Сашо Тасевски најави оставка

Вршителот на должноста директор на Драмскиот театар заминувањето од функцијата го најави во отворено писмо до медиумите Сашо Тасевски, в.д. директор на Драмскиот театар вчера, во отворено писмо до медиумите, посочи дека заминува од функцијата што ја вршеше тринаесет месеци. - Убави зборови имам и за луѓето во СДСМ што ми дадоа доверба да го водам Драмскиот театар, иако не бев...

„Траекторија“ продолжува на 18 септември со дослушување „бомби“ на СЈО

На 18 септември продолжува судењето по предметот „Траекторија“ на СЈО, на кој ќе бидат дослушани дел од 14-те бомби што попладнево судијата Горан Бошевски одобри да се слушнат во судницата на барање на одбраната, но без присуство на јавноста. Во попладневниот дел од рочиштето, по паузата дадена за судот да се донесе одлука за барањето за (не)слушање на спорните 14...

Ципрас: Мати нема да биде заборавено

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска имаше средба со жителите на населбата Мати, која беше најпогодена од катастрофалните пожари на 23 јули годинава. Ципрас, како што јави дописничката на МИА од Атина, на граѓаните им испрати порака дека Мати не треба да се заборави и оти треба „повторно да се роди“. - Овде сум да испратам и една порака, дека...

Саниран дефектот на ул. „Теодосиј Гологанов“ во Скопје

ЈП Водовод и канализација соопшти дека е саниран дефектот на ул. „Теодосиј Гологанов“, наспроти фабриката „Реплек“, посочувајќи дека водоснабдувањето е нормализирано во 13:45 часот. Како што претходно јави МИА, од претпријатието наведоа дека дефектот бил настанат поради технички неисправно затрупување на ровот, од страна на фирмата која барала приклучок за новоизградена зграда. Од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје се издадени...

Американската и израелската амбасада во Берлин добиле заканувачки писма

Германската полиција денеска соопшти дека неколку писма со бел прав биле испратени до Амбасадата на САД и до Амбасадата на Израел во Берлин. Истрагата утврди дека белиот прав не е штетен, односно дека во писмата било ставено прашок за перење. Портпаролот на полицијата Мартин Халвег изјави дека писмата до амбасадите биле испратени на 22 август, како и оти Американската амбасада примила...

Данска со аматери ќе се натпреварува во Лигата на нации

Во фудбалската репрезентација на Данска ќе бидат повикани играчи од мал фудбал и од пониски лиги доколку селектираните останат на намерата да бојкотираат. Како што објавија тамошните медиуми, Фудбалската федерација на Данска има конфликтна ситуација. Репрезентативците одбиле да играат поради незадоволството од договорите со федерацијата. Фудбалерите бараат партнерски однос околу одлучувањето за правата играчите. Тие имаат други договори, лично и со...

Заев и Хелбах: Многу е важно да успее процесот на интеграции на Македонија во ЕУ и НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Христијан Хелбах, специјален претставник за Југоисточна Европа на германското министерство за надворешни работи. На состанокот е изразена силна поддршка од Федеративна Република Германија за успешноста на претстојниот референдум и на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, јави владината прес-служба. Во соопштението од средбата е наведено дека на средбата било „констатирано...

Мицкоски-Хелбах: ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува договорот за името

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Кристијан Хелбах, специјален координатор за Западен Балкан, Турција и земјите на ЕФТА во германското МНР, на која се афирмирала стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција во Европската унија и НАТО. Во врска со договорот со Грција, како што соопшти прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средбата потенцирал дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува...

Традицијата е код, традицијата е течение

Под мотото „Традицијата е код, традицијата е течение“ вечерва, во 20 часот, во ликовната галерија при центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на дела од членовите на Друштвото на ликовни уметници на Прилеп. Ова е проект што во својата програма ги покрива сите ликовни дисциплини: сликарство, скулптура, графика, фотографија, филм, видео, перформанс, а ќе се претстават...

Ѕанакопулос: Договорот од Преспа е симбол на пријателството на народите

Договорот од Преспа е од историски карактер, симбол на пријателството на народите и целосно ја менува сликата на Балканот, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „247“. Одговарајќи на прашањето дали Владата, поради закажаните протести за сабота во Солун и евентуалната масовност, би можела одново да го разгледа Договорот, Ѕанакопулос вели...