Одбележан Светскиот ден на првата помош во Кичево
Под мотото „Не ви е потребна лиценца за да спасите нечиј живот“, Општинската организација на Црвениот крст од Кичево, Светскиот ден на првата помош, го одбележа со посета на детската градинка„ Олга Мицеска“, каде што едукатори и демонстратори од Црвениот крст, имаа теоретско и практично предавање како може да се пружи прва помош без притоа да се нема соодветна...
Почна сведочењето на Заев: Ни се закануваа дека ќе не убијат
Ни се закануваа дека ќе не убијат. Безмалку два часа трпевме физички и вербални напади. Бевме раскрварени од удари и по главата и по телото, изјави премиерот Зоран Заев во Кривичниот суд во Скопје, сведочејќи за случувањата од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.
На директни прашања од обвинителката Вилма Рускоска Заев рече дека на 27 април...
Пацоли: Не е на маса поделба на Косово
Косовскиот вицепремиер Беџет Пацоли изјави дека поделбата на Косово не е на преговарачка маса во рамките на дијалогот помеѓу Србија и Косово и дека е „ризична“ опција, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Верувам дека не разговараме за поделба или нови граници, за мене е тоа малку ризично, изјави Паоцли на прашање на МИА.
Во моментов сѐ уште трае средбата на...
Заев в четврток ќе се обрати пред Европскиот Парламент
Премиерот Зоран Заев в четврток 13 септември во 11 часот и 45 минути ќе се обрати на пленарната седница на Европскиот Парламент во Стразбур, јави дописничката на МИА од Брисел.
Два дена пред тоа, Европскиот Парламент ќе одржи дебата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на тема „иднината на Европа“. Истиот ден попладне, европратеници ќе дебатираат на истата тема и со...
По 50 евра за најдобрите ученици во Битола
Најдобрите 17 ученици, од средните училишта во Битола, кои минатата учебна година, постигнаа најдобри резултати на државните натпревари по повеќе наставни предмети, меѓу кои: микробиологија, физика, географија, латински јазик, математика, информатика и други стручни предмети, денес од градоначалничката на општина Битола беа наградени по 50 евра.
Наградата претставува поддршка и поттик за учениците за нови големи резултати, но и...
Косовската опозиција убедена дека средбата Тачи-Вучиќ пропадна поради нејзиниот притисок
Опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК) смета дека денешната средба во Брисел меѓу претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, пропадна поради развојот на настаните во косовското Собрание, по барањето на опозицијата за расправа за дијалогот меѓу Приштина и Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.
- Притисокот на опозицијата за усвојување резолуција, со која ќе се...
Шести есенски панаѓур викендов во Кичево
Од денес до недела на платото кај железничката станица во Кичево, ќе се одржи шестиот есенски панаѓур на кој учествуваат трговци од целата земја.
На штандовите се нуди од кожна галантерија, обувки, облека, постелнини, завеси, техничка стока, алат, до секаков вид дребулии. Иако панаѓурот е посетен од голем број на граѓани, сепак забележливо е дека само мал број пазарат, тоа...
Заев: Новиот оддел во „8ми Септември“ наликува на големите медицински центри во Европа
Тоа што го нуди новиот оддел за трауматологија во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ наликува на условите на големите медицински центри низ Европа, нагласи премиерот Зоран Заев, изразувајќи воодушевување од она што е сработено.
- Проценките се дека во двете операциони сали ќе се изведуваат и до 2.000 операции и интервенции годишно. Дел од работата на одделото ќе биде и постојана медицисна едукација...
Мемеди е убеден дека постои сценарио за настаните од 27 април во Собранието
Претеникот Весел Мемеди кој во Кривичен суд сведочи за настаните од 27 април во Собранието рече дека додека Зекирија Ибраими од БЕСА ја пеел албанската химна добил порака од пријател со содржина „што прави овој и дали е нормален“ на што одговорил дека „не е од тука и дека сето ова е сценарио“.
- За ова сум сигурен и да...
Ердоган: Турција не може да прифати повеќе бегалци
Турција не може да си дозволи да прифаќа повеќе бегалци од Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на состанокот со претседателите на Русија и Иран во Техеран.
Турција прифати 3,5 милиони бегалци од Сирија од почетокот на седумгодишната војна во земјата. Ердоган во јуни вети дека ќе им помогне на бегалците да се вратат дома.
Ердоган истакна дека...







































