Спогодбата од Нивици низ диоптријата на академската јавност и на интелектуалците
Во пресрет на закажаниот референдум за крајот на месецот и претстојното изјаснување на граѓаните околу спогодбата од Нивици со Грција, домашната експертска јавност активно учествува. Професори, академици, јавни личности, македонски интелектуалци, мотивирани од, како што истакнуваат, „патриотски но и академски и интелектуален порив“ на граѓаните да им ја објаснат фактичката состојба во врска со спогодбата од Нивици, организираат различни...
„Нова Македонија“ – македонски претставник на најголемата економска конференција во Европа
Почнувајќи од денеска, па во наредните три дена, малото планинско место Криница-Здруј во Полска ќе биде домаќин на најголемата економска конференција во Централна и Источна Европа, со учество на над 3.000 гости, политичари, шефови на држави, економисти, експерти, научници, бизнисмени, од целиот свет. На економскиот форум, кој годинава ќе се одржи по 28. пат, организаторот го покани и првиот...
Венко Андоновски на саемот во Москва и на книжевен портрет во Јаснаја Полјана
Македонскиот кандидат за престижната Толстоева награда за книжевност во категоријата на странска книжевност (со уште 34 светски познати писатели), Венко Андоновски, ќе има свое претставување на претстојниот Саем на книгата во Москва, со книгата „Азбука за непослушните“ (преведена на руски од Олга Панкина).
На 8 и 9 септември, во Јаснаја Полјана е предвиден и негов книжевен портрет, на кој ќе...
Дали Битола ќе остане енергетски град?
Во Битола, како традиционално енергетски град, деновиве завладеа загриженост по информациите дека интересот на младите битолчани за изучување на геолошко-рударската струка е речиси никаков, а многу мал е интересот и за изучување на насоката за енергетика
Ниту едно општество не може да смета на својот развој и светла иднина без развојот на енергетиката, која покрај тоа што носи светлина и...
Одбиено барањето за изземање на судијката Кацарска од „Тенк“
Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев го одби како неосновано барањето за изземање на судијката Добрила Кацарска, што на денешното рочиште за „Тенк“ го поднесоа адвокатите на обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Кацарска на странките им врачи примерок од одлуката, по што судењето продолжи со сослушување на сведокот Зоран Марковски, вработен во Мак Ауто Стар во...
Многу првачиња останаа без родителска придружба
Со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството ова право за вработените не е предвидено, информираат од Министерството за труд и социјална политика
Вчерашниот прв училиштен ден беше доста стресен не само за првачињата туку и за родителите. Преминот на децата кон нешто ново што досега не го искусиле е доста голема работа за целото семејство. Тргнувањето...
Во Банкок почна конференција на ОН за климатски промени
Во Банкок денеска почна конференција на ОН за климатските промени по повикот од развиените држави за поголем напредок и зголемена одговорност во заштитата на климата.
Повеќе од две илјади делегати од 196 држави ќе учествуваат на шестдневните расправи за имплементација на насоките од Парискиот договор за климата.
Договорот е потпишан во 2006 година и е обврска за 195 држави за ограничување...
Анкета: Голем пад на популарноста на Макрон
Францускиот претседател Емануел Макрон бележи голем пад на популарноста од 10 процентни поени за еден месец, односно неговата работа како претседател ја одобруваат само 31 отсто од Французите, наспроти 41 процент во јули, покажа најново испитување на јавното мислење објавено денеска.
Во испитувањето, што го спровел ИФОП за неделникот „Париз Мач“ (Paris Match) и радиото Суд, премиерот Едвард Филип загубил...
Тиквешкиот гроздобер традиција стара повеќе од половина век
Тиквешкиот гроздобер уште од првата година на неговото организирање во далечната 1964 година претставува можност кавадарчани покрај традицијата на одгледување на лозата и производството на вино и ракија да го покажат најдоброто од својот град. Во оваа традиционална стопанска, туристичка и културна манифестација во изминативе децении свој придонес имаат многу генерации. Манифестацијата секогаш трае три дена и се совпаѓа...
Убиство во косовската Агенција за разузнавање
Убиство се случи претпладнево во зградата на Агенцијата за разузнавање на Косово (АКИ), каде што член на обезбедувањето усмрти свој колега, јави дописникот на МИА од Приштина.
Информацијата за порталот kallxo.com ја потврди заменикот јавен обвинител во Основното обвинителство во Приштина Ибрахим Бериша, најавувајчи дека во моментов може само да каже дека во зградата на Агенцијата е извршено убиство и...








































