Научниците појаснија зошто на Месечината гледаме лице

Научници од Универзитетот Рутгерс сметаат дека нашиот привид за човечко лице на месечевиот диск се должи на магнетизиран прав, којшто е остаток од лава која била активна пред 1000-ци години. Таа прав се собира и така ги создава загадочните дамки на површината на Месечината што личат на лице или пак, на други нешта при полна Месечина. Темните дамки што...

Масовни протести за независност на Каталонија

Неколку стотици илјади луѓе протестираа синоќа во Барселона и други градови во шпанската област Каталонија, повикувајќи на независност и на ослободување од затвор на лидерите на каталонското сепаратистичко движење. - Да создадеме Каталонска Република, извикуваа демонстрантите, кои при тоа соборија слика од шпанскиот крал Фелипе Шести. Организаторите проценуваат дека на протестите излегле 470.000 луѓе. Собирот доаѓа малку пред годишнината од референдумот за...

Хашим Тачи во Скопје на средба со Заев

Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска ќе престојува во работна посета на Македонија и ќе има средба со премиерот Зоран Заев.  Владината прес-служба информираше дека Заев и Тачи ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на двете земји.  По завршувањето на средбата ќе следуваат изјави за медиумите на косовскиот претседател и македонскиот премиер.

Матис и Мичел доаѓаат во Македонија за поддршка на референдумот

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис најави дека наредниот викенд ќе ја посети Македонија за да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Москва во процесот. - Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели и јасно ќе ставам до знаење дека САД го поддржуваат македонскиот народ, рече Матис во изјава...

Мицкоски: Секој граѓанин да постапи според сопственото убедување (видео)

Донесовме одлука секој граѓанин на референдумот да постапи според  сопственото убедување, соопшти лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски на прес-конференција доцна синоќа по неколкучасовните состаноци на Извршниот и Централниот комитет на опозициската партија.  Одлуката, рече, е донесена по консултациите со граѓаните и различните мислења кои постојат меѓу  народот - за апстиненција или да се гласа против, но и  оние, како што...

Хашим Тачи во работна посета на Македонија

Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска ќе престојува во работна посета на Македонија и ќе има средба со премиерот Зоран Заев.  Владината прес-служба соопшти дека средбата во Владата ќе биде денес, претпладне. Заев и Тачи ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на двете земји.  По завршувањето на средбата ќе следуваат изјави за медиумите на косовскиот...

Сончево и топло време, следува благ пораст на температурите

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен ветер поизразен на северот. УВ=6. Утринската темепратура ќе се движи од 8 до 19 степени, а дневната температура од 24 до 31 степени. Во Скопје ќе биде сончево со краткотраен засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 29 степени.  Во следните денови температурите ќе...

Заев: Опозицијата и власта да бидат заедно за иднината на Македонија

Сега е моментот и опозицијата и власта да бидат заедно затоа што се работи за иднината на идните генерации, порача премиерот Зоран Заев на вечерашната трибина „За европска Македонија“ која се одржа во Делчево како дел од кампањата за референдумот за Договорот за името закажан за 30. месецов.    - Испраќам порака и до Христијан Мицковски и до граѓаните, заедничка ни...

Делови од Петровец, Аеродром и Центар утре без струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре наместа ќе има прекин на електричната енергија. Од „ЕВН“ соопштија дека корисниците од селата Петровец и Р'жаничино утре од 8.20 до 14.30 часот ќе останат без струја, а жителите на селата Миладиновци, Текија и Дељадровци од 8.25 до 14.30 часот.  Во Општина Аеродром, од 8.30 часот до 10.30 часот без струја ќе бидат жителите на...

Дел од општина Центар утре без вода

Поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник Ф-125мм на улицата „Орце Николов“ бб, кај фонтаната на плоштад „Македонија“, утре ќе има прекин во водоснабдувањето. Корисниците од дел од улиците „Орце Николов“, „Скопска“, „Никола Кљусев“ и Кеј „13 – ти Ноември“ утре ќе бидат без вода од 9 часот, па се до завршување на интервенцијата.