Меј: Русите што го отруле Скрипал се дел на руското воено разузнавање

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека двајцата Руси, кои Велика Британија ги посочи како осомничени за труењето на пребеганиот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, биле припадници на руското воено разузнавање. Меј рече дека британските разузнавачки служби ги идентификувале Русите, Александар Петров и Руслан Боширов како извршители на труењето на Скрипал, кој живееше во Велика Британија откако пребега...

Авион од Дубаи под карантин во Њујорк, им се слошило на стотина патници

Патнички авион од Дубаи што денеска слетал на аеродромот ЏФК во Њујорк бил ставен под карантин откако над 100 од вкупно 500 патници се пожалиле на висока температура и мачнина. Се уште нема информации што може да е извор на масовното заболување на патниците. Според првичните информации, патниците што се заболени имаат треска, со температури до 38 степени. Медиуми и патници...

Помпео во обид да ги подобри односите на САД со Пакистан

Американскиот државен секретар Мајк Помпео е во куса посета на Пакистан, во време кога односите меѓу двете земји се затегнати поради состојбата во соседен Авганистан. САД неодамна запреа помош за Пакистан вредна 300 милиони долари, а новата пакистанската Влада на Имран Кан привремено ги затвори главните американски логистички линии за војниците во Авганистан. Пакистанците се гневни поради честите американски воздушни напади...

Русија почна воздушни напади врз Идлиб

Русија почна воздушни напади врз инфраструктурата во северната сириска провинција Идлиб, која во последно време е големо упориште на бунтовниците, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Четири руски воени авиони гаѓаа цели поврзани со бунтовниците, вклучително и нивен магацин за оружје и база за лансирање на дронови, а руската армија тврди дека метите се далеку од станбените населби. Русија тврди...

Бубевски: Се надевам Апелација одлуката за „Тенк“ ќе ја донесе брзо

Обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски по завршувањето на јавната седница во Апелацискиот суд за жалбите по првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за случајот „Тенк“, изрази надеж дека Апелациски одлуката ќе ја донесе брзо, за пет до шест дена. Бубевски на седницата ги оцени како неосновани сите жалбени наоди поднесени од адвокатите на обвинетите во овој случај. Во контекст на...

Манчини: Роналдо во Италија нема толку многу простор како во Шпанија

Селекторот на Италија, Роберто Манчини објасни зошто Кристијано Роналдо има потешкотии да постигне гол за својот нов тим Јувентус. Според него, Португалецот уште се прилагодува на серијата А каде нема толку простор како во Шпанија. - Постојат моменти кога нешто не ви оди. Не мислам дека Роналдо ќе има проблеми со ефикасноста. Тој е само поминува низ тежок период, што е...

Таки Џиков добитник на наградата „8 Септември“ за животно дело

Професорот Таки Џиков е добитник на наградата „8 Септември“ за животно дело за исклучителен придонес во спортот, соопштено е на денешната прес-конференција во Агенцијата за млади и спорт (АМС). Џиков е освојувач на петто и седмо место на младински европски шампионати 1975, 1977; Сениорско Европско првенство, 1979 трето место, Париз Франција; шесто место на Олимписки игри 1980, Москва; Медитерански игри...

Жител на Пирок пријавил напaд од четворица полицајци врз него

Д.К.(42) од Пирок пријавил дека бил нападнат од четворица полицајци поради што бил задржан за лекување во тетовската клиничка болница информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според пријавата на Д.К. во понеделникот околу 21.40 часот враќајќи се со возило од Скопје кон Тетово во месноста „Глумово“ бил запрен од четворица полициски службеници. -Тие, според пријавеното, најпрво го легитимирале него, неговата...

Стадионот во Елбасан под контрола на израелските агенти

Агенти од израелските безбедносни структури веќе десетина дена се во Елбасан и детално го контролираат секој дел на стадионот во Елбасан, како и секое лице кое влегува или излегува од него, пред фудбалскиот натпревар Албанија-Израел што ќе се одигра в петок. - Секојдевни се средбите со главните албански безбедносни субјекти, со агенти од областа на безбедноста, тајните агенти, претставници на...

Спасовски: Говорот на омраза ја урива суштината на демократските принципи

Насилнот екстремизам како глобален проблем, поврзан со релативно поновиот феномен - говорот на омраза, неговото интензивирање пред претстојниот референдум, како и решенијата на проблемот, беа тема на денешната дискусија меѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претставниците на граѓанската асоцијација „Цивил“ и националниот кооридинатор за борба против насилниот екстремизам Борче Петровски.  - Разговаравме и за престојното граѓанско референдумско изјаснување и важноста за обезбедување на...