Курц: Турција да појасни за што е уапсен австрискиот новинар
Австриската Влада соопшти дека Турција треба да даде детали за апсењето на австрискиот новинар Макс Цирнгаст или да го ослободи.
- Очекуваме Турција веднаш да објасни за што е обвинет новинарот, и ако е можно, тој веднаш да биде ослободен, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Припадници на турските антитерористички служби вчера го уапсија австрискиот новинар Макс Цирнгаст, кој повеќе години живее...
Заев: Дебата со Мицковски кога јавно ќе каже дека е против бојкот на референдумот
Премиерот Зоран Заев вели дека ќе прифати ТВ дуел со претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски кога тој јасно и јавно ќе каже дека е против бојкотирањето.
- Себе си се сметам за промотор на дебатата. Иднината на Македонија заслужува да се разговара на тоа прашње и во тој аспект бојкотирањето за иднината на Македонија не претставува основ да се седне...
Тажен и радосен ден во Бигорскиот манастир
Во изминативе два дена беа одржани богослужби и литургии посветени на отсекувањето на главата на свети Јован Крстител, патрон на манастирот
Неколку стотици верници речиси од сите краеви на Македонија и гости од соседните држави Бугарија, Грција и Србија, но и од Полска и Австрија, во изминативе два дена присуствуваа на богослужбите и литургиите посветени на отсекувањето на главата на...
Марсело призна дека затајувал данок, ќе плати 750.000 евра казна
Бразилецот од Реал Мадрид, Марсело призна дека ги избегнувал даноците и се согласил да плати парична казна од 490.000 евра и да добие четири месеци затворска казна која нема да ја одлежи.
Вкупно Марсело ќе мора да плати 750.000 евра, бидејќи користел странски компании за пријавување на приходите и така го оштетил даночниот систем на Шпанија.
Фудбалерот на Реал нема да...
Ципрас: Преспанскиот договор може да биде модел за регионот
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во своето обраќање пред Европскиот парламент ги истакна дипломатските успеси на неговата влада во регионот, нарекувајќи го Преспанскиот договор „врвот на нашите напори“.
- Со премиерот Заев од ПЈРМ успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог. Oвој договор може да биде модел за решавање на споровите во...
Филмот „Враќање“ во официјалната конкуренција на фестивал во Олденбург
Mакедонскиот филм „Враќање“ во режија на Кастриот Абдули ќе биде прикажан во официјалната конкуренција на филмскиот фестивал во Олденбург, кој поради високиот рејтинг и силните критериуми на селекција го нарекуваат уште и европски „Санденс“, соопшти Агенцијата за филм.
На ова 25. јубилејно издание на меѓународниот фестивал во Олденбург, Германија што ќе се одржи од 12-16 септемеври, претставниците од Агенцијата...
Над милион Американци бегаат од ураганот Флоренс
Властите во Вирџинија, Северна Каролина и во Јужна Каролина издадоа наредба за задолжителна евакуација на над милион граѓани од крајбрежните подрачја поради налетот на ураганот Флоренс. Тој со себе носи ветришта од 225 км/ч и според јачината близу е до категоријата 5, што го прави најсилна бура на југоисточниот брег на САД во изминатите 30 години. На патот на...
Од што најмногу умираат Македонците
Најзастапени причини за смрт во Македонија се болестите на циркуларниот систем,
кои учествуваат со 58,4 проценти, потоа неоплазмите со 18,3 проценти, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 4,8 проценти, болестите на респираторниот
систем пет проценти и повредите
Во 2016 година, 56,9 милиони лица во светот, или повеќе од половина (54 проценти), починале како резултат на десетте најчести причини за смрт, објави Светската...
Коѕијас: Договорот меѓу Атина и Скопје не е резултат на надворешен притисок
Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас негираше дека договорот за името меѓу Атина и Скопје е резултат на надворешен притисок, говорејќи пред Норвешкиот институт за Меѓународни односи, пишува електронското издание на весникот „То Вима“.
Според Коѕијас, договорот е „резултат на структурален и праведен компромис во регионот“, што е извор за инспирација за земјите од регионот, кои исто, како...
Обвинение против турски пејач поради долари во видео спот
Турскиот поп пејач Мабел Матиз е засега последната јавна личност против кого се води истрага во земјата, откако во свое музичко видео со банкноти од еден долар, кои според турската влада ѓуленистите ги користат како тајна шифра, јавува весникот „Сабах".
Матиз е познат како поборник за правата на хомосексуалците, а сега е обвинет и за наводни врски со исламскиот проповедник Фетула...








































