Донација од 80 илјади долари за училиштето „Ристо Ристески Ричко“ во Прилеп
Средното училиште „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп доби нова најсовремена опрема за изведување практична настава од електротехничкаструка, како и целосно реновирање на просториите каде се врши практичната настава. За потребите на овој образовен профил вредната донација од 80 илјади долари ја додели Филип Морис ТКП.
Покрај опремување на училниците со поставување нов под, санација на внатрешните ѕидови, замена на...
Попладне засилен ветер долж Повардарието
Засилен ветер со брзина од 80 километри на час се очекува попладнево особено во северните делови од државата долж Повардарието.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека од попладне облачноста ќе се зголемува.
Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 19, а дневната од 20...
Нема потврда од науката дека ГМО се штетни
Од генетски модифицираните организми (ГМО) регистрирани во светски рамки, досега не е евидентиран ниту еден штетен случај врз здравјето на луѓето, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов.
По трибината на оваа тема во Стопанската комора на Македонија, професорот Среќко Ѓорѓиевски од Факултетот за земјоделски науки и храна напомена дека се докажани поголеми штетни влијанија од употребата на...
Кичево ја одбележа 75-годишнината од првото ослободување
По капитулацијата на Италија, на денешен ден 11 септември 1943 година, Кичево стана првоослободен град во Македонија во времето на НОВ и прва ослободена територија во Македонија. По првото ослободување и по 21 ден, Кичево е повторно окупирано и завземено и до ноември 1944 година, уште четири пати е ослободувано.
Денес по тој повод во градот беше одбележан овој светол...
Македонската филхармонија, Феми Кути и Емин Џијан со концерт во Белград
Оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со африканската ѕвезда Феми Кути и Емин Џијан како диригент, на 13 септември ќе одржат концерт во Белград на отворено, во прекрасниот амбиент на Калемегдан. Овој грандиозен проект премиерно беше одржан во Скопје под името „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк на 7 јуни, пред околу 15 илјади посетители.
Нигерискиот музички уметник, принц на афробитот...
УЕФА планира воведување на трето клупско натпреварување
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) планира да воведе ново клупско натпреварување почнувајќи од 2021 година.
Засега не е познат каков ќе биде форматот, но бројот на екипи во евро-куповите би се проширил на 96.
- Зелено светло е дадено, одобрување е во тек. Сегашниот модел треба да се модернизира - рече официјалниот претставник на УЕФА и претседател на Јувентус Андреа Ањели.
Тој на...
Децениско успешно работење на домашната модна сцена
Со промоција на колекцијата „Х“ на Модната недела во Софија, брендот „Елена Лука“ одбележува фантастичен 10-годишен јубилеј. Промоцијата на јубилејната колекција ќе се одржи во рамките на четвртата вечер, на 20 септември, кога, според програмата на Модната недела, ќе настапат повеќе странски модни етикети.
- Секоја од креациите во оваа луксузна јубилејна колекција „Х“ го има своето уникатно место при...
Складираниот смет и смрдеата повторно ги оптоваруваат тетовци
Жителите на Тетово алармираат дека повторно се соочуваат со непријатната миризба на изгорен смет. Пред се во вечерните часови се чувствува смрдеата поради која луѓето велат дека се приморани да остануваат дома навечер.
Сметот од контејнерите во Тетово со отворањето на новата претоварна станица требаше да се собира и компресира за потоа да се транспортира до депонијата Дрисла. Сепак во...
Интимен и носталгичен концерт на Брајан Фери
Цените на билетите сигурно беа превисоки за џебот на просечниот Македонец, но интимната атмосфера и близината на Фери и неговиот фантастичен бенд до публиката во салата вредеа за сите пари
Како човек со исклучително рафинирано чувство за уметност и добар вкус, Брајан Фери никогаш не бил многу заинтересиран за креирање посебна визуелна контура на неговите концерти. Тие секогаш се конвенционални,...
МАНУ ќе се консултира околу можноста да не го смени името
Македонската академија на науките и уметностите ќе има консултации со експерти со цел да се утврди дали постои можност за поголема флексибилност во однос на прашањето за преименување на оваа институција согласно одредбите од Договорот од Преспа.
Во членот 1 од Договорот се наведува дека придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции ќе биде во...








































