ОН: Битката за Идлиб може да биде најтешката хуманитарна катастрофа на 21 век
Битката за провинцијата Идлиб последниот бастион на бунтовниците во Сирија, може да прерасне во „најтешка хуманитарна катастрофа на 21 век“, предупреди денеска заменикот генерален секретар на ОН за хуманитарни прашања.
– Треба да постои начин за решавање на проблемот, така Идлиб да не се претвори во следните месеци во најтешката хуманитарна катастрофа на 21 век со најмногу човечки жртви, изјави...
„Трезор“ продолжува на 27 септември
Судењето за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање за случајот „Трезор“, на Специјалното јавно обвинителство продолжува на 27 септември со изнесување на материјални докази.
Обвинителството на денешното рочиште презентира околу 60-тина документи од над 900-тина предложени, како материјални докази.
На обвинителна клупа во Кривичниот суд се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков,...
Спираки: Ципрас да распише избори за граѓаните да го поништат Договорот од Преспа
За економијата, но и за Договорот од Преспа, од опозициската Нова демократија, упатуваат критики до Владата, во реакцијата за активностите на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Меѓународниот саем во Солун.
Портпаролката на најголемата грчка опозициска партија и европратеничка, Мариа Спираки, го повика Ципрас да распише избори „за народот да го поништи договорот“.
- Во однос на скопското прашање, наместо да прашува...
Албиол: На Роналдо ќе му биде тешко да постигне 40 гола во Серија А
Фудбалерот на Наполи, Раул Албиол смета дека на Кристијано Роналдо ќе му биде многу потешко да постигнува голови во Серија А за разлика од Шпанија кога играше за Реал Мадрид.
Португалецот се уште нема дадено гол за Јувентус иако веќе поминаа три рунди во Серија А.
- Во Италија се игра многу тактички и дефанзивен фудбал. Се бара одржување на физичката...
Вебер: Турција не може да биде дел од ЕУ, Западниот Балкан – да
Потенцијалниот кандидат за претседател на Европската комисија, Германецот од Европската Народна Партија Манфред Вебер, во интервју за полски медиуми го потврди својот став дека за него Турција не може да биде членка на Европската Унија.
Вебер сепак прецизираше дека својот став не го темели на верски гледишта по ова прашање.
-Не е прашање на вера бидејќи на Западниот Балкан има региони...
Најмалку шест жртви во нападот врз нафтена компанија во Триполи
Вооружени мажи ја нападнаа денеска централата на Националната нафтена компанија (НОС) во либискиот главен град Триполи каде се регистрирани експлозија и истрели, јавија западни медиуми.
Во нападот загинале најмалку шест луѓе. Централата ја нападнала група во која имало и самоубијци. Тројца активирале експлозиви што ги носеле на себе, а останатите упаднале во зградата и зеле заложници.
Во зградата избувна пожар кој...
Во АХВ досега евидентирани 9.200 домашни миленици
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги потсетува сопствениците на миленици дека е во тек кампањата за микрочипирање на кучиња и мачки.
Кампањата ќе трае до 31 март идната година. Обезбедени се 100.000 бесплатни микрочипови, а донацијата е по принципот „прв дојден, прв услужен“.
- Сопствениците на миленици да ја искористат оваа можност, да ја исполнат својата законска обврска и да...
Царовска: Европскиот социјален фонд нуди 70 милиони евра за вработување и мобилност на младите
Европскиот социјален фонд нуди 70 милиони евра за вработување и мобилност на младото население во државите, а досега Европската Унија во Македонија има дадено повеќе од 8,8 милијарди евра, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при денешната работна посета на општина Ранковце.
Како што рече, тоа се значителни средства коишто, доколку директно се инвестираат во вработувања, ќе...
Европските инспектори се враќаат во Грција
Претставници на европските институции се повторно во Грција за да го проверат текот на економските реформи во земјата, три недели откако заврши третата меѓународна спасувачка програма за земјата, пренесува БТА.
Петдневната инспекција, која започна денеска, се очекува да се фокусира на ветувањата на Владата, дадени за време на викендот, да воведе даночни олеснувања, како и плановите за укинување на намалувањето...
„Катар ервејс“ ги инспирира патниците да го разбудат авантуристот во себе со патување до некоја од портите кон светот
Патниците што ќе резервираат лет од 10 до 18 септември може да ги искористат одличните цени на летови кон голем број возбудливи дестинации како и тројни „Q милји“ за членовите на „Привилиџ клубот“
„Катар ервејс“ ги инспирира патниците да го разбудат авантуристот во себе или да одвојат време за зближување со семејството и пријателите, со тоа што ќе го испланираат...








































