Нарко шверцери уапсени во Италија, Германија и Албанија

Во голема заедничка акција на италијанската, германската и албанската полиција против недозволена трговија со дрога, уапсени се 20 лица, членови на две криминални групи шверцери на дрога. Меѓу уапсените лица се 17 државјани на Албанија, од кои две жени, еден италијански државјанин со албанско потекло, еден Косовец и еден Пакистанец. Шеснаесетмина од нов се уапсени во Италија, тројца во Германија,...

Увид на возило кое е дел од доказниот материјал за „Монструм“

Увид во возило кое е дел од доказен материјал ќе се врши денеска во рамки на судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство на Смилковско езеро од 12 април 2012 година. На претходните рочишта беше сослушан загрозен сведок, кој исказот го даде од друга просторија со мутиран глас и заматена слика. Во своето сведочење, тој кажа дека...

Црвениот крст организира симулација на сообраќајна несреќа во Скопје

По повод Светскиот ден по Прва помош - 8 Септември Црвен крст на Град Скопје денеска на „Рекорд“ во централното градско подрачје во Скопје ќе организира симулациска показна вежба-сообраќајна несреќа.  Вежбата Црвениот крст на Град Скопје ќе ја организира во соработка со МВР - СВР Скопје, а ќе учествуваат сите општински организации од Скопје, стручната служба на Црвен крст на Град...

Ердоган: Целиот свет ќе ја плати цената поради Идлиб

Офанзива на сириската армија против бунтовниците во провинцијата Идлиб би предизвикала хуманитарни и безбедносни ризици, чија цена би можел да ја плати целиот свет, порача турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во авторски текст во весникот „Волстрит Џурнал“.  - Офанзива на сириската армија во провинцијата Идлиб ќе предизвика хуманитарни и бебзедносни ризици по Турција, Европа и други континенти, оценува Ердоган. Сириски и руски...

Сончево со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер.  Утринската температура ќе се движи од осум до 18 степени, а дневната температура од 23 до 30 степени.УВ=6. Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 13, а дневната...

ПСЖ продал 900.000 дресови минатата сезона

Францускиот првак Пари Сен Жермен минатата сезона продал 900.000 дресови, а од нив најмногу биле со имињата на Нејмар и на Килијан Мбапе. Парискиот клуб беше критикуван за висината на трансферите на овие фудбалери, откако за Нејмар беа платени 222 милиони евра, а за Мбапе уште 180 милиони евра, но сепак ПСЖ со нив двајца постигна и одлични маркетиншки резултати. Интересен...

Утре без вода делови од општина Центар

Заради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник 300 мм на ул. „Димитрие Чупоски бб“ (пред Просветно Дело), утре без вода ќе бидат делови од општина Центар. Како што соопшти РЦУК прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, а без вода ќе бидат корисниците од ул. „Димитрие Чупоски бб“ на потегот од гимназијата Јосип Броз Тито до...

Болтон се закани со санкции за Меѓународниот суд во Хаг доколку САД бидат обвинети за воени злосторства

Џон Болтон, советникот на национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска се закани дека САД ќе воведат санкции против судиите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) доколку тие се решат да отворат кривични истраги за воени злосторства извршени од американски војници во Авганистан. - САД ќе ги употребат сите расположливи средства за да ги заштитиме нашите граѓани и граѓаните на...

Генимата: Сакаме решение, но не било какво

Позициите на Движењето на промена во однос на економијата, но и за Договорот од Преспа ги претстави претседателката на партија во нејзиниот говор во рамките на Меѓународниот саем во Солун. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Фофи Генимата го повтори ставот дека тие поддржуваат решение, но не било какво, а посебно не се согласуваат околу македонскиот идентитет и...

Во Австралија ископани џиновски камења кои содржат 113 килограми злато

Рудари во западна Австралија ископаа два огромни камења кои вредат повеќе милиони долари поради содржината на злато што се проценува дека е тешка над 113 килограми. Поголемиот камен има вкупна тежина од 95 килограми, a содржи 2.400 унци или нешто помалку од 69 килограми злато. Кај помалиот примерок со вкупна тежина од 63 килограми измерени се 1.600 унци или нешто повеќе...