Неактивноста го зголемува ризикот од болести
Повеќе од 1,4 милијарди возрасни луѓе во светот имаат поголем ризик од заболувања поради недоволна физичка активност, се наведува во новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).
Веќе 15 години нема подобрување во параметрите на физички активности кај мажите и жените. Во 2016 година, над четвртина од возрасните луѓе ширум светот не вежбале доволно, се вели во анализа објавена во...
Заврши седницата на Апелација, Кривичен ќе ја соопшти одлуката за затворските казни на Груевски и Поповски
Заврши јавната седницата на Апелацискиот суд на која се расправаше по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“.
Како што рече претседателката на судечки совет Цветанка Периќ одлуката ќе биде добиена од Кривичен суд до каде ќе биде испратена.
Осудениот Ѓоко Поповски пред судечкиот совет рече дека не е криминалец и не ја злоупотребил службената...
Ќе се допрецизира Предлог законот за отпис на камати за наплата на долгови
Собраниската Комисија за финансирање и Буџет денеска не расправаше по Предлог законот за отпишување камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, поднесен од пратениците и од опозицијата и од владејачките партии, со цел тој да се доуреди.
Пратеникот Панчо...
Си замина доајенот на македонската ТВ-режија
Познатиот македонски режисер Тихомир Бачовски ненадејно, во понеделникот во својот дом, си замина од овој свет, но неговото обемно творештво ќе остане да сведочи за неговиот голем професионализам, немирен дух и креативна љубопитност постојано да истражува и да се докажува како режисер во повеќе жанрови.
Во матичната Македонска радио-телевизија Бачовски режираше различни програми од забавно-музички карактер, реклами, документарни филмови, играна...
Популарниот Том Одел во февруари во Скопје
Од продукцијата „Авалон“ го најавија првото светско име што во февруари ќе гостува во Скопје. Станува збор за младиот британски кантавтор Том Одел, кој стана светски популарен со песната „Another Love“. Тој на 13 февруари ќе одржи концерт во СРЦ „Кале“, во рамките на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен „Jubilee Road“ што излегува на 12 октомври.
-...
Груевски смета дека делото за „Тенк“ е застарено
Пресудата има бројни недостатоци, пред сė суштествени повреди во постапката, а направени се и големи повреди во Кривичниот законик, рече адвокатот Стерјо Зиков образложувајќи ја пред судечкиот совет на Апелацискиот суд жалбата за првостепената пресуда за Ѓоко Поповски во предметот „Тенк“.
Според него, има повреди на кривичната постапка во неправилното изведување на материјалните докази, кои судијата дозволи да се читаат...
За да успееш, треба да ја сакаш публиката и да си чесен кон неа
Навистина сум среќен и задоволен што доаѓам на ваков брендиран фестивал. Овој пат пред македонската публика ќе се претставам во поинакво светло, со поп-песната „Таму далеку“, вели Ален
Поранешниот вокален солист на „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ, беше меѓу првите музички ѕвезди што го потврдија своето учество на 25-от јубилеен интернационален музички фестивал „Охрид фест - Охридски трубадури“. За настапот на...
Бошњаковски: Никој 12 години не споменал дека споменикот во село Симница е спорен
Македонија е правна држава во која законите важат подеднакво за сите. Ако некоја институција увиди прекршување на одредено законско решение, тоа треба прво да биде утврдено, а потоа и соодветно да се реши, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со споменикот во гостиварското село Симница.
Бошњаковски напомена дека овој споменик е изграден во 2006...
Опозицијата не може да се обедини за ниеден предлог
Одбивањето на понудените иницијативи, меѓусебните препирки и отсуството на соработка поради себични и кратковиди интереси во црногорската опозиција доведоа до хронична недоверба кај граѓаните и исклучување на какво било очекување за формирање поширок опозициски блок. Аналитичарот Златко Вујовиќ за весникот „Вјести“ вели дека во овој момент нема на повидок некој сериозен договор за заеднички настап на опозицијата во Црна...
Полицаец фалсификувал службена исправа
Кривична пријава е поднесена против вработен во Секторот за внатрешни работи Штип поради основано сомнение дека фалсификувал службена исправа.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Свети Николе поднесе кривична пријава против И.Б. вработен во СВР Штип поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Фалсификување службена исправа“ предвидено и казниво по член 361 од...








































