Земјотрес со интензитет од 6,5 ги погоди Соломонските Острови
Силен земјотрес, со интензитет од 6,5 степени по Рихтеровата скала утрово го погоди брегот на Соломонските Острови во Тихиот Океан, соопшти американскиот Геолошки завод.
Потресот е регистриран околу 6.30 по локално време, 65 километри северозападно од Кирикара, на длабочина од 64,5 километри.
Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами, на Хаваи, не објави предупредување за цунами.
Кибер-ризиците се меѓу главните закани за економијата поврзана со интернет
Кибер-ризиците се меѓу главните закани за економијата поврзана со интернет, соопшти германската компанија за реосигурување „Минхен Ре“.
Во презентацијата на Септемвриските средби на реосигурителната бранша во Монако, компанијата истакна дека овој вид ризик би можел да достигне до 10 милијарди долари до 2020 година.
- Да се обрне повеќе внимание на кибер-ризиците и кибер-штетите, што би поддржало барање на решенија за...
Реконструкцијата на вијадуктот во Џенова ќе чини околу 200 милиони евра
Повторната изградба на урнатиоут вијадукт во Џенева ќе чини од 150 до 200 милиони евра, соопштија локалните власти.
Изградбата ќе ја изврши фирмата Финчантиери, во соработка со Италијански патишта, соопшти гувернерот на покраината Лигурија Џовано Тоти.
При уривањето на мостот минатиот месец загинаа 43 лица.
- Реконструкцијата ќе чини меѓу 150 и 200 милиони евра, а само за отстранување на стариот мост...
Каменуван косовски автобус во Србија, Пацоли и порача на српската полиција да се угледа на косовската
Автобус кој сообраќал од Германија за Косово е каменуван синоќа додека минувал низ Србија, јавија медиумите во Приштина, повикувајќи се на информации добиени од патниците на автобусот.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, на автобусот, кој сообраќа на релацијата Келн-Приштина и кој превезувал главно Косовци кои живеат во Германија, му е скршено предното стакло, но нема повредени патници.
Приштинските...
Заев: Македонското знаме заедно со знамињата на најмоќните држави членки на ЕУ и НАТО
Сакам сите заедно, нашето македонско знаме да го гледаме еднакво високо и развиорено до знамињата на економски најмоќните држави членки на ЕУ и НАТО. Нашето знаме заедно со знамињата на најразвиените држави во светот, порача премиерот Зоран Заев на граѓанскиот собир што синоќа се одржа во Битола.
Тој нагласи дека спорот со Грција е решен, а македонскиот идентитет потврден и...
Во Кривичен нови рочишта за Тенк, Т.Н.Т., Трезор и Тревник
Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во раздвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.
На претходното рочиште беа изведени писмени докази. Пред почетокот на судењето адвокатот од одбраната Боро Тасевски побара изведувањето на материјалните докази да се врши со нивна презентација за разлика од претходно кога се читаа само наслови од листата...
Сончево и топло со температура до 30 степени
Сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Ветерот повторно ќе се засилува долж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, а дненвите од 25 до 31 степени. УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје слично време со умерен северозападен ветер и температура од 15 до 29...
Без струја утре делови од општините Карпош, Гази Баба, Студеничани и Кисела Вода
Без струја утре во одредени делови од денот ќе останат корисниците од општините Карпош, Гази Баба, Студеничани и Кисела Вода.
РЦУК по известување од ЕВН Македонија информира дека во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул.„Борка Талески“ во општина Карпош и корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во с. Батинци во општина...
Стив Банон: На Трамп му се заканува преврат
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со државен удар, изјави денеска неговиот поранешен советник Стив Банон, имајќи ја предвид анонимната статија во весникот "Њујорк тајмс", во која се наведува несогласувањето во претседателската администрација.
- Тоа што го видовме минатиот ден, беше многу сериозно. Тоа е директен напад против институциите. Тоа е преврат, јасно?, истакна Банон за време на својата куса...
Дураку: По гласањето во Собранието, Шар Планина ќе биде прогласена за национален парк
Шар Планина, претставува едно од најзначајните подрачја за зачувување на природата на национално, регионално и европско ниво. Од италијанското Министерство за животна средина, земјиште и море и локални партнери се изработува социо-економска студија за подрачјето на Шар Планина и по нејзиното комплетирање почнува законската обврска за отпочнување на постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк.
Ова денеска го истакна...








































