Сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно на северозападот

Сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има дестабилизација со локален дожд и грмежи, претежно во северозападните и североисточните делови. Дневните температури ќе се движат во интервал од 28 до 35 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 7.

Вториот човек на Демократската партија во САД обвинет за малтретирање

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ денеска објави опширна репортажа во која го обвинува вториот човек на демократската партија Кит Елисон за насилство врз неговата поранешна девојка. Елисон стана познат по тоа што во 2006 година беше првиот муслиман избран во Конгресот на САД, а од 2017 година е заменик претседавач со Демократскиот национален комитет што е националната организација на Демократската партија,...

Аселборн: Австрија не е достојна да претседава со Советот на ЕУ

Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн денеска ја критикуваше Австрија велејќи дека оваа земја не е достојна да биде претседавач со Европскиот совет поради нејзиниот став кон мигрантите. - Не е добар пример ако со Советот претседаваат земји кои ја поддржуваат Италија во распределбата на мигрантите - изјави Аселборн. Десничарската Влада на Австрија се залага за чување на...

Протестен марш во Тирана во знак на поддршка на новинарката Лала

Новинари и претставници на албанските медиуми, на кои им се придружија и граѓански организации и жители на Тирана, вечерва одржаа протестен марш на плоштадот „Народни херои“ во знак подршка на новинарката Клодиана Лала, поради нападот врз домот на нејзините родители. Нејзините колеги, во раце држеа пароли на кои пишуваше „Со тебе сме Клодиана“. - Овој настан е само уште една потврда...

Извлечени групите од ЛШ

Во Монте Карло попладнево беше одржан жребот за групната фаза од Лигата на шампионитеч Легендарниот Бразилец Кака и уругвајскиот напаѓач Диего Форлан ги извлекуваа топчињата, од што произлегоа многу интересни групи. „Групата на смртта“ е Ф групата, во која се ПСЖ, Наполи, Ливерпул и Црвена ѕвезда. Актуелниот европски првал Реал Мадрид во одбрана на титулата ќе тргне против Рома, ЦСКА Москва...

Модриќ избран за фудбалер на годината

Фудбалерот на Реал и капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, за првпат во кариерата беше избран за најдобар играч во Лигата на шампионите за минатата сезона. Модриќ престижната награда ја доби во конкуренција со доскорешниот соиграч Кристијано Роналдо и напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах. - Ние сме едно големо семејство. Дали ќе се обидеме да ја освоиме титулата по четврти...

Макрон повикува на европски одбранбен сојуз

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на воведување на принципот за солидарност во одбраната на Европската унија, односно воведување на нешто слично на членот 5 во повелбата на НАТО, кој предвидува дека напад врз една членка е напад врз сите членки. - Сакаме Европа да обрне грижа за својата стратегиска самостојност и да ја засили солидарноста во одбраната - изјави Макрон...

УЕФА планира ново клупско натпреварување

Европската фудбалска унија (УЕФА) планира од сезоната 2021/2022 да организира ново меѓународно клупско натпреварување, објави германски „Билд“. Во третото и најслабо по квалитет европско натпреварување би учествувале 32 клуба, а со неговото воведување најголеми промени би претрпела Лига Европа. Во сегашниот формат во Лига Европа учествуваат 48 тимови, а од 2021 година нивниот број би се намалил на 32 и натпреварувањето...

Делумно изгоре куќа во пожар во Маџари

Во пожар што избувна попладнево делумно изгоре куќа на улицата „1“, кај стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје информира дека добиле повеќе телефонски дојави за пожарот и интервенирале од 17:08 до 18:15 часот со десет пожарникари и четири возила. Опожарени се 50 метри квадратни и причинета е материјална штета од 100 илјади...

МААЕ: Иран го почитува договореното

Иран продолжува да ги почитува обврските во рамки на нуклеарниот договор склучен во 2015 година, чија иднина е несигурна заради повлекувањето на САД, објави Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ). Техеран и натаму ги почитува основите на тој договор, а МААЕ имаше пристап „до сите постројки и локации во Иран кои сакаше да ги прегледа, истакнува агенцијата. МААЕ вели дека иранските резерви...