Атина испратила демарш до Вашингтон за изјавата на Мичел

Строг демарш до САД за изјавата на американскиот помошник државен секретар Вес Мичел, во врска со името на ПЈРМ упати Министерството за надворешни работи на Грција, пишува грчкиот весник „Документо“ и открива дека официјална Атина, минатиот месец реагирала за говорот на Мичел во Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат. - На Балканот, американската дипломатија одигра водечка улога во решавањето...

Северна е само збор, но…

Северна. Тоа е само збор, но во Македонија поттикна дебати, дискусии во кафулињата и бројни навреди на Интернет, во последните неколку недели, пишува Шон Вокер, известувачот на британски „Гардијан“ од Скопје, во написот насловен „Не станува збор за тоа што е фер: Македонците се подготвуваат да гласаат за прашањето за промена на името“. Референдумот на крајот на месецов ќе ги...

Најголемите мачки на светот се нежни и ведри суштества

Титулата најголема мачка на светот ѝ припаѓа на расата мејн кун, која достигнува тежина од 11 килограми Постојат многу видови мачки: мали, без крзно, брзи, мрзливи..., а во продолжение ќе прочитате кои се најголемите. Титулата најголема мачка на светот ѝ припаѓа на расата мејн кун. Оваа раса може да достигне тежина дури и до 11 килограми, што е многу необично кога се...

Филмови во Кинотека за бунтовната ’68

Од 17-ти до 21 септември во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани пет филма за бурните настани во 1968. Програмата е насловена „Филмови за ’68: Половина век од Полов(н)ата револуција“. Филмската програма идниот понеделеник ќе почне со чехословачкиот игран филм од 1970 година „Случај за неискусниот џелат“ по сценарио и режија на Павел Јурачек. Во наредните четири дена ќе бидат прикажани...

Над 50 илјади рибари ги чекаат концесиите за риболовните води

Дваесет и седум риболовни води се без концесија во моментов. Старите се истечени, а новите допрва треба да се спроведат. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека постапките за концесии се во тек и се очекува да завршат кон средината на октомври. Рибарите се револтирани бидејќи платиле годишни дозволи, а не можат да ловат Риболовните води на Вардар...

Македонската филхармонија, Феми Кути и Емин Џијан со концерт во Белград

Оркестарот на Македонската филхармонија заедно со африканската ѕвезда Феми Кути и Емин Џијан како диригент, в четврток ќе одржат концерт во Белград на отворено, во амбиентот на Калемегдан. Како што соопшти Македонската филхармонија, овој грандиозен проект премиерно беше одржан во Скопје под името „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк на 7 јуни, пред околу 15 илјади посетители. Нигерискиот музички уметник, принцот...

Македонија со една победа постави два рекорда

Македонија го совлада Гибралтар на гости со 2-0 и постави нов рекорд од осум меча без пораз во низа, но и израмни рекорд стар шеснаесетина години од четири меча без пораз на официјални натпревари Фудбалската репрезентација на Македонија со победата над Гибралтар на гости со 2-0 (стрелци Тричковски и Алиоски) во 1-то коло од Лигата на нациите постави нов рекорд...

Охриѓанец пронајден мртов на работно место

Пред објкетот на „Македонски Телеком“ во Охрид синоќа бил пронајден мртов 45- годишен охриѓанец, кој бил вработен во Агенцијата за обезбедување, која била задолжена за обезбедување на објектот. -Во Полициската станица Охрид, синоќа во 21.34 часот вработен во „Телеком“-Охрид, пријавил дека на влез во објектот на „Македонски Телеком“ на ул.„Партизанска“ бил пронајден починат М.С.(46) од Охрид, вработен во Агенција за...

Криза – годинава помалку пари за трансфери отколку лани?

ЦИЕС објави дека вкупната потрошувачка за трансфери годинава во Европа изнесувала 5,82 милијарди евра, што е за 2,4 отсто помалку отколку во 2017 година Фудбалската опсерваторија на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) објави анализа во која се вели дека вкупната потрошувачка за трансфери годинава во петте најсилни лиги во Европа (Англија, Италија, Германија, Шпанија, Франција) изнесувала 5,82 милијарди евра,...

Наука за изведување аут!

Улогата на аутите е потценета, за разлика од другите прекини на игра. Ако очекувате врвните професионални фудбалери да бидат изведувачи на аут од светска класа, тогаш во голема мера сте оптимисти. Изведувањето аут е вештина што кога ќе се усоврши може да донесе голови, па дури и да спаси сезона на еден тим, вели Томас Гронемарк, тренерот на Ливерпул...