Трамп планира втор самит со Ким

Белата куќа планира втор самит меѓу Доналд Трамп и Ким Јонг-ун откако севернокорејскиот лидер испратил „многу позитивно“ писмо во кое побарал нова средба со американскиот претседател. Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека администрацијата веќе ја координира организацијата на новиот самит. Исто така, таа посочи дека САД нема да го објават писмото без одобрување од Ким, пренесува „Гардијан“. Преговорите...

САД му се заканија со санкции на судот за воени злосторства во Хаг

Вашингтон се закани дека ќе им забрани влез во САД на судиите и на обвинителите на Меѓународниот кривичен суд (МКС), ќе им ги замрзне средствата и кривично ќе ги гони пред американските судови ако поднесат обвиненија против Американци за воени злосторства извршени во Авганистан Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, им се закани со санкции на Меѓународниот кривичен...

Чаир ќе добие зелен плоштад на површина од 3.865 квадрати

Општината Чаир ќе добие нов зелен плоштад, кој ќе биде лоциран на аголот на вкрстувањето на улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула, односно спроти ОУ „Петар Здравковски-Пенко“. Паркот ќе биде подигнат на површина од 3.865 квадратни метри врз стара тревна површина, која одамна не е обновена. Активностите за изградба на новиот т.н. зелен плоштад ќе се одвиваат етапно...

Белградскиот аеродром продолжува со работа, отстранет авионот што ја блокираше пистата

Авионот на египетската компанија Еџипт Ер кој ноќеска слета на белградскиот аеродром со дефект на тркалата, ќе биде отстранет од пистата, а аеродромот ќе биде отворен околу 11 часот. Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ затворен е утрово откако египетскиот авион остана на пистата поради технички проблеми. Во инцидентот немаше повредени патници.

„Хотел Југославија“ – патување низ времето и просторот на познатиот хотел

Во Кинотеката на Македонија, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга и Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино од утре ќе се прикажува филмот „Хотел Југославија“ во режија на Никола Вањиер. Изграден во Белград во 1969 година, хотел „Југославија“ беше митско место. Тој беше најголемиот хотел на Балканот, и симбол и сведок на разни моменти што ја обликуваа поранешна...

Невнимателно копање на градежни фирми ги остава граѓаните без вода

На скопјани им дојде прекуглава ненадејно да остануваат без вода само поради градежните фирми, кои најчесто од невнимание или можеби бидејќи не се раководат според подземен катастар оштетуваат водоводни цевки. И не само цевки, многупати се оштетуваат и електрични или оптички кабли. Само пред неколку дена цели две населби во градов, Тафталиџе 2 и Козле, останаа без вода, а...

Слогани за глас, слогани за спас

Во целина повеќето слогани, кои јавноста имаше можност да ги слушне и види, наводно нудат спас за Македонија, но од сосема различна перспектива Неинвентивни, истрошени, контрадикторни на моменти и збунувачки слогани и пароли го обележаа почетокот на политичката кампања пред претстојниот референдум што треба да се одржи на 30 септември на кој граѓаните ќе одговорат на прашањето: „Дали сте за...

Посната храна и здравјето

Без разлика дали го применувате постот поради верски побуди или, пак, едноставно сакате да направите чистење на организмот по зимскиот период кога исхраната е исполнета со калорична и масна храна, бенефициите се секогаш добредојдени и речиси неопходни за да се ослободи вашето тело од внатрешното таложење на токсините од недоволно сварената храна. Отровите од масното ткиво се прочистуваат преку бубрезите...

Можно ли е МАНУ да се преименува во АНУСМ

МАНУ има свои ставови за прашањето за името, уште од 1992 година до денес, т.е. до моментот кога преговорите навлегоа во критична фаза. И тие ставови еволуираа со текот на времето, вели претседателот на МАНУ, Таки Фити Македонската академија на науките и уметностите, односно нејзиниот Центар за стратегиски истражувања организира научна конференција на тема „Спогодбата од Преспа - меѓународно значење...