денеска со сослушување на загрозениот сведок од страна на судот.
На претходното рочиште заштитениот сведок одговараше за прашања на адвокатите од одбраната, откако на рочиштето на 22 август заврши сослушувањето од страна на СЈО.
Одбраната се обиде со повеќе прашања,...
Апелација одлучува за затворската казна на Груевски за „Тенк“
Апелацискиот суд во Скопје денеска треба да одлучува по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.
Вчера судечкиот совет почна и веднаш се одложи јавната седница, поради неприсуството на осудениот Груевски и неговите четворица адвокати, кои според претседателката на кривичниот совет Цветанка Перишиќ,...
Најмалку 27 убиени во судирите во Триполи
Најмалку 27 луѓе се убиени, а 91 се ранети во судирите меѓу спротивставените милиции што избувнаа оваа недела во либискиот град Триполи, наведуваат од либиското Министерство за здравство.
Повеќето жртви се цивили, а многу починале од здобиените опекотини.
Судирите избувнаа во понеделникот меѓу милициите во јужниот дел на Триполи. Примирје беше прогласено во среда вечер.
Во Либија во моментот постојат две конфронтирани...







































