Ципрас: Преспанскиот договор може да биде модел за други

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во своето обраќање пред Европскиот Парламент ги истакна дипломатските успеси на неговата влада во регионот, нарекувајќи го Преспанскиот договор „врвот на нашите напори“. - Со премиерот Заев од ПЈРМ успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог, овој договор може да биде модел за решавање на споровите во...

Боинг проценува дека Кина за 20 години ќе купи 7.690 авиони

Кинеските воздухопловни компании ќе купат 7.690 нови авиони во вредност од 1.200 милијарди долари во следните две децении, за да го одржат чекорот со растечката потрошувачка и деловната побарувачка за воздушен превоз, проценува Боинг. Најновата проценка на американскиот производител на авиони за периодот до 2037 година е поголема за 6,2 отсто од ланските прогнози, кога Боинг очекуваше кинеските компании до...

Метузалем

И таков каков што е, на изглед сув и безживотен, метузалемот е осуден на некаква „вечност“, да преживува и надживува и да го премолчува кодот на својата издржливост во библиска таинственост. Но тука не завршуваат асоцијациите на метузалем Оваа наша татковина и мајковина Македонија сѐ повеќе ме потсетува на метузалем, но не на библискиот Метузалем, дедото на Ное, кој според...

Шанса

Најважно е да се знае дека шансите не доаѓаат од некаде туку дека со работа се создаваат, како што младата фудбалска репрезентација работеше и си сработи за да ја создаде, а потоа и да ја искористи својата „шанса на векот“ и на голема врата да се најде на големо натпреварување. Така работејќи ќе се создадат условите за успех, никој...

Лига на нации: Историска победа на Косово

Репрезентацијата на Косово синоќа во Приштина ја забележа првата победа на еден официјален натпревар во организација на УЕФА. Косово ги победи Фарски Острови со 2:0 во Д-дивизијата Група-1 од Лигата на нации. Воедно ова беше прв натпревар што репрезентацијата на Косово го играше на домашен терен. Претходно ова селекција кога беше домаќин настапуваше во Албанија, бидејќи стадионот „Фадиљ Вокри“ во...

Еден загинат, десет повредени во 13 сообраќајки низ Скопје

Возач на патничко моторно возило загинал, а со тешки телесни повредни се здобиле двајца сопатници во една од вкупно 13 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден. Пешак со тешки телесни повреди се здобил во една, а во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле седум лица. Во шест сообраќајки била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција...

Гутереш: Климатските промени се директна егзистенцијална закана

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека светот се соочува со „директна егзистенцијална закана“ и дека мора да ја намали зависноста од фосилните горива до 2020 година, со цел да се спречи „излегување на климатските промени од контрола“. Гутереш истакна дела станува збор за „кризна ситуација“ што треба под итно да се решава, оценувајќи дека светот се соочува со...

Калифорнија најави затворање на сите термоцентрали до 2045 година

Гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија, Џери Браун го потпиша законот со кој државата се обврзува до 2045 година да произведува струја без емисија на јаглерод диоксид. - Ќе ги исполниме обврските од Договорот од Париз и ќе ја насочиме нашата економија да испушта нула јаглерод диоксид - изјави гувернерот Браун. Американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Климатскиот договор...

Поенти референдум: Членството во НАТО и ЕУ гарантира подобар живот за сите млади

Младите имаат шанса да ја однесат Македонија напред, членството во НАТО и ЕУ гарантира подобар живот за сите млади, сигурна перспектива, еднакви шанси за сите, зголемена вработеност кај младите, развој на претприемачкиот дух и квалитетно образование, порачаа поддржувачите на референдумот на вчерашните јавни настапи и на средбите со граѓаните. Пристапот до младинските програми на ЕУ за младите од Македонија ќе значи можност за...

Годишнина од нападите во Њујорк и Вашингтон

САД денеска одбележуваат 17 година од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон, во кои загинаа над 3.000 луѓе. Исламистите, повеќето од нив од Египет, киднапираа четири патнички авиони со кои ги урнаа зградите на Светскиот трговски центар во Њујорк и го погодија седиштето на американската армија - Пентагон во Вашингтон. Четвртиот авион падна во поле во Пенсилванија по борба меѓу...