Македонија едри кон ЕП

По две кола македонската фудбалска репрезентација со шест бода е осамена на врвот во групата 4 на лигата Д, по победата во неделата над Ерменија во Скопје, со 2-0 Македонската фудбалска репрезентација деветти меч во низа нема пораз, по победата со 2-0 над Ерменија во Скопје, во неделата, во вториот натпревар од групата Д во Лигата на нациите. Стрелци на...

Грабежот на обложувалницата во Маџари договорен меѓу разбојникот и вработената

Две лица заработија кривични пријави заради исцениран грабеж на скопска обложувалница, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 196.000,00 денари. Секторот за внатрешни работи Скопје - Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција - Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Гази Баба до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против лицата А.Ж.(30) од...

Водилка во моето творење секогаш беа децата

Во Спомен-куќата на Неделковски на денот на 77-годишнината од неговата смрт се одржа поетско читање на кое настапија неколкумина писатели од Велес, а им беа врачени признанијата на наградените ученици, кои учествуваа на литературниот конкурс Поетесата Македонка Јанчевска (76), авторка на многу стихозбирки, учебници, професорка и членка на Друштвото на писатели на Македонија, е добитничка на наградата за животно дело...

Графиката „Заеднички јазик“ проект на три училишта од Скопје и од Кичево

Во изминатиот период 23 ученици од основните училишта „Лазо Трповски“ и „Лирија“ од Скопје и „Реџо Рушит-Зајази“ од селото Зајас, Кичевско, беа дел од заеднички проект по ликовно образование за изработка на графички портрети. Проектот почна во скопските училишта и заврши кон крајот на август во училиштето во селото Зајас. - Со изработката на графички портрети, наша цел беше учениците...

Во Битола празнична изложба „Магијата на Монмартр“

Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола на 7 септември во културниот центар „Магаза“, во Старата битолска чаршија, ги претстави најдобрите ликовни творби од годинашната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“. Раководителот на студиото, Коста Хаџи Антоновски, истакна дека со оваа меѓународна ликовна изложба продолжува традицијата, во предвечерието на Денот на независноста на Македонија - 8 Септември, во...

Учениците од Кавадарци со своите маски го разубавија Тиквешкиот гроздобер

Од весели гроздоберчиња, дечиња - зрели гроздови црвени и бели, зелени ластарчиња, пеперутки во боите на виножитото, буренца со вино и ракија, прекрасни сонца, булки, сите смајли-фаци, убавата Клеопатра со своите поданици, па до веселата македонска свадба и главните ликови на мјузиклот „Мама миа“, беа дел од традиционалниот карневал што се одржа викендов на Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци. За сите...

Пронајдениот пес „спаси“ Американец од педесетгодишна затворска казна

Пронаоѓањето на пес доведе до решавање на криминален случај во Орегон, САД, односно до ослободувањето на Американец кој го почна отслужувањето на 50-годишна затворска казна, пишува магазинот „Тајм“.  Водоинсталатерот Џошуа Хорнер од градот Редмонд беше осуден во април минатата година за сексуално злоставување на малолетничка, која била негова тогашна девојка. Жртвата сведочеше на суд оти Хорнер се заканил дека ќе...

Заземе, не завземе

Во „Зборуваме македонски“ за грешките во пишувањето на гласовите. Да, драги мои, овие грешки ги најдов во книги, учебници списанија... Сега ќе се обидам една од нив да ставам во еден ваков дијалог. Митре и Митра спокојно разговараат. - Човекот е добар, работлив и одговорен. Знам дека сте роднини - го почна разговорот Митре. - А зошто не му дадете решение, малку...

Ја издрибла ли ЕУ и Грција?

Професијата политичар дозволува одредено претерување, но овој пат ептен дебело и неумесно ја претераа. Бидејќи не се случи ништо драматично ново и, пак за жал, ништо особено добро. Не, ова не се однесува за кај нас, далеку било. Туку се однесува за Европската Унија и за Грција, која „конечно ја надмина финансиската криза“. Така барем тврдат евробирократите, по уште...

Со храброста човекот застанува на страната на доброто

проф. д-р Кирил Темков Колку е подобро кога се покажуваат храброст и решителност, отколку страшливост и малодушност! Храброста значи отворено да се реши прашањето, а не да се одложува соочувањето со него. Храброста е отфрлање на стравот што го носи секој проблем, исправање пред него и почнување со расчистување на тешкотиите што оневозможуваат тој да биде совладан. Храброста значи да не...