Филмови во Кинотеката за бунтовната ’68
Во пролетта и летото 1968 година се случуваат бурни протести на младите од САД, преку Париз и Берлин, до Прага и Белград, кои ја носат идејата за револуционерна промена на светот како подобро место за живеење
Од 17 до 21 септември во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани пет филма за бурните настани во 1968-та. Програмата е насловена „Филмови за...
Септемвриска
Како бело знаме
се развеал денот
на прозорец мој.
Трубачите на сонот
заминуваат неми.
Се огласуваат само утки
стутулени простум
над оџаци без чад.
О, каде ли е сега дедо
да ме разбуди,
да ми каже:
Соземи се синко,
измислена е приказната
за вампирите,
измислена е пречката
на патот до нашето лозје.
Трајче Кацаров
Промовирана втора книга поезија на Јоана Шишкова
Втора книгата поезија под наслов „Крилести одаи“ од Јоана Шишкова е промовирана во рамките на годинашното издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој го носи името на познатиот актер, нејзиниот татко.
Книгата ја промовира Гоце Ристовски посочувајќи дека и Јоана „преживува сѐ што уметниците преживуваат во рамките на своето семејство“. Првата нејзина книга поезија „Креативна бурлеска“ е издадена...
Конзервативни пратеници разговараа за смена на Меј
Околу 50 конзервативни пратеници кои се против планот за Брегзит на британската премиерка Тереза Меј, одржаа состанок за да разговараат како и кога можат да ја примораат премиерката да си замине од функцијата.
Пратениците, членови на Европската истражувачка група (ЕРГ), анти-ЕУ групација во Конзервативната партија на Тереза Меј, се состанаа синоќа за да разговараат за иднината на премиерката како лидерка...
Основачите на ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат референдумот
Ние, потписниците на ова писмо, кои имавме среќа да учествуваме во поставувањето на темелите на нашата независна држава, следејќи ја политичката состојба во земјата спроти народното изјаснување на референдумот за зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО, со прифаќање на договорот со Грција - длабоко сме свесни за историската важност на крстопатот пред кој сме исправени. Да внимаваме...
За пламенот и светлината
Чудесно е денес да ги прелистуваш страниците на поезијата и есеите на современиот романски писател, академик Јон Деаконеску. Од повеќето романски писатели по Мирча Елијаде, Ежен Јонеско, Емил Сиоран, Константин Бранкуши, Никита Станеску, тој успева да се вознесе до врвот и скалилата на својата творечка Вавилонска кула и секако го зграби јадрото на големите постулати и дела во светската...
Путин: Ги идентификувавме лицата што ги сомничи Лондон, се работи за цивили
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските безбедносни служби ги идентификувале двете лица кои Велика Британија ги посочи како одговорни за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.
Според Путин, како што јави телевизијата Русија Денес, се работи за двајца цивили, а не за руски агенти.
- Се надевам дека тие ќе контактираат со медиумите, ќе излезат...
Умерен земјотрес го погоди североистокот на Индија
Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени ја погоди денеска североисточната индиска држава Асам, објави индиската сеизмолошка служба.
Засега нема извештаи за повредени или предизвикана штета.
Епицентарот на земјотресот забележан е во округот Кокрајхар на длабочина од 13 километри.
Тресењето на тлото се почувствувало во целиот регион, како и во источните држави, вклучително и Западен Бенгал и Бихар, наведуваат медиумите.
Нов земјотрес во реонот на Анталија
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на местото Кумлуџа во реонот на турскиот медитерански град Анталија.
Турската Дирекција за справување со кризи и вонредни состојби соопшти дека земјотресот се случил во 9.21 часот по локално време (7.21 часот по средноевропско време) на длабочина од околу 40 километри под дното на Средоземното Море,...
Гибел. Како да се надмине болката
И времето поминато, народите што ги снема,
сѐ е длабоко минато, без кое ништо нема.
Пол Валери
Како што гледаш, мотото на оваа наша колумна, драг читателу, е од песната „Столбови“ на Пол Валери што имав задоволство да го препеам на македонски. Што вели мудриот француски поет: дека „сѐ е длабоко минато / без кое ништо нема“. И Англичанецот Т.С. Елиот вели...








































