ЕИБ со поволни кредити за малите и средни компании

На македонските мали и средни компании од денеска им е достапна поволна кредитна линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) што ќе се пласира преку Македонската банка за поддршка на развојот и 11 деловни банки. Се очекува до крајот на месецот да бидат потпишани договорите со деловните банки, а од средината на следниот месец да почне...

Лимај подготвен водењето на преговорите со Србија да и го препушти на опозицијата

Косовскиот вицепремиер Фатмир Лимај, кого премиерот Рамуш Харадинај го именуваше за предводник на владиниот тим за преговори со Србија, изјави дека е подготвен водењето на овие преговори да и го препушти на опозицијата. Лимај во интервју за весникот „Зери“ изјави дека до сега преговорите ги водела институцијата претседател на државата, додека со изгласувањето на владиниот преговарачки тим од страна на...

Ултрадесничарскиот бран не ја одмина ниту Шведска

Антиимигрантската, популистичка партија Шведски демократи освои доволно пратенички места за да биде клучниот играч што ќе има огромно влијание врз политиките на идната малцинска влада. Шведски аналитичари велат дека е само прашање на време кога ултрадесничарите и официјално ќе влезат во Владата, како што веќе е случајот во повеќе европски држави Шведска се соочува со долг период на политичка неизвесност...

Граѓанска иницијатива храни сѐ повеќе гладни усти

Сѐ повеќе граѓани, активисти и здруженија организирано покажуваат грижа за своите сиромашни сограѓани, кои не можат да си обезбедат три оброци или можеби ниту еден во текот на денот. Гладни усти има многу, а за социјално загрозените граѓани во Скопје само во седум општини на десет пункта се дели храна преку народните кујни. Тоа навистина не е доволно, па...

Американски автомобил со германски дизајн – „норман тимбс спешл“

Американецот Норман Тимбс создал многу необичен и чуден автомобил. Тој бил дизајнер на возила за формула „Инди 500“, но исто така ги обожавал и германските тркачки автомобили од 30-тите години од минатиот век. Возилото претставено на фотографиите е навистина необична комбинација, која ѝ го привлече вниманието на јавноста уште кога беше дизајнирано, а уште повеќе кога беше покажано на...

Во возило пронајдени 400 грама марихуана

На патарина во автомобил пронајдена најлонска кеса во која имало околу 400 грама марихуана, четирите лица кои ја превезувале дрогата, меѓу кои и малолетно девојче, се приведени во Полициска станица Тетово. На 10.09.2018 година околу 23.30 часот на наплатната станица „Желино“ полициски службеници сопреле патничко возило „Форд Ескорд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (20), а како сопатници биле Д.М.(18),...

Која е иднината на МПЦ по референдумот?

Ќе остане ли националниот предзнак како атрибут пред името на нашата црква ако евентуално дојде до промена на Уставот? Ако предзнакот „македонска“ се избрише пред името на институциите што имаат национална улога, дали тоа може да се случи и со Македонската православна црква, зашто и таа има национално значење? Ќе добие ли нашата црква статус на автокефалност како Охридска...

Американците не сакаат да ги стават животите на коцка со ураганот Флоренс

Повеќе сојузни држави во САД упатија повик за евакуација на жителите, подготвувајќи се за потенцијално катастрофалното невреме со доближувањето на ураганот Флоренс до источниот брег, пренесува „Вашингтон пост“. Властите во Северна и во Јужна Каролина, како и во Вирџинија, вчера издадоа наредба за итна евакуација на повеќе од 1,25 милиони луѓе. Се очекува Флоренс да пристигне до копно неделава, па...

Полицијата откри 10 мигранти во возило во Гевгелија

Во редовна контрола на булеварот „Гевгелија“ во Гевгелија полициски службеници синоќа во 01.00 часот по полноќ откриле 10 лица мигранти во патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Осум од мигрантите, соопшти денеска МВР, биле од Пакистан и двајца од Авганистан. Возачот побегнал од лице место, но по кратко време бил стигнат и лишен од слобода. Се работи за лицето В.Ф....

Давитков: Хендрикс ќе ни биде од голема корист во овој циклус

Крилниот центар, Американецот Ричард Хендрикс, вчера требаше да му се стави на располагање на селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков за претстојните натпревари со Косово (задутре) и со Романија (недела), од претквалификациите за ЕП 2021, што сигурно ќе биде значително засилување за црвено-жолтите. Американецот, кој во моментов е на подготовки со својот нов клуб, француски Ле Ман,...