Судењето за „Титаник“ одложено за 24 септември
Поради болест на обвинетиот Мартин Протуѓер судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 24 септември.
Адвокатот на Протуѓер, Дончо Наков, на судот достави лекарска документација и објасни дека обвинетиот ноќеска во два часот бил однесен на ургентен центар.
Обвинителката Лиле Стефановска, рече дека со лекарската потврда се докажува спреченоста на обвинетиот да присуствува на рочиштето, но таа...
Штипјанец фалсификувал диплома
Штипјанец со иницијали Г.Д. (51) е осомничен дека со фалсификувана диплома напредувал на работното место, поради што полицијата му поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека пријавениот во 2016 година набавил фалсификувано уверение за положени испити од Високата школа за менаџмент во сообраќајот во Ниш, Република Србија....
ВАР би бил блескава иднина за ракометот
Според Брестовац, судиските грешки би биле сведени на минимум, Јагањац смета дека ВАР би требало да се користи и во ситуации на престап, чекори и пробивање, а Карачиќ вели дека потребно е ВАР да се воведе, но дека не би било пожелно мечевите да бидат често прекинувани
Видео и компјутерската технологија и воведувањето на системот видеопомошник-судија (ВАР), стануваат секојдневие во...
Македонија има квалитетен материјал за финален спортски производ
Главните цели на ЏФМ се квалитетно подобрување на условите за работа во клубовите, создавање навремена и здрава селекција џудисти со соодветни подготовки, остварување високи натпреварувачки цели на ЕП и на СП, како и учество на ЛОИ 2020, вели Зељул Реџепи, претседателот на ЏФМ
За претседателот на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ), Зељул Реџепи, успехот на репрезентативците на Балканијадата во Кавадарци е...
По 20 години, Европа пак истовремено ќе има три клупски купа?
Европската фудбалска унија (УЕФА) планира да воведе трето клупско натпреварување, покрај Лигата на шампионите и Лига Европа. Би-би-си ја пренесе изјавата на првиот човек на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) и претседател и на Јувентус, Андреа Ањели: „Дадено е зелено светло“.
Тој не дал повеќе детали за тоа како би било организирано тоа натпреварување и кога би почнало да се...
Австриски новинар уапсен во Турција
Припадници на турските антитерористички служби го уапсија австрискиот новинар Макс Цирнгаст, кој повеќе години живее и работи во Турција.
Според организацијата Репортери без граници, Цирнгаст бил уапсен поради неговите левичарски политички ставови кои ги изнесувал во Турција.
Австриското Министерство за надворешни работи потврди дека еден државјанин на Австрија вчера бил уапсен во Турција, но засега не изнесе повеќе детали.
Порталот „Ре:волт“ и...
Кинеската литература да биде поприсутна кај нас – и нашата таму
Кинеската литература и култура имаат понуда како ниедни други. А тие досега беа симболично застапени на македонски јазик, наспроти агресивното западно влијание, кое нè затрупа со премногу ѓубре, што со попристојни зборови го именуваме како шунд или кич, вели управителот на „Македоника литера“, претставник на земјава во здружението на издавачи формирано на крајот на август Нове Цветановски, издавач
во Пекинг
Нове...
Финансискиот ферплеј го среди европскиот фудбал
Благодарение на финансискиот ферплеј, европскиот фудбал е поздрав од кога и да е, рече Чеферин, претседателот на УЕФА
Европските фудбалски клубови сега имаат 600 милиони евра профит, наспроти вкупните загуби од 1,7 милијарда евра што ги имаа во 2011 година, покажала анализата на Европската фудбалска унија (УЕФА), која како причина за оваа состојба го наведува правилото за финансиски ферплеј. Претседателот...
Излезе третата книга од едицијата „Прашки ракописи“
Издавачката куќа „Везилка 2011“ ја објави „Главата на Франц Кафка“, трета книга од едицијата „Прашки ракописи“ на писателот Ристо Лазаров. Претходно во оваа едиција беа објавени книгите „Цветаева во Прага“ и „Незгасливите чешки пламени“. Авторот најави уште седум книги во своите „Прашки ракописи“.
Во книгата, која содржи 40 поглавја, еден дел ѝ е посветен на преписката на Кафка со Милена...
Јункер најави јакнење на Фронтекс и укинување на поместувањето на часовникот
Претседателот на Европската комисија(ЕК) Жан Клод Јункер во својот говор за „состојбата на Унијата“ во Европскиот парламент(ЕП) најави повеќекратно јакнење на Фронтекс за да се спречат нелегалните миграции и побара укинување на праксата на поместување на стрелките на часовникот.
Доколку се прифати неговиот предлог, Фронтекс би нараснал од 1.500 на 10.000 луѓе до 2020 година и би добил нови овластувања.
Популистичките...








































