Посебен сообраќаен режим во Нерези

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен во Нерези утре и заутре, во период од 8.30 до 10.30 часот, поради одржувањето на вториот меѓународен „ФИС ролер ски куп Скопје“. Како што соопшти МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на потег од село Долно Нерези – улица „Козле 1“ до паркингот...

За една недела во Србија починаа четири лица од западнонилска грозница

Во Србија во изминатите седум дена уште четири лица починнаа во треската на Западен Нил, објави Институтот за јавно здравје на Србија „Милан Јовановиќ Батут". Годинава од треската на Западен Нил, во Србија заболеа 286 луѓе, а починаа 29 лица. Најголемиот број на заболени се регистрирани во Белград-141 лице. Вирусот на Западен Нил се пренесува преку заразени комарци. Тоа е сезонска болест...

Меј: Средбата на врвот на ЕУ на 20 септември – важна фаза во преговорите за Брегзит

Британската премиерка Тереза ​​Меј ја оквалификува неофицијалната средба на врвот на Европската унија на 20 септември како важна фаза од преговорите за Брегзит, која ќе им овозможи на лидерите од Унијата првпат да го разгледаат нејзиниот план за излегувањето на Велика Британија, изјави портпаролот на Меј. - Премиерката изјави дека следната среда ќе отпатува во Салцбург,за да учествува во неофицијалната...

Рударите ќе заминуваат во пензија на околу 50-годишна возраст

Рударите ќе се пензионираат само со работен стаж. Жените со 35 години, а мажите со 40-годишен работен стаж, а за тоа се изготвени и законски измени, информира денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.    На денешната седница, како што потенцира министерката била усвоена точката за измени и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што им...

ОН: Бројот на гладни во светот се зголемува

Бројот на гладни луѓе во светот се зголемил во изминатите три години, со што е вратено нивото од пред една деценија, се нагласува во извештај на ОН. Извештајот објавен денеска покажува дека 821 милион луѓе, секој деветти на планетата, се неухранети во 2017 година (815 милиони во 2016 година). Речиси 151 милиони деца под пет години - 22 отсто од вкупниот...

Полски весници излегоа од печат со празна насловна страница

Полски дневни весници објавија денеска отворено писмо до Европскиот парламент додека дел од водечките дневни весници излегоа од печат со празна насловна страница. Тие апелираат дигиталните гиганти како Гугл и Фејсбук да не заработуваат од содржини и вести од традиционалните медиуми. Во писмото тие апелираат до европските пратеници на 12 септември да гласаат за член 11 од новата директива на...

Застрашувачка бројка на самоубиства во Албанија

Официјалната статистика соопштена од надлежните институции потврдува застрашувачка бројка на самоубиства во Албанија. - Државниот институт за статистика, ИНСТАТ соопшти дека во период од три години, 2015/2017 година регистрирани се 659 самоубиства. За изминатиот период од оваа календарска година сеуште нема официјална бројка иако според полицијата и заравствените установи тој број и понатаму загрижува, наведува тиранската телевизија Визион плус. Според истиот...

Видео: Почнаа „воените игри“ на Русија и Кина

Околу 300 илјади војници и илјадници возила, летала и воени бродови земаат учество во најголемите воени вежби што Русија ги организира во последните 37 години, пренесува „Раша тудеј“.  Единици од Кина, исто така, се дел од маневрите. Воените вежби „Восток 2018“ има цел да ја тестира способноста на руската армија за брзо распоредување и преместување на бројни сили на поголемо растојание,...

Гостиварско училиште не ги прифаќа општинските пари за да плати струја

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари информираше дека директорите на училишта поставени од Владата одбиват соработка, а како куриозитет посочи пример во кој директор на едно школо не прифаќал општината да ги плати заостанатите сметки за струја. Според првиот човек на Гостивар околу 35 наставници, професори и учители биле избркани од работа, а на нивно место настава почнале да држат...

Славе Ѓорѓо Димоски добитник на наградата „Антево перо“

Поетот Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на наградата „Антево перо“, прв пат востановена оваа година во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. Како што соопшти Жири комисијата во состав Венко Андоновски (претседател), Кристина Николовска, Митко Гогов, Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), наградата на Ѓорѓо Димоски му се доделува за необјавената стихозбирка „Кумова слама“. Со тоа, Славе Ѓорѓо...