Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на територијата на централна Грција, соопштено е на официјалната веб-страница на Европскиот Медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицентарот на земјотресот е 232 км северозападно од Атина и 79 км југозападно од Лариса, со длабочина од 10 км под земјата кора. Нема податоци за повредени или материјална штета.

Прегазено 8-годишно дете во Сарај

Осумгодишно дете вчера било тешко повредено во село Сарај кога автомобил удрил во него. -Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 18.05 часот било пријавено дека во село Сарај патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски таблици, управувано од Ј.И.(32) од село Љубин-скопско, удрило во дете-пешак на возраст од осум години од село Сарај - информираат од МВР. По...

Автобуси во јавниот превоз возеле со неисправни сопирачки и уреди за управување

Неисправени уреди за сопирање и за управување, неисправни светлосно сигнални уреди, непродолжена регистрација и недостатоци на опрема, се недостатоци што се откриени кај автобуси и возила кои вршат јавен превоз. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека неправилностите се откриени при вчерашната акциска контрола во Скопје во која биле контролирани 110 автобуси и возила. На дополнителни проверки во станица за...

Мендеш: Модриќ најдобар? Тоа е смешно!

Изборот на Лука Модриќ за најдобар фудбалер на годината од страна на УЕФА, предизвика негодување кај менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорге Мендеш. - Модриќ најдобар? Тоа е смешно. Роналдо го предводеше Реал. Постигна 15 гола во Лигата на шампионите. Цел овој избор е срамен. Фактите на теренот кажуваат сė, изјави Мендеш. Хрватскиот репрезентативец покрај наградата за најдобар играч во 2018 година,...

Адвокатите на Груевски и Поповски побараа одложување на јавната седница на Апелација

Сo мало задоцнување во Апелацискиот суд почна, но веднаш на почетокот беше и прекината јавната седница на која се одлучува по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра. Адвокатите на осудените Никола Груевски и Ѓоко Поповски побраа одложување на седницата поради обврски на други судски...

Дуделанж стана прв клуб од Луксембург што ќе игра во групната фаза од ЛЕ

Екипата на Дуделанж вчеравечер го победи романски ЦФР Клуж со 3:2 во плејофот на Лига Европа и стана првиот тим од Луксембург со изборено учество во групната фаза од второто по квалитет континентално клупско фудбалско натпреварување. На првиот меч во Луксембург беше 2:0, па „аутсајдерот“ со вкупни 5:2 оди понатаму. Во минатото, во главната фаза на Купот на УЕФА во 1995/96...

Дел од патoт Охрид-Свети Наум од денеска затворен поради градежни активности

Регионалниот пат од Охрид кон Свети Наум денеска од 13 часот се затвора за сообраќај во должина од 600 метри поради изведување на градежни работи. Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека ќе биде затворен патот од Билјанини извори кон хотелот Славија во должина од 600 метри. Забраната ќе трае до крајот на изведување на градежните работи.

Секој ден е нов ден

Секој добро организиран ден претставува чекор кон подобар живот. Секој добар ден е услов за добар живот. Затоа, ајде да го креираме секој наш ден, за животот да ни биде како сон „Еден совет, пријателе: не чекај го судниот ден. Секој ден е оној судниот“, Албер Ками Насекаде важи она „живееш само еднаш“. Јас, пак, мислам дека само еднаш умираш, но...

Нејмар му подари на Леброн Џејмс дрес од ПСЖ

Францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен на својот Твитер профил објави фотографија на ѕвездата на тимот Нејмар со четирикратниот МВП во НБА лигата Леброн Џејмс. Бразилецот му подари на 33-годишниот кошаркар дрес од ПСЖ со бројот 23. За потсетување, ова лето Леброн се пресели од Кливленд во Лос Анџелес Лејкерс потпишувајќи четиригодишен договор за 154 милиони долари.

Судскиот комплекс утре без струја

Корисниците од објектите на Апелациски суд, Историски архив, Основен суд Скопје и Врховен суд во општина Центар утре од 8.00 до 11.30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од...