Европарламентот утре ќе гласа за измените на законот за авторски права
Пратениците во Европскиот парламент, после две години дебати, утре ќе гласаат за закон што може да го промени односот на сили меѓу производителите на вести, филмови, музика и доминантните интернет платформи кои нивни содржини ставаат на свои веб сајтови, а за тоа не плаќаат никаков надомест.
Иницијативата е поднесена во 2016 година со цел да се ажурира законот за авторски...
Матуиди: Роналдо ќе ни помогне да ги оствариме целите
Фудбалерот на Јувентус, Блеиз Матуиди, зборуваше за целите на италијанскиот шампион во сезоната во интервју за „Газета дело Спорт“.
Светскиот шампион со Франција е на мислење дека големата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо ќе додаде драгоцено искуство на своите соиграчи, со кој може да биде освоена титулата во Лигата на шампиони, која долги години е посакувана во Торино.
- Имаме многу...
Трамп ја откажа посетата на Ирска планирана за ноември
Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Ирска, планирана за ноември, поради проблеми околу распоредот, соопшти денеска ирската Влада.
Белата куќа во август соопшти дека Трамп ќе отпатува во Ирска по првпат во својство на претседател како дел од пaтувањето за време на кое ќе присуствува на одбележувањето на стогодишнината од примирјето со кое заврши Првата светска војна, а...
Ѓоковиќ ја откри тајната на успехот
Шампионот на Вимблдон и Ју Ес Опен, Новак Ѓоковиќ призна пред медиумите кој е клучот за одличната форма и двете Гренд слем титули, кои ги освои во последните месеци. Според Ѓоковиќ тоа се должи на петдневниот одмор на планина, заедно со неговата сопруга Јелена.
Како што е познато, пред Ролан Гарос, Србинот имаше тешкотии по повредата во лактот и се...
Најмалку 55 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Индија
Најмалку 55 лица загинаа, а 33 се повредени кога преполн автобус падна во клисура во Индија.
Автобусот превезувал верници и се враќал од храм на еден рид во јужната држава Теланган. Возачот, кој е меѓу жртвите, ја изгубил контролата и возилото паднало од патот. Повеќето патници претрпеле сериозни повреди.
Вонредна состојба во Вашингтон поради ураганот Флоренс
Градските власти во Вашингтон денеска прогласија вонредна состојба поради доаѓањето на ураганот Флоренс.
Градоначалничката на американската престолнина Мјуриел Баузер изјави дека потпишала наредба за прогласување вонредна состојба во врска со ураганот, кој беснее во Атлантскиот Океан.
Вчера Флоренс стигна до четврта категорија на петстепената скала на Сафир-Симпсон. Окото на ураганот е на околу 1.985 километри југоисточно од крајбрежјето на Северна Каролина....
Тениските судии и објавуваат бојкот на Серена Вилијамс
Скандалот околу Серена Вилијамс и нејзиното однесување во финалето на Ју Ес Опен добиваат нова димензија. Причината е дека тениските судии размислуваат за бојкот на освојувачката на 23 Гренд слем титули. За тоа навестил пред „Тајмс“ анонимен колега на судијата Карлос Рамос.
Незадоволството на судиската екипа е насочено кон Вилијамс и Тениската федерација на САД (УСТА).
- Тој бил фрлен во...
Заев: Со Договорот од Преспа имаме целосна заштита на македонскиот јазик
Со Договорот од Преспа имаме целосна заштита на македонскиот јазик, порача премиерот Зоран Заев вечерва на трибината „За Европска Македонија“ во Македонска Каменица.
- Градот на Јаков од Камена Река кој што е првиот печатар кој отишол во Венеција и се вратил со испишани книги на првиот јазик на кој со гордост зборуваме денес е одличен доказ дека јазикот е...
Во Хрватска 5 лица заболени од западнонилска треска се борат за живот
Пет лица се борат за живот во загрепска клиника за инфективни болести откако по убод од комарец заболеле од западнонилска треска, пренесуваат хрватските медиуми.
- Бројот на заразени од опасниот вирус се зголемува - изјави д-р Марко Кутлеша од Институтот за интензивна медицина и инфектологија. Тој посочи дека петмината заразени се во критична здравствена состојба и се на апарати за...
Македонија У21 ремизираше со Ерменија
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра нерешено 3-3 против Ерменија на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во рамки на квалификациите за ЕП во 2019 година.
„Црвено-жолтите“ имаа предност од два гола во 90-тата минута, но со автоголот на Амановиќ, како и погодокот на Аветисјан, гостите си заминуваат од Скопје со бод.
Атанасов во 26-тата минута ја доведе во водство нашата селекција, а...








































