Пуштени собраниски снимки на судењето за „Т.Н.Т.“

Со гледање на снимки од надзорната расправа на собраниската Комисија за транспорт и врски денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски по изборите во 2011 година. Предметот „Т.Н.Т.“ на Специјалното јавно обвинителство се наоѓа во доказна постапка. Меѓу обвинетите во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт...

Танц и марш на парадата во Пјонгјанг

Северна Кореја организираше парада во Пјонгјанг, по повод 70-годишнината од формирањето на државата, која беше одбележана со т.н. „масовни игри“ во кои учествуваа бројни изведувачи. Припадници на армијата на Северна Кореја маршираа на плоштадот Ким Ил-сунг, во рамките на парадата.

Што би било Русија да ѝ дели совети на Македонија?

Амбасадата на Русија преку Твитер упати реакција во пресрет на референдумот на 30 септември. - Деновиве не е реткост странски лидери да им сугерираат на граѓани на Македонија како да гласаат за референдумот. Интересно, што би било вакви „совети“ да дели официјален претставник на Русија - пишува во твитот на Руската амбасада.  

Што сака Германија од Европа

Канцеларката Ангела Меркел сака да обезбеди германски сојузник на челната функција во наредната Европска комисија. Идеалниот кандидат не би бил Германец, но би ги поддржувал реформите што ги сака Берлин. Ако успее во тоа, Меркел ќе го осигури своето европско наследство, оценува „Политико“ Додека Брисел се подготвува за уште еден бесконечен говор при годишното обраќање до европските граѓани и за...

Двојно намален водостојот на Пчиња

Двојно е намален водостојот на Пчиња во однос на септемврискиот просек, а намалени се и нивоата на Вардар кај Јегуновце, Крива Река и Брегалница кај Берово, покажуваат денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Околу септемврискиот просек, но со благо зголемување, се водостоите на реките Вардар кај Зајчев Рид, Велес и Демир Капија, како и на Црна Река и...

Тевдовски: Повисоката наплата на даноци и придонеси за 120 милиони евра покажува зголемена економска активност

Наплатата на даноци и придонеси заклучно август е повисока за 120 милиони евра во однос на минатата година. Ова, според министерот за финансии Драган Тевдовски, укажува на поголема економска активност, односно поголема добивка на фирмите, повисоки плати и нови работни места. Тевдовски посочува дека даноците и придонесите пораснале за седум проценти во однос на минатата година. Ова значи продолжување на...

Училиштата „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“ со нови подови

Основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“ добија нови подови. Реконструирани беа старите подови во училниците и кабинетите и нивната замена со нови заврши. Заменети беа старите еластични ПВЦ-подови, а општината за овој проект издвои околу 2 милиона денари од сопствениот буџет. - Училиштето „Лазо Ангеловски“ со сопствени средства го реконструира и подот во холот на училишниот објект. Исто така,...

Во Ѓорче од денеска манифестација „Звуците на културата“

„Звуците на културата“ е насловена манифестацијата што првпат ќе се одржи во општината Ѓорче Петров. Ќе почне од денеска и ќе трае до 23 септември. Овој двонеделен настан на посетителите ќе им понуди многу интересни, но и несекојдневни содржини од повеќе сфери и за сите возрасти. - Програмата, која изобилува со културни, музички и спортски настани, почнува денеска со отворање...