Харадинај: Корекција на границите е опасен експеримент
Премиерот на Косово Рамуш Харадинај денеска изјави дека корекцијата на границите е опасен експеримент и со тие иницијативи мора да се биде многу внимателен.
- Играта со границите и територии е опасен експеримент и ги повикувам сите да бидат внимателни. Секогаш кога ќе започне темата за границата, нема гаранција како тоа ќе заврши, и по сите трагедии, Косово не може...
Нова планска и проектна документација за електроцентрали од обновливи извори
За потребите на Министерството за економија за изградба на електроцентрали од обновливи извори на енергија ќе се изработи соодветна планска и проектна документација.
Информацијата за потребата од документацијата е усвоена денеска на седница на Владата.
За таа нaмена Министерството за транспорт и врски во рок од три дена до Владата треба да достави предлог за изменување и дополнување на годишната програма...
Пожар кај Скопската обиколница
Трева, грмушки, дрва и шупа на површина од пет хектари во околината на Скопската обиколница биле зафатени со пожарот што Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје го гаснела денеска од 12:48 до 18:30 часот.
Според информациите од Противпожарната бригада, интевенирале со пет возила и 13 пожарникари.
Времен прекин на сообраќајот на делницата Фариш-Дреново
Автомотосојузот на Македонија информира дека од утре се воведува времена измена на режимот на сообраќај поради планираните градежни работи на делницата Фариш-Дреново на експресниот пат Прилеп-Градско.
Според најавата од изведувачот на работите, шпанската Констракшн Рубау А.Д. Гирона, градежните активности почнуваат утре во седум часот, а прекини во сообраќајот ќе има од 09:00 до 15:45 часот. Прекините ќе започнат во 09:00,...
Трамп: Америка никогаш нема да се потчини на тиранија
Американскиот претседател Доналд Трамп истакна денеска, по повод 17 години од терористичките напади на Ал Каеда, дека „Америка никогаш нема да се потчини на тероризмот“.
Трамп ја упати пораката од полињата близу Шенксвил во Пенсилванија, каде се урна киднапираниот авион од Калифорнија во 2001 година.
Пред точно 17 години, 19 киднапери во самоубиствена акција киднапираа четири авиони. Два киднапирани авиони удрија...
Нова национална стратегија за деинституционализација за 2018–2027
За неколку месеци ќе заврши националната стратегија за деинституционализација 2008–2018, така што Владата на денешната 88-ма седница ја прифати новата Национална стратегија за деинституционализација во Република Македонија за 2018–2027, симболично насловена „Тимјаник“.
Владината прес-служба информира дека новата стратегија за деинституционализација го проширува фокусот и нуди сеопфатен преглед на социјалните услуги во тековниот контекст.
- Стратегијата ги претставува визијата, целите, стратешкиот пристап на...
ВМРО-ДПМНЕ гради став за референдумот
Во ВМРО-ДПМНЕ од попладнево се во тек координации на Извршниот комитет и на Централниот одбор на кои се очекува да биде заземен став на партијата за претстојниот референдум на 30. септември.
Претходно, во партиското седиштето се одржа коордиција и со пратеничката група.
Според најавите од партијата, заклучокот од состаноците на највисоките партиски тела ќе биде објавен на прес-конференција.
Од партијата во повеќе...
Орбан со остри напади кон Европскиот парламент за извештајот „Саргентини“
Ден пред клучно гласање на Европскиот Парламент за суспензија на правото на глас на Унгарија во ЕУ, премиерот Виктор Орбан одржа жестока дебата со европратениците.
Извештајот „Саргентини“, наречен по известувачот, европратеничката Јудит Саргентини, предвидува активирање на „нуклеарната“ опција – членот 7 на Повелбата на ЕУ, со која се суспендира правото на глас на земја членка во Советот на ЕУ. Извештајот...
Русија осомничена за здравствените проблеми на американските дипломати на Куба
Русија е главниот осомничен во истрагата спроведена од американските разузнавачки агенции за мистериозното заболување на персонал во Амбасадите на Куба и во Кина, објави Ен-Би-Си Њуз.
Со истрагата во која биле вклучени ФБИ, ЦИА и други агенции, има докази од пресретнување комуникации кои укажуваат на вмешаност на Москва, наведува медиумот, цитирајќи три извори и уште две лица.
Доказите сепак, не се...
Тешко повреден пешак во Скопје
Четириесетгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила денеска во 12.50 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистерски ознаки управувано од Д.К (49) удрило во пешакот Б.А (40) од Скопје.
Повредениот пешак со возило на Итна медицинска помош е однесен на...








































