Робе: Членството на Македонија во НАТО е важно за стабилноста на регионот
Придобивките од членството во НАТО се безбедност, демократија, слобода, економски раст. Со влезот во Алијансата се става печат на натамошното членство во ЕУ, а пристапувањето кон овие две организации е значајно за натамошниот развој на Македонија, се заклучоците од дебатата „Спроведување на НАТО принципите во Македонија“ во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“.
Рајнхолд Робе, поранешен член на германскиот Бундестаг и...
Вонредна седница за „корекција на границите“
Претседателството на Собранието на Косово одлучи вонредната седница, свикана по барање од опозицијата, за расправа во врска со дијалогот со Србија и иницијативата на косовскиот претседател Хашим Тачи за „корекција на границите“, да се одржи денеска, јави дописникот на МИА од Приштина.
По завршувањето на седницата на собраниското Претседателство, парламентарниот спикер Кадри Весели изјави дека очекува долга дебата. Тој не...
Спорните компании се изземени од потпишувањето на договори со ФИТР
Четирите компании кои се изјаснија дека во сопственичката структура имаат носител на јавна функција или член на потесното семејство, се изземени од сегашниот процес на потпишување на договорите, објави денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.
Тој посочи дека побарал од Комитетот за одобрување на инвестиции повторно овие проекти да се евалуираат.
За 73 други компании кои се...
Убиениот во косовската Агенција за разузнавање работел во бифето
Обвинителот на приштинското Основно обвинителство Ибрахим Бериша потврди дека осомничениот за убиството што се случи претпладнево во Агенцијата за разузнавање на Косово (АКИ) е уапсен, јави дописникот на МИА од Приштина.
- Се случи денеска, лицето кое беше рането почина. Имаме еден осомничен кој е уапсен, а кој се наоѓаше на местото на настанот - изјави обвинителот за приштинските медиуми.
Неофицијално...
Изградбата на автопатот двојно ќе ја зголеми размената со Косово
Инфраструктурата е основа за развој на една земја. Во наредните три години земјите од Западен Балкан треба да работат на развој на индустријата, зголемување на извозот и реализација на инфраструктурни проекти, бидејќи само тоа може да даде резултати и да го зајакне приватниот сектор, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески по средбата со косовскиот колега Берат...
Заев: Документот на „Викиликс“ е причина повеќе да се излезе на референдум
Премиерот Зоран Заев денеска коментирајќи ги документите што ги објави „Викиликс“ дека уште во 2008 година било прифатено името „Република Северна Македонија“ изјави дека тоа е уште една причина повеќе да застанеме сите заедно и да и обезбедиме сигурна иднина на државата.
- Верувам дека ваквите докази кои излегуваат во јавноста ќе бидат уште една причина да застанеме заедно сите и...
Прекинат штрајкот на грчката поморска федерација
Поморската федерација на Грција одлучи да го прекине штрајкот откако со компаниите успеа да постигне решение за колективните договори, јави дописничката на МИА од Атина.
Се очекува бродовите да започнат да сообраќаат од и кон грчките острови.
Како што претходно објави МИА, штрајкот што започна вчера наутро, создаде проблеми за илјадници туристи кои за да го поминат летниот одмор одбрале да...
Извозот за седум месеци забележал раст од 25,7 проценти
Вкупната размена со странство за периодот јануари - јули годинава изнесува 9.102.394.000 американски долари при што бележи пораст од 24,3 проценти. Вредноста на увозот, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, изнесува 5.195.729.000 американски долари и има раст од 23,3 проценти, а вредноста на извозот е 3.906.666.000 американски долари и бележи раст од 25,7 проценти.
Трговскиот дефицит, во периодот...
Граѓаните се плашат од голема Албанија и од евроатлантска изолација
Општиот индекс на безбедност на Република Македонија е 3,07, оценка што покажува дека безбедноста сѐ уште е ранлива како резултат на проблемите со кои се соочуваат луѓето како поединци. Индексот за регионална безбедност изнесува 3,48, но, сепак, дел од граѓаните во Македонија смета дека идејата за голема Албанија сѐ уште е жива и може да влијае во внатрешно дестабилизирање...
Ангеловска-Бежоска ги предлага Нацевска и Митреска за вицегувернерки
Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска - Бежоска до Собранието достави предлог за именување на двајца нови вицегувенери.
До Собранието се предлага за вицегувернери да бидат именувани Емилија Нацевска и Ана Митреска.
Двете гувернерски места во Советот на НБРМ се испразнија откако Ангеловска-Бежоска беше избрана за гувернер на НБРМ, а второто со истекот на мандатот на друг вицегувернер.
Емилија...








































