Прва средба на високо ниво помеѓу ЕУ и САД за трговијата по тензиите
Американскиот претставник за трговија Роберт Лајтхајзер денеска престојува во Брисел, каде ќе се сретне со еврокомесарка за трговија Сесилија Малмстром на нова рунда трговски разговори.
Ова е прва средба меѓу Малмстром и Лајтхајзер по релаксирањето на односите помеѓу Брисел и Вашингтон минатиот месец, откако ЕУ и САД беа на чекор од трговска војна.
Според европски извори во Брисел, не се очекува...
Париз супериорен на првиот меч
Ракометарките на Металург го загубија првиот дуел со француски Иси Париз со високи 15-31, па затоа синоќешната реванш-средба, од двомечот од првото квалификациско коло од ЕХФ-купот беше само формалност.
Француските ракометарки уште од самиот почеток на натпреварот ја најавија својата фаворитска улога, речиси не дозволувајќи им на младите ракометарки на Металург да постигнат гол. Парижанките за само неколку минути поведоа...
Сомнително возило пронајдено на паркинг во источен Лондон
Лондонската полиција проверува едно „сомнително возило“ оставено на пракинг пред трговскиот центар Вестфилд во источниот дел на Лондон.
Според британските медиуми, реонот околку паркингот е блокиран, а возовите од лондонското метро на застануваат на блиската станица Стратфорд.
Барселона првпат во историјата доби капитен странец
Предводник на кошаркарскиот тим сега е Хрватот Томиќ, по заминувањето на Наваро,
чиј заменик досега беше токму Томиќ, кој во клубот е од 2012 година
Хрватскиот кошаркар Анте Томиќ стана првиот капитен странец во 92-годишната историја на кошаркарскиот тим на Барселона. Во оваа улога Томиќ го замени досегашниот капитен Хуан Карлос Наваро, кој замина во пензија откако клубот му соопшти дека...
Две лица загинаа во сообраќајка на патот Градско – Прилеп
Две лица го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во 00.20 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп.
Патничко возило „Опел Астра“, управувано од О.И.(37) од Прилеп, изгубило контрола, удрило во заштитна ограда од мост и излетало од патот во провалија, соопшти денеска МВР. Притоа, возачот О.И. и сопатникот Р.М. (56) од Прилеп починале на местото на настанот. Смрт...
Џон Нан – велемајстор, проблемист-шампион, писател, математичар
Секако дека е тешко да се биде континуирано во врвот на проблемскиот шах, уште повеќе што веќе имам 63 години, а и се појавуваат нови млади проблемисти што се полни со енергија за брзо решавање на поставените проблеми, вели истакнатиот англиски шаховски и проблемски велемајстор Џон Нан
Сметам дека треба да се работи на уште поголема популаризација за проблемскиот шах...
„Главата на Франц Кафка” – трета книга од едицијата „Прашки ракописи“
Издавачката куќа „Везилка 2011“ ја објави „Главата на Франц Кафка" - трета книга од едицијата „Прашки ракописи" на писателот Ристо Лазаров.
Претходно во оваа едиција беа објавени книгите „Цветаева во Прага" и „Незгасливите чешки пламени". Авторот најави уште седум книги во неговите „Прашки ракописи".
Во книгата, која содржи 40 поглавја, еден дел е посветен на преписката на Кафка со Милена Јесенска,...
Уште 20 дена – ние не сме Персијци, ние сме Македонци
Дипломатската ,,офанзива“ е сепак подобра од офанзивата од Авијано, зашто на медијаторите тоа може да им биде план Б, за непослушни (непокорни). Во секоја друга држава и околности оваа офанзива ќе имаше заглавие ,,Мешање во внатрешните работи на суверена држава - од страна“. Но, не сме до толку суверена држава и оваа офанзива не се третира како насилна -...
Успех на македонските составувачи на шаховски проблеми на турнирите во Охрид
Во секцијата А, каде што учествуваа 32 автори од 17 земји со 55 помошни мата во два потега првото место го освои македонскиот ВМ на шаховската композиција Зоран Гавриловски
Во рамките на 61-от Светски конгрес на шаховската композиција (СКШК) во Охрид се одржаа и официјални и неофицијални турнири во решавање и составување шаховски композиции. Официјалниот Интернет-турнир во компонирање за 61-от...
Избори во Шведска, екстремната десница ги подобри своите позиции
Шведска, по се изгледа, успеа да одолее на националистичката треска предизвикана од миграциската криза во Европа, оценува францускиот весник „Монд“.
Весникот наведува дека првичните резултати од вчерашните парламентарни избори покажуваат дека левицата и десницата се речиси изедначени, со тоа што екстремната десница ги подобри своите позиции што ќе и овозможи поголемо влијание во политиката во земјата.
Вообичаено премиер станува претседателот на...








































