Советникот на Рама бара обединување на Албанија и Косово

Познатиот албански аналитичар по потекло од Косово, Батон Хаџиу, кој е актуелен советник на премиерот Еди Рама, смета дека решение за Косово би било обединување со Албанија. На средба со студенти и професори од Европскиот универзитет во Тирана, Хаџиу зборуваше за историската ситуација во која Косово е денес и за можниот договор со Србија. - Се додека Србија отворено се изјаснува...

Хоспитализирани 12 патници од летот Дубаи – Њујорк кој беше ставен во карантин

Дванаесет патници од авионот што денеска беше ставен во карантин на аеродром Џон Фицџералд Кенеди во Њујорк биле хоспитализирани поради сериозноста на здравствените симптоми на кои се пожалиле. Околу стотина од вкупно 500 патници во авионот на компанијата Емиратс што слета во Њујорк од Дубаи имале симптоми на кашлица и треска со повишена температура, што предизвика сериозна загриженост на...

Страв од колера на лет од Алжир до Франција

Авион со 141 патник и член на екипажот денеска бил ставен во карантин во францускиот град Перпинан, каде пристигнал од алжирскиот град Оран, поради сомнеж дека осумгодишно дете во леталото боледува од колера. Француските власти се посомневале откако детето почнало да повраќа и да има дијареја. По слетувањето, детето и неколку патници кои седеле до него биле хоспитализирани, а другите...

Најмалку 20 загинати при самоубиствен напад во Кабул

Најмалку 20 луѓе загинаа, а 70 се повредени во двоен самоубиствен бомбашки напад врз спортски клуб во шиитски кварт во главниот град на Авганистан, Кабул. На местото на инцидентот откако пристигнале брза помош, полицајци и новинари уследила уште една експлозија. Помеѓу загинатите двајца беа новинари. Се уште никоj не презеде одговорност за нападот врз боречкиот клуб. За претходните напади врз шиити во Авганистан...

При пад на хеликоптер во Чешка загина четири лица

Четири лица денеска загинаа откако се урна хеликоптер во западниот дел на Чешка, изјави портпаролот на регионалната противпожарна служба, Петр Пончар. Жртвите се уште не се идентификувани, а се уште не е јасно дали сите тие биле во леталото. Пончар изјави дека хеликоптерот паднал врз покрив на фабрика во индустриска зона во Плзењ. 

Столтенберг пристигна во дводневна официјална посета на Македонија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вечерва допатува во Скопје, во пресрет на референдумот закажан за 30 септември.  На скопскиот аеродром Столтенберг беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.  Генералниот секретар на НАТО утре ќе има средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Спбранието Талат Џафери, а првиот човек на НАТО треба да има...

Бабиш: Потребни се повеќе дискусии за идниот прием на земји во ЕУ

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш денеска се заложи за повеќе дискусии за идната структура на Европска унија и за прашањата како што е прием на земјите од Западен балкан. Бабиш на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, истакна дека Чешка е против распределба на мигранити во земјите-членки на Унијата и апелираше за поголема соработка со Либија во...

Спасовски: Граѓаните да пријават доколку некој им се заканува да не излегуваат на референдумот

Oва е историски миг за нашата држава. Апелирам ако кој било се заканува на некој граѓанин да не излегува на референдум, граѓаните тоа да го пријават во најблиската полициска станица, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на посетата на скопската општина Бутел.  Министерот Спасовски, како што се наведува во соопштението, исто така посочи дека МВР ги...

Сугарески: Седумдесет милиони евра од Светска банка за инфраструктурни проекти во целата држава

Целосна реконструкција на булеварот „Туристичка“, на регионалниот патен правец од Охрид до селото Подмоље, делницата од Подмоље до Струга, како и патниот правец од Струга до граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, најави денеска во Охрид министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. - Владата на вчерашната седница ја прифати кредитната линија на Светската банка во вредност од 70 милиони...

Бугарија: Жена и две деца застрелани во Самоков

Една 33 жена, нејзиниот 12 годишен син и 15 годишен внук биле убиени денеска во бугарскиот град Самоков. Убиецот, 52-годишен маж, побегнал од местото на настанот, а откако полицијата му се приближила, се самоубил. Убиствата кои ја шокираа Бугарија биле извршени околу 13 часот и 45 минути, а се претпоставува дека мотивот е семејна расправија, јави новинската агенција БТА.