Александар Чепурин: Косово да се врати на Србија
Амбасадорот на Русија во Србија Александар Чепурин, изјави дека Косово е српска земја, лулка на Србија и нејзиното свето место и дека треба да се врати во правната и државната смисла на Србија во согласност со меѓународното право.
Во интервју за списанието на Московскиот државен институт за меѓународни односи на руското Министерство за надворешни работи, Чепурин рече дека состојбата со...
Барние очекува крај на преговорите за Брегзит во ноември
Мишел Барние, европскиот преговарач за Брегзит, изјави дека очекува успешен крај на преговорите во текот на ноември.
- Довербата и единството се суштински принципи во Европската унија, изјави Барние, најавувајќи договор за сите суштински прашања, вклучително и статусот на ирската граница.
Барние учествуваше на Бледскиот стратегиски форум во Словенија, каде се сретнал и со словенечкиот технички премиер Миро Церар.
Џонсон: САД не сакаат да наметнуваат решение за Косово
Американскиот сенатор Рон Џонсон по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, на прес-конференцијата во Белград порача дека САД на Србија и посакуваат стабилност и просперитет.
-Кога ние обрнуваме особено значење на еден дел од светот, како на Србија и на Балканот, тоа е добро за сите вас. САД знаат дека има одговорност доста работи да понуди,но ние не сакаме на...
По четврти пат годинава ограбена црквата Свети Димитриј на православните гробишта во Тетово
Вторпат овој месец, а четврти пат годинава непознати сторители извршиле тешка кражба во црквата „Свети Димитриј“ што се наоѓа на улицата „Прохор Пчински“ внатре во православните гробишта во Тетово информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите податоци последната кражба била извршена во неутврден периодот од недела до денеска.
- Засега непознати сторители најпрвин го скршиле катинарот од дрвената...
Навратилова упати критики за однесувањето на Вилијамс
Легендарната тенисерка Мартина Навратилова ја пофали Серена Вилијамс за борбата за полова еднаквост, но упати критики за начиниот на кој се обиде да го направи тоа.
Вилијамс со 2:0 во сетови беше поразена во финалето на Ју-Ес опен од младата jапонска тенисерка Наоми Осака, но американската тенисерка го привлече целото внимание на натпреварот со однесувањето.
Таа во вториот сет загуби контрола...
Над 30 илјади раселени во Сирија поради бомбардирањата во Идлиб
Повеќе од 30.000 луѓе ги напуштија своите домови во Сирија поради бомбардирањата од сили на режимот и неговиот руски сојузник во провинцијата Идлиб и околните области, соопштија ОН. Податоците се за периодот од 1 до 9 септември.
- Ние сме длабоко загрижени од неодамнешната ескалација на насилството што предизвика раселување на над 30.000 луѓе, изјави портпаролот на Канцеларијата на ОН...
ЕУ и САД се надеваат да постигнат договор за трговската криза во ноември
Еврокомесарката за трговија, Сесилија Малмстром и американскиот претставник за трговија, Роберт Лајтхајзер, имале „конструктивна“ средба за трговските разлики, порача канцеларијата на Лајтхајзер по средбата.
Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Малмстром и Лајтхајзер ќе се сретнат повторно на крајот на овој месец, по што ќе се одржат технички преговори со цел да се постигне првичен договор во текот...
Претставници на Албанците од три српски општини побараа обединување со Косово
Претставници на етничките Албанци кои живеат во јужните српски општини Прешево, Бујановац и Медвеѓа денеска упатија повик за обединување со Косово.
Градоначалникот на општина Прешево Шќиприп Арифи тоа барање го изнесе на средба со косовскиот претседател Хашим Тачи, кој неодамна, заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ, го отвори прашањето за менување на границите меѓу Србија и Косово.
- Одобрете ја нашата...
Царовска: Законот за раст на минимална плата стимулира раст на текстилната индустрија
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска беше во работна посета на општина Ранковце, при што покрај средбата со градоначалникот на општината, Ивица Тошевски посети и два производствени погони за текстил, едни од главните работодавачи во реонот на Ранковце.
- Посетата ја искористив со цел да видам какви се условите, како се имплементира минималната плата и уште повеќе...
ЕУ планира погранична служба со 10.000 припадници
Европската унија планира до 2020 година да формира погранични одбранбени сили со 10.000 војници, објави весникот „Фајненшл тајмс“.
Според документот изработен во Брисел, тие вооружени сили ќе имаат задача да го запираат минувањето мигранти од една во друга земја членка на Унијата, а ќе служат и за забрзано депортирање на мигрантите чии барања за азил ќе бидат одбиени.
- Формирањето на...








































