Поранешен советник на Трамп осуден на казна затвор
Поранешниот дипломатски советник на Доналд Трамп, Џорџ Пападопулос (31) осуден е на 14 денови затвор поради лажно сведочење во истрагата за можна соработка меѓу Москва и тим задолжен за кампањата на републиканскиот кандидат.
Тој доби и парична казна од 9.500 долари и една година условна казна со извршување работни обврски за општо добро.
Се изјасни за виновен во октомври 2017 година...
Иванов со честитка по повод 8 Септември
Претседателот Ѓорге Иванов денеска упати честитка до граѓаните на Република Македонија по повод 8 Септември - Денот на независноста.
- Македонскиот народ на 8 септември 1991 година го искористи своето право на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување од дотогашната заедничка држава. Со огромно мнозинство, македонските граѓани ја изразија својата волја и го дадоа својот глас со...
Сервер: Македонија има шанса која не се пропушта
Претстојниот референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција е клучен за македонската иднина, смета професор Даниел Сервер од универзитотот Џон Хопкинс.
Во изјава за МИА од Вашингтон, тој укажа дека со успехот на референдумот се менува официјалното име на земјата, но дека Македонците и понатаму ќе...
Вучиќ во посета на Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе почне денеска дводневен престој на Косово со посета на браната Газивода и Зубин Поток, јави Танјуг.
Во Зубин Поток тој ќе го посети Центарот за екологија и развој на спортот и Центарот на Црвениот крст. Во Лепосавиќ српскиот претседател ќе се обрати на затворање на Бизнис форум.
Доцна попладнето е предвидена средба со политички претставници...
Меркел во посета на Македонија
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска престојува во посета на Македонија и тоа токму во момент кога се одбележува 27-годишнината од независноста. Ова е прва посета на германски канцелар на Македонија и нејзиниот престој во земјава е дел од поддршката, што меѓународната заедница ја дава за претстојниот референдум, закажан за 30 септември, кога граѓаните треба да се произнесат за Договорот...
Столтенберг: Ако Грција не го ратификува Договорот од Преспа, ќе го изгуби кредибилитетот
На сите мои политички средби во Скопје ми беше изјавено дека ако се гласа „за“ на референдумот, договорот ќе се имплементира, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за грчката телевизија „Скај“ и додава дека сепак тоа е демократски процес и НАТО „не може да присили ниедна земја да направи нешто што не сака“.
На прашањето што доколку...
Македонија слави 27 години независност
Македонија денеска одбележува 27 години од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Годинава, празникот се слави во нови услови со јунскиот Договор од Преспа за конечно надминување на повеќедеценискиот спор за името со Република Грција и во пресрет на новиот референдум за прифаќање на овој договор и членството...
Сончево со мала локална облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Утринската температура ќе се движи од осум до 18, а дневната од 22 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умрена облачност. Ќе дува слаб...
Наваро низ солзи се збогуваше со Барселона
Хуан Карлос Наваро официјално стави крај на неговата импресивна кариера. По објавувањето на веста пред неколку недели, сега „Ла Бомба“ се збогува со матичниот клуб на специјална церемонија, на која присуствуваа бројни негови поранешни тренери и соиграчи и на која од каталонскиот клуб ги извадија од музејот буквално сите трофеи, освоени од Шпанецот со „црвено-синиот“ дрес.
Самиот играч не ги...
Помпео со честитка за 27-годишнината од македонската независност
Американскиот државен секретар Мајк Помпео во името на Владата на САД им го честита ја граѓаните на Македонија Денот на независноста - 8 Септември.
- Ви честитаме за историскиот Договор од Преспа, кој откако ќе биде имплементиран ќе доведе до голема безбедност и просперитет за граѓаните на Македонија и за целиот регион. Вашата посветеност на демократските принципи, владеењето на правото,...







































