Поднесено обвинение против две лица за убиството на Никола Саздовски

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката „притвор“ против две лица за сторено кривично дело „убиство“ од Кривичниот законик. На обвинетите им се става на товар дека заеднички и на свиреп начин го лишиле од живот оштетениот Никола Саздовски. Како што е наведено во соопштението од Обвинителството, обвинетите на 29 јуни 2018 година...

Македонско-грчка соработка на откривање радиоактивни материи на граничните премини

Македонија и Грција ќе воспостават заедничка проверка на граничните премини за откривање радиоактивни опасни материи и ќе ја подобрат соработката за да се намалат ризиците од сообраќајни несреќи и евентуално загадување од радијација. На оваа тема, денеска во Дојран разговараа научници и други претставници на Македонија и на Грција во рамки на проектот СТРАС „Безбеден прекуграничен транспорт на опасни радиоактивни...

„Историскиот“ говор на Вучиќ без решение за Косово

Последната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на северниот дел на  предизвика различни реакции во политичката јавност во Србија и Косово. Приврзаниците на актуелната политика на Белград се со позитивни оцени, додека опозицијата и независни политиколози упатуваат критики за говорот на Вучиќ пред српското население во Косовска Митровица. - Неверојатно е што сѐ може да направи Александар Вучиќ за три...

Класика за деца во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода

Познатата виолиниска Пламенка Трајковска со членовите на нејзниот камерен состави, во рамките на проектот ,,Класика за деца“ утре во 17 часот, ќе одржи концерт за најмладите во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во скопската општина Кисела Вода. Насловот на концертот е „Музика и танц“ и ќе биде изведен со гудачки квартет. Преку изведбата на класичните композиции ќе биде објаснето како се восприемала...

Заврши увидот врз возилото „опел омега“

Судиите од Кривичниот суд Огнен Ставрев и Осман Шабани, обвинителите од СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и адвокати, денеска во присуство на јавноста извршија увид на возилото „опел омега“ кое е дел од доказниот материјал за случајот „Монструм“. Новото рочиште што е закажано за 19 октомври ќе продолжи со доказна постапка. Крим техничар од МВР ја отвори „опел омегата“....

Мустафа против менување на границите на Косово

Поранешниот косовски премиер и лидер на водечката опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа денеска ги повика лидерите на општините Прешево, Медвеѓа и Бујановац да престанат со повиците за менување на границата меѓу Србија и Косово. Според Мустафа, овие барања за размена на општините во Србија со мнозинско албанско население за општини од Косово каде Србите се мнозинство,...

По Договорот од Преспа, ЕБРД очекува зголемување на инвестициите во Македонија и Грција

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) очекува значително зголемување на своите инвестиции во Македонија и во Грција, по договорот за надминување на спорот околу името, изјави потпретседателот на оваа финансиска институција Пјер Хајлброн. - Надминувањето на спорот ќе „отклучи“ многу проекти, бидејќи двете земји имаат желба својот политички успех да го претворат во конкретни инвестиции - изјави Хајлброн...

Поради диви превозници се укинуваат редовни автобуски линии

Бројот на патниците кај регистрираните автобуски превозници е драстично намален поради „дивите превозници“, така што тие се принудени да ги редуцираат или укинуваат автобуските линии. Истовремено, поради работата на нелегалните превозници, државниот буџет на годишно ниво е оштетен за околу 600 милиони денари. Со овие тврдења излезе вчера асоцијацијата на превозници „Исток“, апелирајќи до надлежните институции да преземат мерки...

Купуваат енергетски ефикасни станови, а плаќаат огромни сметки

Има објекти што се проектирани како една класа, а потоа се покажува дека се сосема друга, поради што и граѓаните добиваат многу повисоки сметки. За надминување на ваквите пропусти, Стопанската комора на Македонија најави нов триесетмесечен проект т.н. „Тренинг“, кој ќе ги обучува работниците и компаниите-изведувачи на добро поставување изолација, прозорци, врати Граѓаните не можат да бидат сигурни дали кога...

Дискусија за пристапот во ЕУ и за фискалната децентрализација

Владата максимално вложува да ја подобри функционалноста на општините и услугите што ги испорачуваат. Работиме на подобрување на условите за живеење на локалниот економски развој, што е примарно за граѓаните, изјави денеска министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на 15. средба на консултативниот комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на ЕУ. Министерот ја истакна важноста од поддршката на...