Референдумската кампања има приоритет, Владата нема да брза со прогресивниот данок

Референдумската кампања ја одложи дебатата која требаше да се води ова лето во врска со воведувањето на прогресивниот данок, што беше најавено за 1 јануари следната година. Владата во сегашните интезивирани активности во врска со камањата за претстојниот референдум нема да брза во врска со прогресивниот данок, а премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција истакна дека даночната реформа реално е...

Вучиќ до жителите на Бање: Не смеев да ги ризикувам вашите животи

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, по неуспешниот обид да стигне до селото Бање, откако косовската Влада му ја повлече дозволата за посета на тој регион поради протести и блокади, им се обрати на жителите на тоа село по телефон од Митровица, каде што го одржа завршниот митинг, јави дописникот на МИА од Приштина. Вучиќ им порача на околу 300 Срби...

Обама ги повика граѓаните да се мобилизираат за изборите во ноември

Поранешниот американски претседател Барак Обама ги повика синоќа граѓаните на Калифорнија да се мобилизираат за изборите и да и ја дадат власта во Конгресот на Демократската партија. Тој ја отфрли политиката на страв на актуелниот претседател Доналд Трамп, без да го именува. - Се наоѓаме пред тежок момент, истакна Обама пред избирачите во Анахајм, кој е традиционално републикански реон во државата...

Решен проблемот со прекинот на водоснабдувањето во Делчево

Отстранет е дефектот на водоводната линија поради кој Делчево и дел од околните места вчера останаа без вода за пиење. Како што информираа од комуналното претпријатие во Делчево по лоцирањето на проблемот со теренска интервенција на главната доводна цевка која минува низ село Тработивиште отстранети се сите понатамошни проблеми кои го попречуваа доводот на вода во Делчево. - Наша екипа со...

Вучиќ: Не сме блиску до решение за Косово и не сум оптимист за тоа

Српскиот претседател Александар Вучиќ во својот говор во Косовска Митровица пред косовските Срби изјави дека Србија нема никакво предлог-решение во Брисел и дека е далеку од постигнување на било какво решение. Тој додаде дека мора да се бара решение и не е сум оптимист по тоа прашање. - Сакаме договор со Албанците или сакаме продолжување на агонијата, праша Вучиќ, посочувајќи дека...

Уапсени и повредени во вчерашните инциденти во Солун

Од 28 приведени, осум лица се уапсени, меѓу кои двајца малолетници. Повредени се 15 полицајци, а предизвикана е материјална штета на продавници, објекти, на канти за отпадоци и паркирани автомобили во синоќешните инциденти во центарот на Солун, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што јави дописничката на МИА од Атина, маскирани лица палеа канти за отпадоци и фрлаа молотови коктели,...

Џонсон: Излезете и искористете го своето право да гласате на референдумот

Излезете и искористете го своето право да гласате на престојниот референдум. Дајте им дознаење на вашите лидери дека ја поддржувате вашата нација и чекорењето на земјата на патот кон евроатлантските интеграции. Со оваа порака излезе денеска американскиот сенатор Рон Џонсон по средбата што ја имаше во Владата со премиерот Зоран Заев. Сенаторот Џонсон средбата со Заев ја оцени како мошне...

Вилијамс: Сега не сакам да бидам строга кон себеси

Американската тенисерка Серена Вилијамс и се заблагодари на публиката за поддршка по поразот во финалето на Ју-Ес опен од страна на 16 години помладата Јапонка Наоми Осака. Вилијамс имаше шанса да дојде до 24-тата гренд слем титула, но нервозно играше во текот на целиот натпревар, загуби и контрола над емоциите, потоа го искрши рекетот и во два наврати се расправаше...

Скопјанка тешко повредена откако автомобил удрил во ограда на ул.„Даме Груев“

Триесет и едногодишната М.П. е тешко повредена два часа по полноќ откако скопјанецот Љ.К.(34) кој го управувал возилото „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки во кое се наоѓала, изгубил контрола и удрил во ограда на улица „Даме Груев“ во Скопје .  Повредената жителка на Скопје е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на...

Повредено момче во пекара во Скопје

Дваесет и едногодишниот Б.И. е повреден еден час по полноќ откако количката со која влегол во лифт во пекарата на „Груица Војвода“ во Скопје, а во која имало леб, од непознати причини се превртела и го потиснала. МВР информира дека повредениот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.