Изложба на Александра Ацеска

Изложба на младата уметница Александра Ацеска, вечерва, во 20 часот, ќе биде отворена во Музејот на градот Скопје. Проектот во Музејот на градот Скопје се реализира по повод наградата „Борко Лазески“, која авторката ја доби во 2017 година. Во договор со семејството на Борко Лазески (кое на Музејот на градот Скопје му ги подари картоните од овој уметник употребени за реализација...

Почина поранешната југословенска боксерска легенда Маријан Бенеш

Легендарниот боксер и поранешен југословенски репрезентативец Маријан Бенеш почина денес во Бања Лука на 67 години. Бенеш, роден во Белград за Југославија имаше 272 победи во кариерата, покрај 16 порази и 11 нерешени меча и заедно со Мате Парлов се сметаат за најдобри југословенски боксери на сите времиња. На Европскиот боксерски шампионат во Белград во 1973 година, ја освои шампионската титула...

Изгоре дел од културното богатство на Бразил

Се стравува дека во големиот пожар, кој избувна во неделата попладне и го уништи 200 години стариот Национален музеј на Рио де Жанеиро, изгоре поголем дел и од националното богатство на Бразил. Музејот, кој е дел од Федералниот универзитет во истиот град, во својата колекција имаше и над 20 илјади вредни предмети со потекло од Бразил и од други...

Путин во Белград во октомври или ноември

Рускиот амбасадор во Белград Александар Чепурин денеска изјави дека претседателот на Русија Владимир Путин ќе го посети Белград во октомври или во ноември. - Имаме добри политички односи и го очекуваме тука во Србија претседателот Путин во октомври или ноември - им изјави Чепурин на новинарите на градилиштето на тунелот Чортановци, кој се гради во рамките на идната брза пруга...

Кон крајот на месецов почнува новата сезона на Филхармонијата

Сезоната се отвора со концертот „Ново утро“ и со настапот на славниот француски пијанист Лука Дебарг. Диригент ќе биде маестро Јерухам Шаровски од Израел Новата сезона на Македонската филхармонија, чиј Камерен оркестар е во Казахстан, каде што ќе одржи два концерта неделава, почнува на 27 септември со концертот „Ново утро“ и со настапот на славниот француски пијанист Лука Дебарг. Диригент...

Обезбедени проѕирни кутии за општите избори

На општите избори на седми октомври во Босна и Херцеговина првпат ќе бидат користени проѕирни гласачки кутии. Мисијата на ОБСЕ во БиХ, со финансиска поддршка на владите на САД, Велика Британија и на Норвешка обезбедија 10.000 транспарентни кутии со кои ќе бидат покриени сите 5.500 избирачки места во земјата. - Овие гласачки кутии ја зголемуваат довербата во изборниот процес. Кутиите...

Холандска банка треба да плати 775 милиони евра поради перење пари

Холандската банка ИНГ треба да плати 775 милиони евра како дел од спогодбата со обвинителите, кои обвинија дека нејзините финансиски контроли се толку слаби што клиентите лесно можеле да „перат пари“. Спогодбата, една од најголемите во историјата на холандското обвинителство за финансиски прекршоци, се однесува на периодот од 2010 до 2016 година. Според спогодбата, 675 милиони евра се дел од казната, а...

Формиран нов опозициски сојуз за Србија

Десетина партии и движења од опозицијата во Белград во неделата потпишаа спогодба за основање нов политички блок, со назив Сојуз за Србија. Во него членуваат Двери, Народна партија, Демократската партија, Левица Србија, Здрава Србија, Заедно за Србија, Движење за промени, Здружените синдикати и движењето на Србите во Ким „Татковина“. Иницијатор за формирање на сојузот, Драган Ѓилас, пред присутните на основачкиот...

Откриено наоѓалиште на злато

Акциите на австралиска компанија скокнале минатата недела откако беше објавено дека оваа фирма открила богати наоѓалишта на злато, сребро и базни метали во Босна и Херцеговина, во подрачјето на Вареш, објави порталот Радиосарајево.ба. Оваа компанија поседувала концесија за истражување и експлоатација на минерали и руда на локации во општината Вареш, каде што на одредени места, на длабочина од стотина метри...

Целиот регион со помалку првачиња

Во целиот регион на Западен Балкан на првиот ден од новата учебна година се забележува намалување на бројот на деца во основното образование, со исклучок на Србија, каде што бројот на ученици е незначително зголемен. Во Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора и на Косово вчера во училишните клупи седнаа околу 165.000 деца. Во Хрватска наставата годинава ќе ја...