Стратфор: Референдумот може да ги разгори националистичките чувства во двете земји
Под површината на релативната смиреност на Западен Балкан во текот на изминатата деценија, етничките тензии и националистичката страст продолжуваат да се јавуваат. Во последните месеци од 2018 година, мирот во регионот ќе биде ставен на тест, имајќи ги предвид преговорите меѓу Србија и Косово, кои работат на нормализирање на нивниот однос, а особено поради контроверзната идеја за размена на...
Спасовски: Се преземаат сите потребни мерки за мирна атмосфера на референдумот
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Велес изјави дека се преземаат сите потребни подготовки да се создаде мирна атмосфера со цел граѓаните самостојно да донесат одлука на престојниот референдум.
- Сега се наоѓаме во исклучително важен, исторски период за Република Македонија пред одржување на референдумот и во рамки на СВР Велес се преземаат сите потребни подготовки...
Кремљ: Сириската армија се подготвува да го реши проблемот со тероризмот во Идлиб
Сириската армија „се подготвува да го реши проблемот со тероризмот“ во провинцијата Идлиб, последниот бастион на бунтовниците во Сирија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Состојбата во Идлиб и понатаму предизвикува загриженост во Москва, во Дамаск, во Анкара и во Техеран, наведе Песков, пред претстојната трилатералната средба (Русија, Турција и Иран) на високо ниво за Сирија, што ќе...
Македонски компании на Саемот за облека во Минхен
Шест домашни компании „Еуросолид“, „Астибо фешн груп“, „Кули“, „Метас“ и „Албатрос“ ќе ги презентираат инвестициските потенцијали во македонската текстилна индустрија на Саемот за облека што се одржува од 4 до 6 септември во Минхен.
Учеството на Саемот го организира Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
- Македонија има големи потенцијали во текстилната индустрија кои треба да ги презентираме пред странските...
Се урна мост во Калкута
Во индискиот град Калкута денеска се урна дел од мост, а според локалните медиуми има повредени и загинати лица. Неколку возила се заробени под урнатините.
Неодамна во италијанскиот град Џенова се урна надвозник, при што загинаа над 40 луѓе.
Заев: Стопанството да ги искористи потпишаните договори со Бугарија и Грција
Македонските компании да ја зграпчат новата шанса и мудро, ефективно и иновативно да ги искористат потпишаните договори со Грција и Бугарија. Досегашните опструкции и пречки за максимална бизнис соработка со овие два соседа се отстранети, порача денеска премиерот Зоран Заев.
Заев на трибина во Стопанската комора истакна дека во овој сегмент постои сериозен мегдан што може да се искористи за нови...
Груевски: Мене не ме суди судот, туку политиката
Никола Груевски денеска од прес-конференција во Собранието на РМ најави дека утре нема да се појави во Апелацискиот суд, а на седницата за „Тенк“ нема да присуствуваат ниту неговите адвокати зашто, како што рече, и онака одлуката е политички веќе донесена.
Груевски обвини дека власта води политичка хајка против него, а судиите се професионални, но работат, како што рече, под...
Делови од Карпош, Кисела Вода и Чаир утре без струја
Во периодот од 9 до 15 утре часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Марко Орешковиќ“ и „Димо Хаџи Димов“ од бр. 96 до бр. 126 и од улицата „Љубљанска“ зграда бр.1 во општина Карпош.
Од 8 до 16 часот утре без снабдување со струја ќе бидат корисниците од улицата „Панче Неделковски“ куќите со броеви 48, 50, 52, 54, 56,...
Шпанија откажа договорена продажба на оружје на Саудиска Арабија
Шпанија ја откажа продажбата на 400 ласерски наведувани проектили на Саудиска Арабија, стравувајќи дека тоа оружје може да го користи коалицијата предводена од Ријад против бунтовниците во Јемен.
Договорот првично беше потпишан во 2015 година, за време на поранешната конзервативна влада во Мадрид, но новата влада од левиот центар соопшти дека ќе ги врати 9,2 милиони евра, кои Саудиска...
Катанец нов селектор на ирачката репрезентација
Словенецот Сречко Катанец е назначен за селектор на ирачкиот национален фудбалски тим.
Како што објави „Л’Екип“ 55-годишниот тренер потпиша договор со Ирачката фудбалска федерација со тригодишна важност за плата од 1,2 милиони долари.
Катанец истакна дека неговата главна цел ќе биде да ја однесе репрезентацијата на Светското првенство - 2022 година.
На 10 септември, Ирак ќе одигра пријателски дуел со Кувајт.
Катанец е...








































