Прослава на отворено пред Владата за Денот на независноста
Денот на независноста, 8 Септември, ќе биде одбележан во дворот на Владата, под отворено небо.
Како што соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, предвидена е богата програма, а поканети се сите граѓани.
- Во сабота, во 18 часот одбележувањето на Денот на независноста ќе почне со концерт за најмладите на „5+“ бенд, по што следува настап на Македонската филхармонија која заедно...
Нема индикации за повторен наплив на бегалци по Балканската рута
Ризик од активирање на т.н. Балканска мигрантска рута во моментов не постои. Сценарио за повторување на ситуацијата од 2015 година засега е исклучено. Тоа беше посочено на Конференција за мигранти и бегалци „Одговорности и одговори“ што во организација на Меѓународната организација за бегалци на ОН (ИОМ) од денеска се одржува во Охрид.
- Моментално се забележува менување на таа мигрантска...
Британија обвини двајца Руси за труењето на Скрипал и неговата ќерка
Британските власти именуваа двајца Руси за кои е подигнато обвинение поради труењето со нервен агенс на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англискиот град Солзбери.
- Издаден е налог за апсење. Осомничени се Александар Петров и Руслан Боширов. Тие се на околу 40 години и патувале со руски пасоши под лажен идентитет, нагласи началникот на полицијата за...
Откриен насад со околу 58 стебла марихуана
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до ОЈО-Струмица, поднесе кривична пријава, против К.М (53) и Н.Т (45), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 и 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Како што соопшти МВР,...
„Мејд ин Маседониа“ опција и за грчките производи
По верификацијата на договорот што го потпишаа Македонија и Грција, грчките производители ќе имаат рок од три години да одлучат дали своите производи ќе ги декларираат како „мејд ин Маседониа“ или на нив ќе стои „мејд ин Грис“.
Во договорот, како што објасни премиерот Зоран Заев во Стопанската комора на Македонија, дефинирано е правото на неексклузивност по ова прашање.
- Ако...
Распределени 760 админстративци според Рамковен
Околу 760 административци потпишале согласност за нивна распределба според Рамковниот договор, а за 160 процедурата е целосно завршена, соопшти денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа.
На прес-конференција во Владата Хоџа информира дека за 600 лица процедурата за распределба по Рамковен е во тек.
- На дел од останатите околу 200 што не ја прифатиле понудата, ќе им се даде можност да бидат...
Тројцата рибари од Египет и Албанија кои спасија граѓани во пожарите ќе добијат грчко државјанство
Со одлука на Алексис Ципрас тројца рибари, двајца од Египет и еден од Албанија кои над 20 години живеат во Грција и кои спасија десетици граѓани од пожарите во Атика во јули годинава, ќе добијат грчко државјанство.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на средбата со Здружението на рибари од Неа Макри, грчкиот премиер им се заблагодари на...
СБ ќе инвестира околу 70 милиони евра за капитални проекти во патна инфраструктура
За реконструкција и изградба на локални патишта ќе се инвестираат околу 70 милиони евра, кои ќе се обезбедат преку Светска банка(СБ), најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишувањето на договорите за финансирање на општинска инфраструктура преку Проектот за подобрување на општинските услуги.
- Станува збор за средства од четиригодишната стратегија за соработка со Светска банка, кои сметаме дека...
Нич: Размена на територија меѓу Србија и Косово е чекор кон создавање на Голема Албанија
Размената на територии меѓу Косово и Србија е реална опција ако истраат на тоа локалните лидери, а дозволат големите сили, но тоа на долги патеки би бил чекор кон нови поделби и создавање на Голема Албанија, оценува во интервју за „Дојче веле“ (ДВ) Милан Нич, експерт од Германското друштво за надворешна политика.
Запрашан дали размената на територии е реална...
САД го платиле црногорското дистанцирање од Милошевиќ
Администрацијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон им давала значајна политичка и финансиска поддршка на црногорските власти откако претседателот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ се дистанцирал од политиката на Слободан Милошевиќ, пишува локалниот весник „Вијести“.
Според весникот, тоа може да се заклучи од документи кои кон крајот на минатата недела биле објавени на сајтот „Претседателска библиотека и...








































