Заев-Кадик: Поддршка за успешен референдум и за интеграциите на Македонија

Премиерот Зоран Заев, попладнево се сретна со Оливие Кадик, француски сенатор и претставник на француските државјани надвор од Франција, придружуван од францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние. - Ве поддржуваме на патот кон интеграциите, побрзајте, е пораката што ја пренесе францускиот сенатор Кадик. Тој оцени дека претстојниот референдум во Македонија е премин кон продолжување напред, соопшти владината прес-служба. Премиерот Заев рече дека...

Се запали камион со метан пред Македонска Каменица, спречена поголема несреќа

Камион кој превезувал 265 празни единици под притисок и со носивост од 90 литри метан, денеска попладне се запали на влезот во Македонска Каменица. Во несреќата изгорел кабинскиот дел на камион марка Волво со бугарски регистарски таблички. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица поради брзата реакција на камемничките пожарникари избегната е поголема катастрофа. - Брзата и присебна реакција...

Сан Марино со намера да побара заем од ММФ од 300 милиони евра

Сан Марино разгледува барање до Меѓународниот монетарен фонд за заем од 300 милиони евра за поддршка на работата на своите банки кои се оптоварени со долгови, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори. Државата од 34.000 жители се уште не е опоравена од рецесијата предизвикана од големата финансиска криза пред 10 години, а нејзините банки се оптоварени со долгови од...

Град Скопје и годинава ќе избира најдобар угостителски објект

Град Скопје годинава по единаесетти пат избира „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“. Петстотини и десет тајни купувачи врз основ на повеќе критериуми ќе оценуваат 50 ресторани, 50 гостилници и 70 кафебарови.  Критериумите врз основа на кои ќе бидат оценувани угостителските објекти се прв контакт со гостите, хигиена на објектите, изглед и хигиена на тоалетите, амбиент на објектите, услуга на келнерите, квалитет...

УЕФА ја казни Црвена звезда за однесувањето на навивачите

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Црвена звезда со забрана за носење навивачки групи на следните две гостувања во Лигата на шампионите заради влегувањето на навивачи на теренот во Салцбург. Санкциите се однесуваат на натпреварите против ПСЖ во Париз на трети октомври и против Ливерпул три седмици подоцна. Воедно заради однесувањето на навивачите на белградскиот клуб на Ред бул арената, каде кршеа инвентар,...

Обама почна предизборна кампања против Трамп

Поранешниот американски претседател Барак Обама се ангажираше во кампањата во пресрет на изборите за Конгресот на САД во ноември, со обраќање во кое жестоко ги критикуваше владејачката Републиакнска партија и претседателот Доналд Трамп. - Моќните и привилегираните сакаат ние да бидеме постојано гневни бидејќи на тој начин полесно ја задржуваат својата моќ и привилегии. Ова не почна со Доналд Трамп....

Џафери: Пред 27 години во Собранието поставени стратешките цели на Македонија – евроатлантските интеграции

Пред дваесет и седум години, токму овде во Собранието беа поставени и стратешките цели на Република Македонија, а тоа се евроатланските интеграции. Тоа е стратешка определба која и тогаш, а и сега ужива голема поддршка кај нашите граѓани. Декларативно, за евроатланските интеграции се изјаснуваат сите парламентарни партии, што се гледа и преку повеќето резолуции и декларации усвоени токму овде...

За 6,2 отсто намален бројот на невработени во Македонија

За 6,2 проценти е намален бројот на невработени во второто тримесечје од годинава, а за 2,1 процент е зголемен бројот на вработени, објави денеска Државниот завод за статистика.  Според статистичките податоци, во второто тримесечје од годинава во Македонија имало 957.471 активно население од кои 755.073 биле вработени, а 202.398 лица невработени.  Стапката на активност во овој период е 56.9, стапката на вработеност...

Акциите на Тесла паднаа откако Илон Маск запали џоинт

Акциите на Тесла паднаа за седум проценти денеска, откако директорот Илон Маск при интервју запали џоинт. Маск разговараше со комичарот Џо Роган и во текот на интервјуто предупредуваше на опасноста од вештачката интелигенција, злокобно претскажувајќи опасност по човештвото од препаметните компјутери. Во еден момент, тој и Роган запалија џоинти со измешана марихуана и тутун, што е легално во тој дел...

Ле Дриан: Франција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан

Франција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан и тие по вокација треба да се приклучат кон Европската унија, кога сите критериуми за нивното пристапување ќе бидат целосно исполнети, порача францускиот министер за Европа и надворешни работи, господинот Жан-Ив Ле Дриан во врска со земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија. Ставот на Ле Дриан го пренесе портпаролката на...