Ќе се бара решение за руинираниот објект на Министерството за одбрана во Кочани

Зградата на поранешниот воен отсек во Кочани ќе и биде преотстапена на локалната самоуправа, за таа да бара решение за нејзина реконструкција или за изградба на нов објект. Согласност за преотстапување на објектот е веќе добиена од Министерството за одбрана, кое е сопственик на најголем дел од зградата што веќе неколку децении е во фаза на распаѓање. На денешната средба со...

Состанок во грчкото МНР за формирање Совет за национална безбедност

На денешниот состанок на Совет за надворешна политика во грчкото МНР, под претседателство на шефот на грчката дипломатија, се отвора патот за формирање на Совет за национална безбедност на Грција. - Знаете дека земјата има потреба од повеќе координација и планирање во кризните прашања, во прашањата со големите национални проблеми, дека потребно е да се подготвуваме за алтернативни сценарија и...

Ураганот Флоренс ќе удира како Мајк Тајсон

Метеоролошките прогнози во САД за ураганот Флоренс се загрижувачки и покрај тоа што се очекува ураганот да скршне на лево во текот на неделава, со што сојузната држава Јужна Каролина ќе биде изложена на поголема опасност, пренесува Си-ен-ен. - Ударот нема да биде лесен. Ова ќе биде удар во стилот на Мајк Тајсон (славен американски боксер - н.з.) на крајбрежјето...

Усеин Болт во нулта гравитација

Легендарниот атлетичар од Јамајка Усеин Болт се забавуваше во услови на нулта гравитација, во специјално модифицираниот авион „Зиро џи“ на Ербас, за време на летот над Ремс, Франција.

ЕК бара брзо бришење на терористичките содржини на Интернет

Европската Комисија денеска предложи нови правила за отстранување на „терористички содржини“ на интернет во рок од еден час. Секоја интернет платформа која ќе сака да делува во ЕУ ќе треба да почитува строги правила за да се избегнат злоупотреби во терористички цели, најави денеска Европската комисија. -Европејците со право очекуваат од ЕУ да ја чува нивната безбедност, затоа ЕК денеска предлага...

Италија ќе воведе забрана за работа на продавниците во недела

До крајот на годината, новата италијанска Влада ќе воведе забрана за работа во недела во големите трговски центри. На овој начин, Владата се обидува да ја заштити традицијата на семеен собир во недела, изјави вицепремиерот Луиџи Ди Мајо. Извршниот директор на трговскиот синџир „Конад“, Франческо Пуљезе реагира дека забраната ќе доведе до околу 50.000 откази. - Истовремено, ќе се засили интернет продажбата,...

Турција подготвува зголемување на каматните стапки

Се очекува турската Централна банка утре да ги зголеми каматните стапки, како уште една мерка за запирање на монетарната криза што ја зафати земјата. Лирата загуби 40 проценти од вредноста во однос доларот од почетокот на годината, а инфлацијата во август достигна највисоко ниво во изминатите 15 години. Поради тоа банката најави дека ќе преземе акција за да ги сузбие „значителните...

Нова експозитура на НЛБ Банка во Бутел

НЛБ Банка АД Скопје ја прошири својата Продажна мрежа со уште една локација во општина Бутел на ул. Бутелска бб. Eкспозитурата ќе го опслужува сегментот население и правни лица нудејќи сеопфатни банкарски услуги. Покрај тоа, експозитурата е опремена и со современа 24-часовна самоуслужна зона каде клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, уплата на...

Шаќири: Одам во Белград да играм фудбал, од ништо не се плашам

Швајцарскиот фудбалски репрезентативец со потекло од Косово, Џердан Шаќири, кој ќе гостува со Ливерпул на Црвена Ѕвезда во натпреварот од Лигата на шампионите оваа есен, рече дека не се плаши да пристигне во главниот град на Србија. Шаќири на Светското првенство во Русија пред два месеца, голот против Србија го прослави со спојување на рацете во форма на двоглав орел...

Кедира го продолжи договорот со Јувентус до 2021 година

Германскиот фудбалер Сами Кедира го продолжи договорот со Јувентус до 2021 година, објави италијанскиот шампион на својата веб страница. Играчот од средниот ред, кој пристигна во Јувентус пред три години од Реал Мадрид, досега за „старата дама“ одигра 112 натпревари и постигна 20 гола. Кедира досега освои три последователни шампионски титули со Јувентус, а два пати играше финале во Лигата на...