Тевдовски: Буџетот со одлична кондиција, немаме потреба од ребаланс
Макроекономските показатели се одлични и позитивни, а и ликвидноста на буџетот е одлична и од тој аспект нема потреба од ребаланс на буџетот, оцени министерот за финансии Драган Тевдовски, укажувајќи дека анализи секако се прават и доколку се смета дека треба да направат некои корекции тоа ќе биде соопштено.
- Сите макроекономски индикатори се одлични и се позитивни и...
Трамп ги предупредува Сирија, Иран и Русија да не го напаѓаат Идлиб
Северната провинција е последното упориште на т.н. бунтовници, па офанзивата би можела да биде и последната голема битка во сириската војна
Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници, Русија и Иран, да не ја напаѓаат сириската провинција Идлиб, која е под контрола на т.н. бунтовници.
- Сирискиот претседател Башар ал Асад не смее непромислено...
Загрозена колепката на слободата, братството и на еднаквоста
Злосторствата од омраза против муслиманското население во Франција, кое е помеѓу 6 и 10 милиони, драматично се зголемија од 2016 до 2017 година. Исто така, речиси 40 отсто од насилствата во 2017 година беа класифицирани како расни или верски мотивирани насилства против Евреите, иако тие сочинуваат само еден отсто од француското население
Улиците на арондисманот (округот) број 17 во Париз...
Кубанска вечер во Прилеп
Кубанска вечер (Son Flamenco) ќе се одржи вечерва од 20 часот во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Посетителите ќе имаат исклучително ретка можност, односно за првпат во Прилеп, да присуствуваат на извонредна музичка вечер.
Проектот го рефлектира кубанскиот идентитет преку музика, гестови, движења и внатрешен ритам на секој уметник. Посетителите ќе можат да уживаат во вкрстено време,...
Одбиено барањето за изземање на Јанева
Поднесеното барање од адвокатите на Никола Груевски за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е одбиено како недозволено, имајќи ги предвид одредбите од ЗКП и од Законот за СЈО.
Претседателката на судечкиот совет на Апелацискиот суд Цветанка Периќ рече дека бидејќи барањето за изземање е одбиено, не постојат пречки за продолжување на јавната седница за жалбата на првостепената пресуда...
Паравоена формација ги вознемири политичарите во Словенија
Словенечкиот претседател Борут Пахор, изрази загриженост, откако на социјалните мрежи осамнаа слики од вооружена група на маскирани луѓе кои ги предводи неговиот поранешен противкандидат Андреј Шишко.
Политичарот на крајната десница, Андреј Шишко вели дека групата која тој ја предводи ќе „обезбеди јавен ред и мир“, ако тоа биде потребно.
Остро на тоа реагира претседателот Пахор кој што изјави дека во Словенија...
Граѓаните не го даваат Водно
Интересот на граѓанските здруженија беше огромен, а учествуваа и голем број граѓани во јавната дебата за изградбата на гасоводот на Водно. Иако намерата беше да се расветлат многубројните дилеми и прашања за овој проект што се појавија во јавноста и предизвикаа загриженост кај граѓаните и кај здруженијата за заштита на средината, се чини дека и по нејзиното завршување секој...
По Бутелска уште се вози тргни-застани
Цело лето има сообраќаен метеж на улицата Бутелска и продолжува и понатаму. Никако да завршат градежните работи на пробивањето на булеварот Кристијан Тодоровски-Карпош, со што би се отворила и улицата Цетинска, за барем малку да се ублажат секојдневните сообраќајни проблеми на бутелчани. Нивната мака сега стана уште поголема, бидејќи сите се вратија од годишните летни одмори, а започна и...
Се растегнуваат ли дипломатските правила за поддршка на референдумот
Практиката на доаѓање или повикување странски политичари и лидери заради добивање одредена поддршка за политиките што се водат од страна на политичките чинители во земјава не е никаква новина на домашната политичка сцена. Но освен дилемата дали и колку тоа се совпаѓа со дипломатските правила, прашање е и колку овие посети можат да влијаат врз граѓаните, или е можен...








































