Сончево со мала до умерена облачност и засилен ветер

Сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северoзападен ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал од 21 до 32 степена. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Коалите за три децении може да исчезнат од делови на Австралија

Поради уништувањето на шумите за добивање на земјоделско земјиште до 2050 година може во целост да исчезнат коалите во сојузната австралиска држава Нов Јужен Велс. Според извештајот на Светскиот фонд за заштита на природата (WWF) научниците употребиле сателитски снимки за мерење на зголеменото сечење на шумите за да го измерат влијанието врз ранливите и загрозени видови. - Се проценува дека во...

Заев: Ова е историски момент

Ова е историски момент кој е поголем од секој од нас, од нашите партии или кавги или лични интереси. Да ги оставиме различните убедувања и интереси за момент зад нас и да ја видиме светлината на Европа која не повикува, порача вечерва премиерот Зоран Заев на централната прослава по повод Денот на независноста и повика секој граѓанин да гласа...

Дел Потро: Ѓоковиќ е фаворит, но фаворит беше и Федерер

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро истакна дека ќе му биде тешко да игра против Новак Ѓоковиќ во финалето на Ју-Ес опен, бидејќи српскиот тенисер му е добар пријател. Дел Потро пласманот го обезбеди откако актуелниот најдобар тениер во светот Рафаел Надал му го предаде полуфиналниот натпревар поради повредата на десното колено. За аргентинскиот тенисер ова е втора можност да се...

Пол Макартни одржа необичен концерт на Гранд сентрал во Њујорк

Патниците кои синоќа беа на њујоршката станица Гранд сентрал на Менхетен имаа можност во живо да го слушаат концертот на еден од основачите на легендарните „Битлси“, Пол Макартни. Концертот можеше да се следи и преку интернет, а патниците на станицата можеа да го слушаат Макартни како во живо ги изведува песните, но без да го видат. Легендарниот музичар настапуваше позади...

Вучиќ: Зошто територијалниот интегритет важеше до 2008 година, а сега не?

Српскиот претседател Александар Вучиќ укажа денеска по повод изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел во Скопје дека територијалниот интегритет е појдовна точка за тоа дека Балканот треба да остане каков што е, дека е тешко да се одговори на прашањето - зошто за некои во регионот тоа важело во 2008, а денес не важи. Тој го изјави тоа при посетата...

Потести во Солун, грчката полиција употреби солзавец

Грчката полиција одговори со шок бомби и солзавец на демонстрантите кои денеска ги нападнаа полицајците со камења и предмети во центарот на Солун, а кои потестираат против Договорот од Преспа. Грчките новинари коментираат дека демонстрантите не се воопшто пријателски кон новинарските екипи, а на неколку пати се обиделе да нападнат претставници на медиумите. И покрај инцидентите и солзавецот, насобраните граѓани остануваат...

Викиликс: Глигоров бил за компромис за името, но со сочуван јазик и идентитет

Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рикер,испратил извештај од 5 ноември 2008 година, насловен како „Македонија: Поранешниот претседател Глигоров повика на храбра лидерство и решение за името", објави Викиликс. Во него, Глигоров наведува дека е за компромис за прашањето за името, но „црвената линија" е да се обезбеди дека јазикот и идентитетот да се нарекуваат „македонски". Во извештајот на Рикер, според...

Во Куманово одбележан Денот на независноста – 8 Септември

Денеска на плоштадот во Куманово во организација на градоначалникот, општината и општинскиот совет на градот со положување на свежо цвеќе пред Споменикот на жената борец се одбележаа 27 години од независноста на Република Македонија На одбележувањето на прославата покрај претставниците на општината и членовите на општинскиот совет присуствуваа и свежо цвеќе положија и делегации сојузот...

Извидниците ја светнаа Матка

Извидниците од Прв скопски извиднички одред и ИПО Галеб ја одбележаа независноста на Македонија со еколошка акција во пределот кај Кањон Матка. Повеќе од 50 извидници распределени во две групи, се организираа да ја исчистат најатрактивната дестинација во Скопје. - Преубавата Матка како и реката Треска ги затекнавме удавени во секаков отпад - од пелени, до стаклени шишиња, чипсови,...